Занимливости
Еротска исповед: Имав секс со невестата три часа пред свадбата, а бев кум

Приказна која кажува дека некои ветувања не се трајни.
„Спиев со невестата три часа пред венчавката, а бев кум“, напиша во анонимно писмо идниот кум.
„Мојот најстар пријател се женеше со својата девојка со која е уште од средно училиште. Освен мене како кум имаше уште четворица девери. Вечерта по завршување на дружбата исполнета со многу алкохол сите заминавме по своите соби. По 10-тина минути слушнав чукање на мојата врата, мислев дека е онаа слатка девојка, братучедка на невестата со која ја поминав скоро пола вечер, но испадна дека сум се излажал. Ја здогледав, беше облечена само во пењоар. Морам да признаам дека ја посакував уште поодмна, а изгледа дека и не сум се лажел кога сум мислел дека и таа истото го посакува. Беше директна, не заобиколуваше многу. Ми рече, сакам последната вечер да ја поминам со тебе, сакам да ме задоволиш како никој до сега. Бев збунет, почна да ме откопчува и да ме љуби по цело тело. Ме запали, едвај чекав да влезам во неа. Ме натера на долга предигра, ме излуде…“, вели тој.
„Почнав да ја бакнувам насекаде, по вратот, рацете, препоните…Воздивнуваше задоволно, не размислував дека таа утре ќе биде сопруга на мојот најдобар пријател, само мислев на тоа колку многу ме возбудува. Мислев дека ќе изгубам свест од толку многу страст. Имаше задоволен лик. Аххх, колку беше добро. Свршив, иако не сакав, а таа се измолкна од посеталата и замина од собата“, отидов под туш. Не можев на ништо да размислувам, ми го зеде паметот… Посакував да го направиме пак…“, продолжува тој.
„Мокар и гол седнав на креветот, не мислев на мојот другар на кој утре требаше да му бидам кум, туку мислев на неа. Повторно се возбудив…само со пешкир на себе тргнав накај нејзината соба, морав да ја допрам пак, па макар бил последен пат. Тропнав на вратата. Таа лежеше на креветот облечена во секси долна облека која ја купила за првата брачна ноќ. Ми рече само: Знаев дека ќе вратиш, те очекував… Имавме секс уште неколку пати. Последен пат имавме секс под туш, беше 7 часот утрото. Страста не обзеде не може да се опише со зборови… Знаев дека не сакам ова да биде само за една ноќ, сакав да ме задоволува почесто, сакав да и предложам план, но пред да и го кажав, додека седев сам во мојата соба, решив што сакам да направам, како да ја зачувам до себе“, продолжува тој.
„Вечерта имавме секс 3-4 пати, тоа ми се виде како добра идеја, дека можеби ќе се премисли за венчавката. Ја знаев од дете, ја имав гледано, ја имав посакувано и знаев дека ова ќе се случи еден ден, но не очекував дека тоа ќе биде вечерта пред нејзината венчавка на која јас сум кум“, вели тој.
„Пред да заминам од нејзината соба и реков дека ова ќе остане меѓу нас и дека не сакам да е крај. Дека сакам и понатаму да се гледаме, бидејќи вакво сексуално искуство сум немал со ниедна. Таа се сложи. На свадбата си крадевме погледи, сакавме да имаме секс во еден од тоалетите, но секогаш некој наидуваше и не можевме. Свадба ко свадба помина. Заминаа на меден месец, таа ми пишуваше возбудливи пораки, а и секси фотографии, јас и возраќав. По неколку месеци тајно гледање, ми соопшти дека е бремена, никој не се сомневаше дека сме заедно. И реков дека ќе правиме како таа сака. По неколку месеци таа реши да не се разведе. Ја прифатив нејзината желба, знаев дека ќе збеснувам без неа, без нејзините допири, без неа во мене…Но, ќе издржам, си велев. Ме полудуваше фактот дека друг ја допира и покрај тоа што тој ми е најдобар пријател. Решив да се видам со четворицата девери за да се смирам малку. Беше тоа долга ноќ со многу алкохол, жени…На крај сакав да им признаам кога еден од нив го раскажа своето искуство со неа.
Не верував што слушам, потоа и вториот, третиот, четвртиот…Сфатив дека сум заљубен во жена која со месеци освен со мене и нејзиниот сопруг, се гледа и сексуално се задоволува со останатите четврица девери. Останав во шок, не знаев што да правам, од една страна сакав да ја оставам, а од друга толку многу добро ме задоволува што не помислувам на ниедна друга. Решив да се оженам за првата што ќе ја сретам, тоа и го направив. Имавме секс на мојата последна вечер како ерген и кажав дека се знам, но дека не можам без неа…Ми се насмевна, повторно ме полуде. И денеска се гледаме. Мојот другар чува мое дете, но не се каам. Можеби еден ден ќе ме јаде совеста, но кога само ќе помислам на нејзините гради….“, завршува тој.
Занимливости
Сте се запрашале ли колкав е рокот на трање на вашите очила за сонце?

