Македонија
Ни се враќа снегот, еве што прогнозираат синоптичарите

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со благ пораст на утринските температури.
По котлините ќе има услови за појава на слаба до умерена магла.
Во петок ќе преовладува зголемена облачност, ќе започне да дува поинтензивен јужен ветер, а од западните делови ќе започнат и врнежи од дожд кои ќе продолжат повремено и преку ноќта кога понекаде ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во сабота врнежите ќе завршуваат и тоа во планинските подрачја на истокот каде што ќе има слаб снег и на повисоките места.
Македонија
Цената на бензин горивата од ноќеска солидно се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,501 ден/кг.
Македонија
Засилени сообраќајни контроли на МВР, вкупно 682 санкции за возачи, 68 од нив биле за возење без возачка дозвола

Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила беа заокружени вчерашните (05.03.) интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.
Притоа, во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани беа 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 – за користење на мобилен телефон при возење.
Исто така, според статистичките податоци, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во четири случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, 11 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, а санкционирани биле и 22 пешаци.
По основ пак на Законот за возила 17 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а девет заради техничка неисправност, информира МВР.
Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
-
Хроника10 часа
Трагична сообраќајна несреќа го потресе Охрид пладнево, загина млад мотоциклист на регионалниот пат Охрид – Св.Наум
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (8 март)
-
Македонија2 дена
Цената на бензин горивата од ноќеска солидно се намалува
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (9 март)
-
Спорт2 дена
Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ ги претстави новите партнери – Гранд Ауто
-
Магазин17 часа
Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Со најубава порака покажете го вашето внимание. Честит празник дами!
-
Здравје и убавина6 часа
Следните седум работи кај луѓето, ја уништуваат убавината на забите
-
Магазин2 дена
Победници на MWC 2025: Кој телефон ја освои титулата најдобар на најголемиот технолошки настан?