Следете не

Култура

Незаборавни места (ГАЛЕРИЈА)

Објавено пред

на

Сте ги замислувале ли најубавите места на земјата? Неморате да го правете тоа, бидејќи ќе видете колекција од 34 слики од најубавите места на земјата кои ќе ве остават без зборови… Уживајте.

 

[ngg_images source=”galleries” display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”1024″ thumbnail_height=”768″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”0″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

 

Култура

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Објавено пред

на

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора.

Прочитај повеќе...

Култура

Крстовден единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан

Објавено пред

на

Крстовден, или Воздвижението на Чесниот Крст, како празник се јавува со самото пронаоѓање на Светиот и Животворен Христов Крст, којшто бил пронајден од страна на светата царица Елена, мајката на светиот цар Константин Велики. Тој можеби е и единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан на којшто е посветен овој празник.

Се знае дека, откако се случиле оние најголеми настани во историјата на човештвото – Распнувањето, Погребението, Воскресението и Вознесението Христово, се изгубил Крстот на кој беше распнат Спасителот на светот. За тоа најголемо влијание имало уништувањето на Ерусалим од страна на римската војска во 70 година по Христа, а на некои од местата на Христовиот живот биле изградени пагански храмови.

Историската и црковна литература содржи три различни верзии за настанот поврзан со наоѓањето на Крстот Господов. Така Руфин, еден од црковните историчари, го сведочи следново: „Елена, мајката на Константин, жена со беспрекорна вера и религиозна душа, неспоредлива по благородништвото, чиј син навистина беше Константин, поттикната, како што велат, од Божественото видение, отишла во Ерусалим и таму, кај локалните жители, разбрала за она место каде што на Крстот било распнато светото Христово тело. Меѓутоа, потрагата била отежната поради тоа што во времето гонителите на местото ја подигнале статуата на Венера, така што ако некој од христијаните сакал да му се помоли на Христа на тоа место, да изгледа дека ѝ се моли на Венера. И поради тоа, таму веќе посетеноста била ретка и речиси било заборавено. Но, кога (како што рековме погоре) религиозната жена побрзала кон местото, означено со небесен знак, отстранувајќи од него сè нечисто и злобно, во длабочините под ѓубрето нашла нечисти три крста кои лежеле на тоа место. Сепак, радоста од наоѓањето на наодите, ја нарушила надворешната еднаквост на крстовите. Иако таму била пронајдена и табличката, на која Пилат напишал натпис на грчки, латински и еврејски јазик, сепак немало јасно укажување за Господовиот Крст. Затоа, на човечката несигурност ѝ требаше Божјо сведоштво. Се случило во градот, недалеку од ова место, да има една благородна жена, изморена од тешка болест и веќе на умирање. Епископ во тоа време на црквата, во тој град, бил Макариј. Кога ја виде кралицата како неодлучно стои, како и сите присутни, рече: Донесете ги овде сите крстови што се најдоа, а оној што го носеше Господ, ќе ни го открие Бог. И влегувајќи заедно со царицата, како и со луѓето [во куќата], кај скоро умрената, клекнал и Му принел молитва на Бога“. Кога зборува за сето ова Руфин, ја пишува молитвата и продолжува со следново кажување: „И кога го кажа ова [молитвата], најпрво го приложи првиот крст од нив, но ништо не постигна. Го приложи вториот, па исто така ништо не се случи. Кога го постави третиот [крст], жената наеднаш отворајќи ги очите се крена, и кога ѝ се врати нејзината телесна сила, стана посвежа отколку кога лежела болна. И сите во куќата се згужваа и почнаа да ја фалат Божјата семоќност. Така, откако доби очигледни докази, царицата, според дадениот завет, со царска ревност изградила неверојатен храм на тоа место каде што го нашла Крстот.“

Тоа е целосниот текст во историјата на Руфин Аквилејски, а останатите две верзии се слични, од кои едната вели дека пронаоѓањето се случило околу 100 години порано и се вели дека Крстот го пронашла Протоника, сопругата на императорот Клавдиј II (269-270), а потоа е скриен и повторно откриен во IV век. Третата верзија е од Сиријски текстови, слично како и втората и се кажува како светата царица Елена се обидела да ја дознае локацијата на Светиот Крст од Ерусалимските Јудејци и на крајот, еден постар Евреин по име Јуда, кој на почетокот не сакал да зборува, откако бил измачен го посочил местото, поточно храмот на Венера. Откако царицата наредила уништување на храмот и ископувања биле пронајдени три крста. Бидејќи не знаеле како да го препознаат Крстот Христов, тогаш поминала поворка со мртовец и преку допирање на еден од крстовите врз мртовецот се случило чудо и мртвиот воскреснал. Токму овај текст подоцна е внесен во преданието за Крстовден.

Токму поради ова Црквата го празнува почитувањето на Крстот Христов како орудие за победа над смртта, пеколот, сатаната и злите сили, па поради тоа Крстот е знак на Божјата љубов кон нас и кон целиот свет. Тој стана симбол и за нашата вера и за силата Божја. Нека Бог нѐ заштити со силата и дејството на Светиот крст и ни даде сила за победа на искушенијата низ целиот наш живот, па да Го прославиме Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови. Амин!

Честито и благословена слава на тие кои слават, вековити имињата на тие кои ги носат и за многу години!

