Без категорија
Од градинката заклучиле дека ова фустанче од 3-годишната Лола е непристојно

Тригодишната Лола еден ден во градинка се појавила со фустанче со тенки прерамчиња, а воспитувачките во детскиот дневен престој донесле заклучок дека таквата облека е непримерна за во институцијата.
Нејзините родители Џејми и Сади Стоунхаусостанале во шок кога од градинката The Little Years добиле порака за облеката од нивната ќеркичка. „Ни пишаа дека нејзината облека е непристојна и дека прерамчињата мора да бидат широки барем пет сантиметри“, изјавија родителите за канадската CTV News.
Од градинката им рекле дека, ако Лола во иднина планира да го носи тоа фустанче, под него мора да има маичка. „Ако прерамките мора да бидат широки пет сантиметри
Сади, мајката од Лола, вели дека не знае како на девојчето да му објасни дека веќе нема да може да го носи тоа фустанче во градинка, бидејќи малата го обожава фустанчето.
„Нема да може да сфати. Ќе мисли дека направила нешто погрешно, дека таа е виновна“, вели мајката.
„Мислам дека ниту една девојка, независно колку и да има години, не би требало да внимава на тоа колкав дел од своите рамена ќе покаже со облеката, било да е тоа во школо или на било кое друго место“, сметаат родителите од Лола.
Без категорија
Microsoft ќе ја исклучи поддршката за Windows 10 20H2 во мај

За само неколку недели, на 10 мај 2022 година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за корисниците кои не го ажурираат оперативниот систем Виндоус. Имено, тогаш поддршката за Windows 10, верзија 20H2, ќе престане.
Сепак, треба да се има предвид дека ова не е крај на поддршката за Windows 10 воопшто, бидејќи ќе трае до 2025 година. Со овој потег Microsoft сака само да ги „направи“ корисниците, доколку не сакаат да се надоградат на Windows 11, барем да имаат ажурирана верзија на оперативниот систем Windows 10. Компанијата објави дека по тој датум, на корисниците кои ќе повикаат поддршка за верзијата 20H2 ќе им биде наложено да ја надградат до најновата верзија, 21H2. Инаку, Microsoft од почетокот на оваа година агресивно ги тера корисниците да инсталираат нова верзија на ОС на нивните системи.
Што се однесува до крајот на поддршката, таа ќе се однесува на четири варијанти на Windows 10 20H2 OS, кои беа претставени во октомври 2020 година:
- Windows 10 Home, version 20H2
- Windows 10 Pro, version 20H2
- Windows 10 Pro Education, version 20H2
- Windows 10 Pro for Workstations, version 20H2
Извор: Betanews
Без категорија
Од сега споделувајте видеа директно од YouTube на SnapChat

Корисниците повеќе нема да мора да копираат или на друг начин да се обидуваат да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat.
Сега корисниците на Android и iOS можат директно да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat камера, било на Stories или на поединечни Snaps. Исто така, можно е да се применат креативни слоеви, како што е текстот, додека автоматизираните налепници на Snapchat ќе ги одведат гледачите директно до видеото, било во апликацијата YouTube или во веб-прелистувачот.
Сè што треба да направите е да кликнете на „сподели“ во апликацијата YouTube и да изберете Snapchat кога ќе се појави како опција. Snap истакнува дека ова е прв пат линковите на YouTube да можат визуелно да се споделуваат.
Новата опција ќе биде од посебно значење за оние кои сакаат да споделуваат пократки клипови, а за тоа на YouTube има Shorts кои се соодветни за апликацијата Snapchat.
Без категорија
Вечерва во „Куќа на Уметност“ концерт во живо на Ален Хасановиќ

Повторно на ваше барање во „Куќа на Уметноста“ доаѓа Ален Хасановиќ. Сите кои сеуште не го испланирале викендот и вечерта, слободни уште неколку места.
Резервации: 071/321-166
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Хороскоп17 часа
Редовен Хороскоп за сабота (28 мај)
-
Македонија1 ден
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Кичево1 ден
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Кичево2 часа
Вчера кај кичевското с. Подвис возило Југо излетало од коловозот, констатирани се тешки телесни повреди врз учесник
-
Временска прогноза3 часа
Викенд прогноза: Локално невреме па одново спарно и тешко
-
Магазин1 ден
Samsung ја покажа моќта на новиот сензор од 200 MP
-
Магазин1 ден
Инстаграм не им функционираше на многумина, проблемите сега се решени