Занимливости
Нострадамус, човекот кој ја видел иднината за страшната 2018-та година

Тврдат дека предвидел низа од клучни случувања ос историјата, вклучувајќи ја француската револуција, Адолф Хитлер, создавањето на атомската бомба и нападите на 11 септември.
Нострадамус е роден како Мајкл де Нестрадаме на 14 декември 1503 година, според стариот јулијански календар, односно на 24 декември според модерниот грегоријански календар во Јужна Франција.
Тој ја напишал книгата “Les Propheties” (Пророштва), во која изнел визија за важни случувања до 3797 година.
Таа се состои од 942 катрени, напишани на тешко разбирлив јазик, полн со несекојдневни метафори, споредби и игри на зборови кои може да се сфатат на различни начини.
Зошто Ностадамус не ги отсликал јасно своите претскажувања? Или уште подобро зашто не дал предупредувања и совети со чија помош луѓето ќе можеле да избегнат проблеми? По се изгледа дека стравот од Црквата која можела да го оптужи и да го прати како роб или да го убие, е причината поради која тој вака пишувал
Покрај стравот од одмаздата на католичката хиерархија, постоела уште една околност која го натерала Нострадамус необично да пишува: користење наркотици. Тие му помагале да влезе во транс и да добива визии, а воедно го наведувале на збркано изразување.
Неговите фанови тврдат дека предвидел низа клучни случувања низ историјата, вклучувајќи ја Француската револуција, владеењето на Адолф Хитлер, создавањето на атомската бомба и нападите на 11 септември 2001 година.
Знаејќи дека му се ближи смртта, кон средината на јуни напишал тестамент и на својата секретарка и кажал “Утре нема да ме најдеш жив”. Тој оставил богатство од 3444 златници и многу вредни предмети, а од него заработиле и бројни издавачи кои во иднина ги објавувале неговите дела.
“Пророштва” и после 460 години од првото издание има премногу обожаватели, за што сведочат милионските изданија на тоа дело и стотина интернет портали кои се посветени на анализа на стиховите на Нострадамус.
НЕКОИ ОД ПРЕДВИДУВАЊАТА НА НОСТРАДАМУС КОИ СТАНАЛЕ ВИСТИНА:
Првата светска војна: Лоша војна на западот се подготвува, чума ќе дојде следното лето, толку страшна што нема спас, Јупитер, Марс и Меркур над францускиот свет
Втората светска војна: После голем судир поголем се подготвува и Голем Мотор го обновува некогашното, дожд, крв, млеко, глад, челик и чума, на небото се гледа оган и далечни искри.
Најстрашното предвидување за оваа оваа година: Војна ќе почне меѓу две светски сили и ќе трае 27 години. Моментот меѓу големо насилство ќе се поклопи со појава на комета на небото. Нуклеарниот тероризам и природната катастрофа ќе ја уништат нашата планета додека гигантската планета се приближи до Земјата.
Ова предвидување се толкува како визија за избивање на војна меѓу Русија и САД, секој со своите сојузници.
Покрај тоа некои од аналитичарите тврдат дека Нострадамус за 2018 година предвидел голем потрес кој ќе го погоди западниот свет, односно западниот дел на Соединетите Држави. Неговата сила ќе се почувствува и во другите земји низ светот. Нострадамус наводно за 2018 година предвидел и масовна вулканска ерупција на италијанскиот вулкан Везув за кој се кажува дека “ќе ја уништи Земјата за 5 минути”.
Занимливости
Нов бонус 777% во Евротип! Три седумки за тројна среќа!

Нов зголемен бонус од 777% во спортските обложувалници Евротип, кој може да се добие отсега со максимални 50 натпревари на еден уплатен тикет.
Новите бонуси во Евротип започнуваат од 5 натпревари, се до 50 натрпевари, кои ве носат до Евробонусот од 777%, а ако седумката е среќен број, тогаш среќата за добивка е зголемена тројно!
Овој бонус е важечки само за тикети уплатени со Евротип Клуб Картичка.
Ова е само почеток на новитетите кои ќе бидат воведени во спортските обложувалници Евротип, посочуваат од таму. Во наредниот период ќе следуваат уште новитети и поволности кои ќе ја зголемат среќата на типувачите, а добивките и понатаму ќе бидат најголеми само во Евротип.
Ова е само уште една од причините зошто да станете дел од Евротип клубот и да ги искористите придобивките на Евротип клуб картичката.
Бројот 7 секогаш се смета за среќен број, уште од времето на старите цивилизации, затоа верувајте и вие во неговата среќа, бидејќи ништо не е случајно, па ни фасцинацијата од бројот 7.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА
Занимливости
Денеска е 1-ви мај, државен празник – „Денот на трудот“

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
Занимливости
И овој пат ги имаме најубавите Велигденски пораки!

Велигден е најубавиот православен празник, а ова се најубавите пораки кои ги пронајдовме и ги споивме во еден натпис
*Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас … ЉУБОВТА … ИСКРЕНОСТА … ДОБРОДУШНОСТА … и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само … СВОИ … Имајте … ПРЕСРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ …
*Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
*Да го празнуваме животот денес.
Да го воскреснеме Исус во нашите срца.
Да ги отвориме душите за љубов и радост.
*Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава “денес е почеток на нов живот” и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе.
*Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!!
*Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом … Христос Воскресна
*Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите ! Нека ни е за многу години празникот Христијани… Христос Bоскресе
*Честит Велигден!
Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за недела (22 мај)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (21 мај)
-
Култура1 ден
Кичевскиот храм Св.Апостоли „Петар и Павле“ организираат бесплатен превоз по повод свечената Божествена Литургија во Скопје
-
Македонија7 часа
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница
-
Временска прогноза16 часа
Невообичаено високи температури со можност за локално невреме
-
Спорт1 ден
Златниот симбол и оригинален трофеј од FIFA World Cup™ денеска беше официјално презентиран во Скопје
-
Спорт2 дена
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија
-
Временска прогноза2 дена
Предвреме летни температури, ова се најновите детали