Следете не

Lifestyle

Ова се сите негативни и штетни последици врз човекот поради недоволниот сон

Објавено пред

на

Како и повеќето луѓе, веројатно и вие сте почувствувале на своја кожа како непреспаните ноќи го попречуваат нормалното функционирање. Недоволното спиење има многубројни негативни последици врз нашето здравје и нашиот живот. Еве некои од нив:

Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Модерниот тренд на скратување на сонот е темпирана бомба. Краткиот сон влијае негативно врз вашето срце, со тоа што го зголемува крвниот притисок, го забрзува ритамот на срцето и го покачува нивото на хормонот на стресот.

Зголемен апетит и склоност кон дебелеење. Додека спиеме, нашиот организам ослободува специфични хормони и хемикалии кои го контролираат апетитот и му помагаат на телото да одржува нормална телесна тежина. Намалениот сон го нарушува балансот меѓу хормоните, односно го намалува нивото на хормонот кој го потиснува гладот, па ние јадеме повеќе од вообичаено.

Зголемен ризик од дијабетес. Кај луѓето кои спијат помалку од 7 часа дневно се зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Намалена способност на мозокот за помнење. Помнењето се создава врз основа на серија од нервни врски кои се обновуваат или зацврстуваат за време на спиењето. Секоја фаза од спиењето има различна улога во обединување на новите информации, научени во текот на денот. Доколку не му дадете доволно сон на вашиот мозок, тој не може правилно да ја складира новата материја, па поверојатно е да заборавате.

Намален имунитет. Колку помалку спиеме, толку послаб станува нашиот имунитет. Организмот на личностите кои спијат недоволно потешко се бори со вируси и бактерии.

Влошување на комуникациските вештини. Уморните луѓе почесто предизвикуваат конфликти, секогаш реагираат бурно, покажуваат лоши комуникациски способности и често молчат и немаат желба да ги решаваат проблемите.

Намалена способност за донесување разумни одлуки и решавање проблеми. Способноста на мозокот да продуцира логични и пресметани решенија на проблемите значително е намалена кај личностите кои не спијат доволно во текот на ноќта. Тие често избрзуваат или занемаруваат важни факти, а тоа ја намалува ефективноста и резултира со донесување на непромислени ризични одлуки.

Појавување на тага и депресија. Краткиот сон не само што го намалува интензитетот на позитивните емоции, туку води и до појава на негативни емоции, како тага и вознемиреност. Хроничните проблеми со спиењето се поврзуваат со долготрајни нарушувања во расположението и појава на депресија.

Појавување на тешкотии при учењето на нова материја. Луѓето кои на работното место константно учат нешто ново мораат да си го пружат луксузот „квалитетен сон“. Недоволното спиење значително ја намалува способноста за учење и помнење.

Доколку се соочувате со овие последици од нередовниот сон време е да го промените својот став и да престанете да ја занемарувате силата на добриот сон, кој носи подобро здравје, поведро расположение и поубави спомени.

Lifestyle

Бангладеш: Откриено како да се претвори пластиката во ванила

Објавено пред

на

Научниците во Бангладеш откриле начин како да се претвори употребената пластична амбалажа во арома на ванила, користејќи генетски модифицирани бактерии.

Тоа производство на ароми може да помогне во рециклирањето да стане атрактивно и привлечно, пишува Гардијан.

Јоана Садлер од Универзитетот во Единбург, која ја спроведе оваа акција, рече дека ова е прв пример за употреба на биолошки систем за обработка на пластичен отпад во вредна индустриска хемикалија и дека има многу возбудливи последици за циркуларната економија.

„Нашата работа ја оспорува перцепцијата на пластиката како проблематичен отпад и наместо тоа ја демонстрира неговата употреба како нов ресурс на јаглерод од кој може да се произведуваат производи со висока вредност“, додаде Садлер.

Поттикнување на подобро собирање и употреба на пластика е клучно решение за глобалниот проблем на загадувањето со пластика.

Ванилата е широко користена во индустријата за храна и козметика и е важна хемикалија која се користи во производството на фармацевтски производи, производи за чистење и хербициди.

Глобалната побарувачка расте, а во 2018 година изнесува 37 000 тони, што далеку го надмина снабдувањето со природни зрна ванила.

Во моментов, околу 85 проценти од ванилин се синтетизира од хемикалии добиени од фосилни горива.

Околу 1 милион пластични шишиња се продаваат секоја минута ширум светот и само 14 проценти се рециклираат.

За жал, голем процент пластични шишиња завршуваат во океаните. Најновите истражувања покажаа дека шишињата се втор најчест вид пластично загадување во океаните, по најлонските кеси.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Денес е затемнување на Сонцето

Објавено пред

на

Повеќето од северната хемисфера денес ќе бидат сведоци на затемнување на Сонцето, кое ќе биде видливо во некои делови на Европа по 12 часот.