Нашата кичевска Црква Св.Апостоли Петар и Павле за претстојниот празник ја истакна следната агенда на активности

14/27.09.2022 година (вторник)
ВОЗДВИЖЕНИЕ НА СВЕТИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ (Крстовден)

26.09.2022 година (понеделник)
Вечерна Богослужба – 18⁰⁰ часот.

27.09.2022 година (вторник)
Утрена Богослужба – 07³⁰ часот;
Света Божествена Литургија – 08³⁰ часот.

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) IQ UP! – Кичево официјално започна со работа, дечињата со нетрпение го очекуваат следниот час преку првата македонска едукативна франшиза

Објавено пред

на

IQ UP! (www.iqup.mk) е прва македонска едукативна франшиза за деца од 5 до 12 години. Компанијата IQ UP! е дел од групацијата на веќе докажаниот едукативен бренд за деца „Светот на Биби“. Првата македонска едукативна франшиза е создадена со многу љубов, посветеност и долгогодишна работа, во чиј развој беше вклучен голем тим од домашни и странски експерти од областа на едукацијата, педагогијата и методологијата.

Се работи за нов иновативен образовен концепт, во кој се употребуваат современи пристапи, техники и методи за воведување на децата во магичниот свет на науката, технологијата, математиката, инженерството и уметноста.

Целта на овој вид едукација е стекнување на функционално знаење и умствени вештини за целосен интелектуален развој на учениците.

Со IQ Up! ги воведуваме децата во магичниот свет на науката и технологијата. IQ UP! програмите ги опфаќаат сите области од #СТЕАМ едукацијата (наука, технологија, инженерство, уметност и математика).

СТЕАМ-едукацијата претставува иновативен мултидисциплинарен пристап на едукација на децата, многу актуелен и застапен во модерните образовни системи, истата ги опфаќа изучување на природните науки, технологијата, инженерството, уметноста и математиката, преку мултидисциплинарен систем, каде што секоја тема што се изучува и обработува од аспект на сите горенаведени науки, излегувајќи од рамките на училишните предмети во традиционалното образование.

И уште по интересно е што СТЕАМ едукација е искомбинирана со литература и програмирање за деца.

Како што објавивме претходно, IQ UP! е веќе достапно и во Кичево, официјално првите групи ги започнаа демо часовите на 21.09.2022 (среда) и оддблиску се запознаа со програмата и методот на работа, што значи уписите се сеуште во тек ☎️ 071/777-939

Од наредната седмица исто така започнува програмата за повозрасни дечиња од 9 до 13 години!

На кратко од нас: IQ Up! дефинитивно му требаше на нашиот град, бидејќи претставува иновативна едукација во модерен стил, а тоа децата го препознаваат, бевме гости и таа радост и среќа се чувствува. Нивната насмевка и топлина укажува нетрпение до следно гледање на идните часови што е за вистинска почит.

Упатуваме честитки до одговорните од IQ Up! – Кичево за прекрасната атмосфера и само успеси понатаму!

За повеќе информации заследете ја нивната официјална страница IQ Up! – Кичево ТУКА

Фотогалерија:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle19 минути

Положба за спиење која придонесува за подобро здравје

Сигурни сме дека често не размислувате за позата во која спиете, бидејќи после напорниот ден единствено е важно да легнете...

Дом и уредување28 минути

Температурите паѓаат, а прозорците во вашата куќа се замаглуваат? Со овие неколку совети ќе го спречите тоа

Многу е важно да се намали количината на влага во воздухот, а тоа може да се постигне на неколку начини...

Lifestyle31 минута

Зошто грозјето е толку здраво и за што е корисно?

Постојат многу причини да се јаде барем едно грозје секој ден. Нема да погрешите без разлика кој вид на грозје...

Lifestyle33 минути

Смирете ја кожата: Природна маска за лице против црвенило

Само три состојки Справувањето со црвената кожа на образите, најчесто под очите, во пределот на јаболчниците, најчесто се јавува во...

Магазин36 минути

Дали знаевте дека компирот може да се замрзне: Еве како ќе го задржи добриот вкус и текстура

Утврдено е мислењето на многу домаќинки дека компирот не треба да се замрзнува или повторно да се загрева. Но, тоа...

Магазин38 минути

Мора да пробате: Палачинки од тиква

СОСТОЈКИ: две чаши брашно три лажички прашок за пециво една лажичка сол лажичка и пол цимет половина лажичка мелен ѓумбир...

Lifestyle42 минути

Зачувајте го волуменот на косата: Направете го ова и вашата коса ќе остане чиста подолго време

Четкајте ја косата за полесно да ја чешлате и стилизирате по миењето. Се препорачува прво да се исчешлаат краевите, а...

Магазин45 минути

Илон Маск повторно се предомисли, сепак сака да го купи Twitter

Според извештајот на Блумберг, Илон Маск е повторно на преговарачка маса и сака да го купи Twitter по цена од...

Магазин48 минути

Дали гледањето 4K содржина ќе стане премиум услуга? Има гласини дека YouTube подготвува големи промени

Доколку гласините се вистинити, наскоро ќе ни треба претплата на YouTube Premium за да гледаме 4K содржина на оваа платформа....

На денешен ден10 часа

5 октомври – На денешен ден

1511.- Папата Јулиј II ја основал Светата лига на Арагон, Венеција и Папските држави со цел да го брани единството...

НАЈЧИТАНИ