Следете не

Култура

Објавени кандидатите за Оскар, еве кој е главен фаворит

Објавено пред

на

Американската филмска академија денеска ги објави номинациите за 90-тото доделување на наградите Оскар.

Како главен фаворит на овогодишната манифестација се наметнува драмата „The Shape of Water“ на Гиљермо дел Торо со рекордни 13 номинации.

Во категоријата за најдобар филм за престижното признание ќе се натпреваруваат девет филмови: „Call Me By Your Name”, „Darkest Hour“, „Dunkirk“, „Get Out”, „Lady Bird“, „Phantom Thread”, „The Post”, „The Shape of Water“ и „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“.

За Оскар ќе се натпреваруваат режисерите: Кристофер Нолан (“Dankirk”), Џордан Пил („Get Out“), Грета Гервиг („Lady Bird“), Пол Томас Андерсон (“Phantom Thread”) и Гиљермо дел Торо за „The Shape of Water“ .

Во конкуренција за престижното признание во категоријата најдобар актер се Тимоти Шаламе за улогата во „Call Me By Your Name”, Даниел Деј Луис („Phantom Thread”), Данијел Калуоја („Get Out”), Гери Олдман („Darkest Hour”), Дензел Вошингтон („Roman J. Israel, Esq”).

Во категоријата најдобра актерка номинирани се: Сели Хокинс („The Shape of Water”), Френсис Мекдорманд („Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”), Маргот Роби („I, Tonya”), Серше Ронан („Lady Bird”) и Мерил Стрип („The Post”).

За споредна женска улога се натпреваруваат Мери Џ. Бланџ („Mudbound”), Алисон Џени („I, Tonya”), Лесли Манвил („Phantom Thread”), Лори Меткалф („Lady Bird”) и Октавија Спенсер („The Shape of Water“).

За Оскар за најдобра машка споредна улога претендираат Вилијам Дефо („The Florida Project”), Вуди Харелсон („Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”), Рикардо Џенкинс („The Shape of Water”), Кристофер Пламер („All the Money in the World”) и Сем Роквел („Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”).

На листата песни, за Оскар номинирани се: „Mighty River” од филмот „Mudbound”, „Mystery of Love” („Call Me By Your Name”), „Remember Me” од анимираниот филм „Koko”, „Stand Up for Something” („Marshall”) и „This is Me” („The Greatest Showman“).

Во категоријата најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје, номинирани се чилеанското остварување „A Fantastic Woman” на Себастијан Лелио, „Без љубов” на Андреј Звјагинцев (Русија), „The Insult” на Зијад Довеири (Либан), „За телото и душата“ во режија на Илдико Ењеди (Унгарија) и „Квадрат” на Рубен Естлунд.

Кога е музиката во прашање, номинирани се Ханс Цимер за „Dunkirk”, Џони Гринвуд („Phantom Thread”), Александре („The Shape of Water”) , Џон Вилијамс ( „Star Wars: The Last Jedi“) и Картер Барвел („Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”).

Во категоријата за најдобри визуелни ефекти се натпреваруваат филмовите „Blade Runner 2049″, „Guardians of the Galaxy Vol. 2″, „Kong: Skull Island“, „Star Wars: The Last Jedi” и „War for the Planet of the Apes“.

Оскар ќе биде врачен на 26 февруари на церемонијата предводена од комичарот Џими Кимел.

 

Култура

Во петок во манастирот во Долни Дримкол за прв пат по 80 години ќе се отслужи Божествена Архиерејска Литургија, по тој повод се упатува покана до сите да го прославиме носителот на добрите вести

Објавено пред

на

bigorski.org.mk

Во исчекување на празникот на Божјиот Благовесник – Собор на Светиот Архангел Гавриил, Свештената Бигорската Обител со особена чест ве поканува заедно да го прославиме носителот на добрите и радосни вести, кој прв го објави доаѓањето на Спасителот во светот.

По тој повод, на 26 јули, петок, со почеток во 08:30 ч., во неговиот манастир во Долни Дримкол, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој особено го посакува и се залага за неговото возобновување, ќе биде отслужена Божествена Архиерејска Литургија, за прв пат по цели 80 години. Со Светата Литургија ќе чиноначалствува викарниот епископ на нашата богочувана епархија, нашиот почитуван Старец, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.

