Следете не

Спорт

Од следната сезона, Формула 1 трки на улиците на Лас Вегас

Објавено пред

на

Раководството на Меѓународната автомобилска организација (ФИА) официјално соопшти дека од следната сезона домаќин на трката од Светскиот шампионат во Формула 1 ќе биде Лас Вегас.

Тоа е продолжение на врската помеѓу Формула 1 и Соединетите Американски Држави, а во тој контекст да кажеме дека од претходно се вози во Остин, додека годинава Формула 1 болидите ќе се натпреваруваат и во Флорида, Мајами.

Формула 1 се одржуваше во Лас Вегас во текот на 1981 и 1982 година, но од следната сезона трката во тој град ќе биде поинаква бидејќи покрај многу познати казина и хотели ќе се вози низ градските улици. Исто така, патеката што треба да се подготви во најголем дел треба да биде рамна, па болидите ќе постигнуваат големи брзини, околу 340 километри на час на најрамните делови.

Станува збор за ноќна трка, а ќе се одржи во втората половина на ноември, во близина на големиот празник Денот на благодарноста.

„Нема подобро место за трка во Формула 1 од светската престолнина на забавата. Едвај го чекаме тој ден“, изјави првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали. Инаку, се шпекулира дека потпишаниот договор за оваа трка е вреден повеќе од милијарда американски долари.

/n1info.com/

Спорт

Утре сите на стадион да го бодриме кичевски Напредок за успешен старт на новата фудбалска сезона

Објавено пред

на

Утре започнува новата сезона во Третата Македонска фудбалска лига-Запад, со оглед на тоа преку нашиот медиум ги повикуваме сите симпатизери во што поголем број да дојдат и да го бодрат кичевски Напредок кој искрено се надеваме дека ќе има подобри резултати и ќе успееме конечно да се стабилизира клубот и да се создадат амбиции за влез во Втора Македонска лига.

🏆 Трета Македонска фудбалска лига-Запад
🗓 1-во коло: 01.10.2022 ( Сабота )
⚽️ ФК Напредок – ФК Дрита
🕒 Почеток: 15:00
🏟 Градски стадион – Кичево

Прочитај повеќе...

Спорт

Сејдини и првиот човек на ФИФА Инфантино продолжуваат со беспрекорна соработка за доброто на фудбалот

Објавено пред

на

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се сретна со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш добредојдена за федерации како македонската.

Сејдини додава дека одличните односи и соработка ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина, а во преден план ни е унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата.

Дополнително г. Инфантино ни вети дека подршката од ФИФА во овој дел нема да изостане и наскоро очекуваме иновации во овој правец, истакна Муамед Сејдини.

Прочитај повеќе...

Спорт

Катерина Милевска дел од врвна програма на ФИФА под менторство на селекторот на САД, нашиот македонец г-дин Влатко Андоновски

Објавено пред

на

Нашата селекторка на македонската женска репрезентација до 17 години, Катерина Милеска е дел од програмата на ФИФА и учесник во проектот „Coach Mentorship Programme” за развој на нова генерација женски тренери.

20 женски тренери учествуваат во програмата на ФИФА под менторство на 20 најуспешни тренери на женски репрезентации во светот.

Катерина Милевска за свој ментор го доби селекторот на женската репрезентација на САД, нашиот Влатко Андоновски.

Двајцата за прв пат имаа можност да се запознаат на Светското првенство за девојки до 20 години кое се одржа во август во Костарика. Таму беше организирана тридневна работилница, која всушност за младите женски тренери значеше непроценливо искуство за добивање знаење од врвните тренери, како и учество во анализа на тренинзите и натпреварите од шампионатот за млади фудбалерки.

Покрај обезбедувањето на талентирани тренери со ментори од светска класа, програмата исто така, има за цел да им помогне на женските тренери да постигнат поголеми резултати на нивните сегашни позиции, да понуди тренерски насоки и поддршка за развој на кариерата.

Ова е одлична програма. Ни овозможува да запознаеме одлични тренери, со неверојатно искуство зад себе кога е во прашање женскиот фудбал. Исто така, ни овозможува да ги споделиме сите наши искуства на теренот, да комуницираме едни со други за работи низ кои сме поминале, или кои можеби ги поминуваме. За мене е голема привилегија што Фудбалската федерација на Македонија ми даде можност да бидам дел од оваа програма, а посебно што за свој ментор го имам Влатко Андоновски. Навистина е важно за мене да научам колку што можам повеќе, да слушам колку што можам повеќе и да споделувам колку што можам повеќе. Имаме неверојатна можност да учиме од најдобрите во женската игра“, вели Катерина Милеска.

По завршувањето на семинарот во Костарика, Влатко Андоновски неколку денови помина во нашата држава, каде што заедно со Катерина Милевска работеа на подготовка на следниот нејзин предизвик со репрезентацијата на Македонија до 17 години.

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт7 часа

Утре сите на стадион да го бодриме кичевски Напредок за успешен старт на новата фудбалска сезона

Утре започнува новата сезона во Третата Македонска фудбалска лига-Запад, со оглед на тоа преку нашиот медиум ги повикуваме сите симпатизери...

Магазин10 часа

Како да ја проверите и избришете активноста за најавување на Instagram на мобилен и компјутер

Дали неодамна сте користеле телефон или компјутер на пријател за да се најавите на вашиот профил на Instagram и сте...

Магазин10 часа

Google ја исклучува својата услуга за игри Stadia

Играчите ќе имаат пристап до нивните игри библиотеки до 18 јануари 2023 година. Во текот на јули имаше тврдења дека...

Занимливости11 часа

Неодолива супер „неделна“ акција на производи само во АТВА Маркети – Кичево

Нова суперакција и попуст на следните производи која ќе трае до 06.10.2022 само во супермаркетите на АТВА во Кичево:

Гејминг12 часа

Најверојатно го имаме најдобриот гејмерски компјутер за претстојната 2023, тоа е монстерот „Alienware Aurora R15“

Најдобриот гејмерски компјутер за 2023 година според сите анализи, споредби и пресметки ќе биде „Alienware Aurora R15“. Станува збор за ...

Автомобили12 часа

Audi по стапките на Mercedes, ќе се префрли на електрифицирани погонски единици за „RS“ моделите на пазарот

Идентично како гигантот „Мерцедес“ (со новиот модел на Mercedes-AMG C63), Audi ќе се префрли на електрифицирани погонски единици за својата...

Спорт13 часа

Сејдини и првиот човек на ФИФА Инфантино продолжуваат со беспрекорна соработка за доброто на фудбалот

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се сретна со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш...

Спорт20 часа

Катерина Милевска дел од врвна програма на ФИФА под менторство на селекторот на САД, нашиот македонец г-дин Влатко Андоновски

Нашата селекторка на македонската женска репрезентација до 17 години, Катерина Милеска е дел од програмата на ФИФА и учесник во...

На денешен ден20 часа

30 септември – На денешен ден

1399.- Основачот на англиската династија Ланкастер, Хенри Болингброук (Хенри Болингброук) стана крал Хенри IV, ден по абдикацијата на Ричард II...

Хороскоп22 часа

Викенд Хороскоп за петок (30 септември)

ОВЕН Доколку имате деца, денес ќе сакате да ги разгалете. Сепак на крајот на краиштата работите за денови како што...

НАЈЧИТАНИ