Следете не

Видео

(ВИДЕО) Овој пешак има неверојатна среќа!

Објавено пред

на

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје2 часа

Утрово посебен сообраќаен режим на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, поради извлекување на претходно излетано товарно возило од патот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утрово (28.03.2025) во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат...

Хороскоп2 часа

Хороскоп за петок (28 март)

ОВЕН За сите личности родени во овој знак кои се занимаваат со приватен бизнис, денешниот ден значи можност за остварување...

Временска прогноза3 часа

Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег

Самиот почеток од април во Македонија ни носи продор на поладен воздух од север, а врнежите ќе продолжат. Во ваква...

Спорт5 часа

Формула 1: „Ред Бул“ го испраќа Лосон во својот втор тим „Racing Bulls“

Тимот на „Ред Бул“ го испрати возачот Лиам Лосон во својот втор тим „Рејсинг Булс“ и на негово место го...

Балкан7 часа

Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија

Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот...

Македонија10 часа

Љупче Спироски од Кичево избран за нов началник на „РЦ Запад“, истакнат професионалец во својата работа

Денес со наредба од Министерството за внатрешни работи, началник на Регионален центар Запад со седиште во Охрид е поставен Љупче...

Македонија13 часа

МВР со детали за радовишанецот кој удри сопруга и се снимаше во живо

Во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно...

Македонија13 часа

Вчера 76 лица управувале возила без возачка дозвола, МВР со извештај за сообраќајните контроли низ Македонија

Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера (26.03.2025) полициските службеници издале вкупно 736 платни налози за сторени...

Спорт14 часа

„ИФАБ“ со ново правило, најмногу осум секунди може голманот да ја задржи топката, ако се надмине времето, се суди удар од аголот за противникот

Меѓународното раководно тело „ИФАБ“, за правилата на фудбалот ги објави своите промени во правилата за сезоната 2025-2026, при што особено...

Автомобили14 часа

Како безбедно да го исчистите африканскиот песок од автомобилот

Африканскиот песок станува сè почеста појава во нашите краишта, оставајќи траги на терасите, олуците, градинарскиот мебел, но и на автомобилите....

НАЈЧИТАНИ