Тоа ќе се случи кога Месечината ќе се попречи на сонцето и со тоа блокира 40 проценти од сончевите зраци, а овој настан се нарекува затемнување на прстенот, пишува Би-Би-Си.

За време на неа, ќе ја видите Месечината како се движи над лицето на Сонцето, но нема целосно да ја блокира светлината што доаѓа од неа.

Наместо тоа, ќе остане само тенок дел од сјајот што ќе свети околу дискот на Сонцето.

Таканаречениот „огнен прстен“ најдобро ќе се види на Арктикот, Алјаска, Канада, Гренланд и некои други делови на Европа и Азија.

Како што се наведува, на граѓаните им се препорачува да го набудуваат затемнувањето со заштитна опрема во вид на очила за сонце или перфориран проектор, бидејќи директното гледање со голо око може да предизвика големо оштетување на видот.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Ретка монета е продадена за рекордни 18,8 милиони долари

Објавено пред

на

Една ретка паричка, вредна меѓу колекционерите, беше продадена за 18,87 милиони долари на аукцијата на куќата „Сотби“ во Њујорк, што е рекорд за предмети од тој вид.

Примерокот од последната серија американски златници, наречен „Double Eagle“ кована од американската кованица во 1933 година, стана најскапата монета во светот, пред сребрениот цвет „Flowing Hair“ од 1794 година, продаден во 2013 година за 10 милиони долари.

Монетата, со номинална вредност од 20 американски долари, дело на американскиот скулптор Август Сен-Гауденс, од едната страна има жена-симбол на слободата, а од друга страна орел во лет. Никогаш не беше објавен затоа што тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт прогласи крај на конвертибилноста на американската валута во злато. САД никогаш повеќе не ковале златници, освен ограничени колекционерски серии.

Сепак, неколку примероци се појавија на пазарот на колекционери пред сите да бидат запленети од американските власти, освен единствениот „Double Eagle“ што се наоѓаше во нумизматичката колекција на египетскиот крал Фарук.

Скапоцената позлатена метална паричка беше купена во 1995 година од британски колекционер, кој по пет години правна битка, во 2002 година му беше дозволено законски да го продаде на претходниот сопственик, американскиот дизајнер на чевли Стјуарт Вајзман, за 7,9 милиони долари

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 3 часа

Денес сончево и топло, од пладне можни локални врнежи од дожд и грмежи

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Околу пладне локално ќе биде нестабилно со...

ХранаПред 4 часа

Шест работи кои треба да се знаат за јадењето „Карфиол“ и зошто е тоа здраво

Карфиолот е складиште на здрави јаглехидрати, влакна, антиоксиданти, витамини, калиум, калциум и железо. Откриваме зошто треба да се јаде што...

На денешен денПред 4 часа

На денешен ден – 17 јуни

1239 година – Роден е кралот Едвард I од Англија, најважниот англиски владетел на династијата Плантагенет. За време на неговото...

ХороскопПред 11 часа

Дневен Хороскоп (17 јуни) четврток

ОВЕНКолку и да изгледа логично, ќе треба да соберете многу повеќе информации пред да донесете одлука или да направите потег....

СпортПред 16 часа

Арнаутовиќ се спаси, доби само 1 натпревар суспензија, неговата навреда не е карактеризирана на расна и етничка основа

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска е суспендиран на еден натпревар откако го навреди нашиот македонски репрезентативец Езѓан Алиоски на меѓусебниот...

МакедонијаПред 16 часа

Навивај за Македонија со најдобрите и квалитетни телевизиски понуди на ТоталТВ !

Навиваме за Македонија сите заедно! Со Тотал ТВ утре во 15:00 часот не го пропуштајте натпреварот за ова лето Македонија...

КичевоПред 17 часа

Кичевската улица „Скопска“ утре блокирана за сообраќај поради градежни работи

ЈП Комуналец – Кичево ги известува граѓаните со живеалишта на ул. „Скопска“ утре на ден 17.06.2021 (четврток) од 08:00 до...

КичевоПред 18 часа

Кичево денес прв град по новозаболени од Ковид-19, ова е билансот по градови

Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5...

МагазинПред 20 часа

„Протече“ новиот Windows 11: Како изгледа, како звучи и што ни носи?

Информациите за изгледот и новите карактеристики на Windows 11, познат и како „Sun Valley“, стигнаа до медиумите откако неколку слики...

СпортПред 21 час

ФФМ известува дека мора негативен Ковид-19 тест за сите кои имаат билети за утрешниот натпревар со Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт го игра вториот натпревар на ЕП 2020...

НАЈЧИТАНИ