Долнодримколскиот Манастир, меѓу народот познат и како Манастирец – според некогашното село што се наоѓало во близина, е посветен на Светиот Архангел Гавриил. Сместен во длабочините на Дебарски или Долни Дримкол, оваа голема Светиња со векови била место на молитва и на духовно вдахновение и воздигнување, тврдина на верата и на културата во западниот крај на Македонија. Манастирот датира уште од ромејскиот период (пред 14. век), но остатоците од сегашниот храм се од почетокот на 20. век. Последната Света Литургија во него била отслужена во пролетта 1944 година од блаженоупокоениот јереј Милан Јовановски од с. Модрич.

  • По иницијатива и со заложби на Игуменот на Бигорскиот Манастир, Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, во периодот од 15 мај до 30 јуни оваа година, беа спроведени опсежни работни активности за отворање на пат и очистување на остатоците од Манастирот, со што се создадоа неопходни услови за служење на Божествена Литургија.

Целта на претстојното богослужение е, меѓу другото, да му оддадеме должна чест на великиот Архистратиг Гавриил и да ја вратиме од заборав оваа негова Светиња со големо историско и духовно значење. Затоа, да се собереме во што поголем број и заедно да го испросиме благословот на нашиот небесен добротвор, пренесуваат од Бигорскиот Манастир.

За сите кои ќе одат за прв пат, кликнете ТУКА за да добиете насоки преку „Google Maps“ апликацијата.

Прочитај повеќе...

Култура

Документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“ доби престижна награда

Објавено пред

на

Bigorski.org.mk

Со особена радост и благодарност кон Дародавецот Бог ве известуваме дека документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“, во режија на нашиот драг пријател и соработник г. Илија Ико Каров, освои награда за најдобра музика на интернационалниот филмски фестивал „History“, кој оваа година се одржа во градот Аспарн, Австрија.

„Најголемата заслуга за ова признание е кон македонскиот композитор Горан Трајковски, кого го препознаваме под уметничкото име Готра. Овој плодороден композитор се има потпишано на особено префинета филмска и театарска музика во светот, промовирајќи ја на тој начин македонската продукција“ – рече Каров во своето обраќање откако ја прими наградата во Асперн.

Интернационалниот филмски фестивал „History“ се одвиваше во замокот Шлус Аспарн – Заја, во една топла, спонтана и креативна атмосфера. Поради обемноста на фестивалот, истовремено на три локации низ замокот се проектираа филмови, селектирани според соодветната историска епоха. Документарниот филм „1000 години – Сведок на Светлината“ беше емитуван во една соодветна, автентична атмосфера – поконкретно, во објект кој ја сочинува постојаната поставка во дворот на Замокот. Навистина уникатно чувство, кое беше збогатено и со присуството на членови од „средновековната група Скомраси“. Всушност, станува збор за ансамбл, кој преку разни настани и интеракциски пристапи ја негува средновековната средноевропска култура во нејзиното најавтентично издание.

Пред проекцијата на филмот, како претставник од нашата монашка заедница, со благослов на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, пред присутните се обрати сестра Ефимија од Рајчица. Во својот говор, таа меѓу другото рече:

„Монашката заедница од којашто доаѓам е раководена од Убавината, рефлектирана од еден голем и прекрасен човек  во чиешто време се прослави илјадалетието на нашиот манастир. Тој човек е нашиот Старец, игуменот на Бигорскиот манастир,  епископот Антаниски, г. Партениј. Тој пишува една прогресивна историја, која рефлектира една синхронизирана врска со човештвото, каква што досега не е видена.

