Следете не

Занимливости

Подгответе се за смеење до солзи: Ова видео ќе ви го разубави денот! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Сигурно веќе сте го погледнале спотот за популарната песна “Hideaway”, но во оваа пародија едноставно ќе се заљубите.

Рускиот пар Бонја и Кузмич направиле пародија на познатата песна “Hideaway”.

Сигурно веќе сте го погледнале спотот за оваа популарна песна, но во оваа пародија едноставно ќе се заљубите. И додека пејачката спотот го снимала на улиците на Њујорк, овој пар својата пародија ја снимил на селскиот имот на Урал.

Погледнете го ова урнебесно видео.

Занимливости

Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Објавено пред

на

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете „не“ на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.

Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас, пишува WeightWatchers.

Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?

Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.

Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.

Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Објавено пред

на

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.

Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.

Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.

Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.

Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):

Марк Маркез: 12.500.000

Маверик Вињалес: 10.000.000

Фабио Квартаро: 6.000.000

Џоан Мир: 6.000.000

Франческо Бањаја: 5.000.000

Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.

/nova

Прочитај повеќе...

Занимливости

Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Објавено пред

на

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.

Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.

Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.

Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!

Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.

Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?

/denar

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Месечен Хороскоп (февруари)

ОВЕН Се обидувате да го придружувате партнерот во новите одлуки и да го поддржите во деловните потфати. Нема причина да...

Култура11 часа

Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие

Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста стекна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар,...

Магазин15 часа

Bitcoin во јануари порасна за 40 отсто

Големите инвеститори реинвестираат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година....

Видео16 часа

Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето

За време на бременоста и после породувањето, женското тело поминува низ бројни промени. Стомакот станува поголем, доаѓа до нагло зголемување...

Магазин16 часа

Последната испорака на Boeing 747, првиот џамбо џет, заминува во историјата

По повеќе од пет децении, џамбо-џет „747“ на Boeing заминува во историјата. Последната копија е карго верзијата на овој авион...

Магазин16 часа

Google мора да им обезбеди на корисниците јасни информации за своите услуги

Компанијата прави промени во Google Flights, Google Hotels, Google Store и Google Play. Корисниците треба да бидат подобро информирани Google...

Автомобили16 часа

Електричниот Audi RS6 ќе пристигне следната година

Гласините беа точни, бидејќи во Инголштад потврдија дека следната година ќе пристигне верзијата на Audi RS6 со електричен погон. Шефот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (31 јануари)

ОВЕН Ќе бидете многу фокусирани на животните промени и желни да ги имплементирате во вашиот живот. Не сметајте премногу на...

Временска прогноза1 ден

Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…

Барем според последните анализи со кој ние располагаме, вистинска снежна бајка нема да донесе и февруари месец, освен повремени и послаби...

Автомобили2 дена

Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи

Во Македонија сè уште не полетале електричните автомобили. Одвреме-навреме на нашите патишта можете да видите хибрид или автомобил Тесла, но...

НАЈЧИТАНИ