Во филмот сите ние зборуваме за една личност која е неверојатна инспирација. Тоа е личноста која пред 30 години реши да остави сѐ зад себе, да се одрече од себеси и сѐ материјално што поседуваше, за да биде смирен слуга на сите. Би сакала да кажам, заедно со сведоштвата на илјадници луѓе до ден денес, дека владиката Партениј револуционерно воспостави хармонија со човекот. Една деликатна и прекрасна атмосфера на коегзистирање која го промени животот на многумина. Тоа е длабока изјава која звучи неверојатно, но сепак е реалистична кога се работи за човек кој е епитом на љубовта и на меѓучовечката хармонија. Тој е препознаен како човек со сострадално татковско срце, кој храбро патува низ темните лавиринти на човечката душа за низ траорните нејзини ходници да го пронајде патот преку кој ги изведува сите, но особено оние што очајнички тонат фрлени на дното – небаре непотребни – оние отсечените не само од општеството, туку и од своите семејства“.

„Ова е првиот македонски филм, кој не извезува очај и беда од југот на Европа; напротив, 1000 години Сведок на Светлината, го отсликува македонскиот феникс синдром во милениумски континуитет. Голема чест е да се биде современик на реткиот цвет што процутува на секои илјада години во Бигорската градина на светиот Јован. Да се биде еден, макар толку минорен дел од неговата хуманитарна и интеркултурна мисија, навистина причинува големо задоволство. Затоа, гледајте го филмот и ќе ви стане јасно“, напиша Каров во својата објава за проекцијата.

За 1000 години – Сведок на Светлината говореше и директорот на Фестивалот, г. Роман Шет. Во својата изјава тој потенцираше: „Овој филм има прекрасна атмосфера. Јасно се насетува желбата на авторот да го портретира животот на илјадагодишниот Манастир и природата што го опкружува во најавтентичен контекст. Музиката е фантастична и го засилува доживувањето додека го гледате филмот“.

Посебен осврт за нашиот документарен филм даде и членот на жири комисијата на Филмскиот фестивал, г. Ерик Кохлбауер: „1000 години – Сведок на Светлината е токму она синеастично документарно искуство какво што очекуваме да гледаме на нашиот фестивал. Дозволувајќи ни да нурнеме во времето на основањето на Mанастирот и неговиот културно различен македонски регион, преку разиграни сцени, интервјуа од различна гледна точка, уникатна музика и кадри од природата, ние бевме вовлечени во филмот уште на самиот почеток.

Единствената критика ми е што филмот е визуелно толку силен, што јас бев спречен да го гледам непрекинато, па на неколку пати морав да го стопирам и да го враќам назад, за да го препрочитам преводот, зашто се губев во прекрасното осветлување и фотографија, воопшто. Гласовно дублирана верзија на англиски јазик би ја превенирала оваа појава и би ни дозволила полесно да ги восприемаме густите информации и духовната порака полесно“.

Нашето монашко братство, предводено од Старецот Епископ г. Партениј, срдечно им честита и им благодари на режисерот г. Илија Ико Каров, на композиторот г. Горан Трајковски и на сите учесници во продукцијата на филмот кои трудољубиво и пожртвувано работеа неколку години за негово остварување, со што направија една беспрекорна филмска документација на нашата милениумска Света Обител, се вели во соопштението на Бигорски, кое ви го пренесуваме во целост, додека од нашата редакција упатуваме честитки за успесите!

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е големиот празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Објавено пред

на

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат китки кои се направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади.

Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијанитем врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги палеле.

На овој празник не се работи, порано стоката се прскала со вода за да биде здрава цела година, а се плетеле и венци и им се ставале на роговите на животните.

На овој ден не смеат да се сечат јаболки со нож, ниту да се удираат јаболки една од друга. Се верувало дека во спротивно ќе падне силен град. Некои им носат јаболки наутро на соседите, а некои разнесуваат за покојните.

Обичај е да се меси колач со јаболки.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Галичник

Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за сабота (27 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан6 часа

Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола

Управата за сообраќајна полиција на МВР на Србија, по повод меѓународната акција за зголемена сообраќајна контрола насочена кон откривање и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Технологија1 ден

Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?

Тајванската компанија за истражување на пазарот TrendForce оваа недела изјави дека очекува Apple да започне со производство на iPhone-и кои...

Македонија1 ден

МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува...

Спорт2 дена

Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига

ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”,...

Временска прогноза2 дена

Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час) Следува постепена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 јули)

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте....

Кичево2 дена

„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно...

Спорт2 дена

Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07...

НАЈЧИТАНИ