Очилата за сонце не се само моден детал, туку и ги штитат вашите очи од штетното сончево зрачење, помагаат во борбата против раното стареење, а штитат и од рак на кожа.
Тоа веќе веројатно го знаете, но она што можеби не сте знаеле е дека и очилата за сонце имаат рок на траење. Имено, експертите по спроведување на студијата на Универзитетот во Сао Паоло, предупредуваат дека очилата со време ја губат својата способност за заштита од блокирање на УВ зраците. Со други зборови, вашите очила најверојатно не ве штитат од УВ зрачењето толку добро како и пред неколку години…
Професорот по офталмологија, д-р Мајкл Ерлих вели дека стаклата едноставно ја губат својата ефикасна заштита поради минијатурни оштетувања, кои настануваат со ставање на очилата во футрола, да речеме- тие оштетувања не мораат дури ни да бидат видливи со голо око.
Недостатокот на заштита на очите од зрачење може да биде причина за проблем. Изложеноста на очите на УВ зраци е поврзана со катаракта и окуларен карцином. Исто така, кожата околу очите ќе старее побрзо поради изложеноста на UVA и UVB зраците.
Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди после колку време наочарите стануваат неефикасни, д-р Ерлих советува да ги менувате отприлика на секои две години.
/denar
Занимливости
„SpaceX“ на Илон Маск со четворица членови на екипажот безбедно пристигна на ISS

Леталото, кое беше лансирано од ракетната компанија SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск, со четиричлен екипаж безбедно пристигна рано утринава на Меѓународната вселенска станица (ISS) за шестмесечна научна мисија.
Екипажот се состои од руски космонаут, астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и двајца членови на екипажот од НАСА.
Леталото, наречено Ендевор, се приклучи на вселенската станица денеска, кратко по 06:40 часот по средноевропско време, речиси 25 часа по лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.
Приклучувањето беше потврдено кога ISS и капсулата летаа со брзина од 28.164 километри на час на околу 240 километри над Земјата над брегот на Источна Африка, според директен пренос на веб-страницата на НАСА.
Носачот на SpaceX, кој се состои од ракета „Фалкон 9“ на врвот на капсулата „Cru Dragon“ со автономна контрола, полета во 05:34 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.
Лансирањето беше емитувано во живо на веб-страницата на НАСА, а на снимките се гледа како леталото од 25 ката се издигнува од лансираната кула, објави Ројтерс.
Шестмесечната научна мисија на екипажот ќе вклучува околу 200 експерименти и технолошки демонстрации, почнувајќи од истражување за растот на човечките клетки во вселената до контролирање на запаливи материјали во микрогравитација.
Летот дојде 72 часа откако првичниот обид за лансирање рано наутро во понеделникот беше одложен во последен момент поради блокирање на протокот на течноста за палење на моторот.
НАСА објави дека проблемот е решен со замена на затнатиот филтер и чистење на системот, пренесе британската агенција.
/rtv
Занимливости
Откриена нова одаја на Кеопсовата пирамида во Египет

Египетските власти објавија дека откриле нова запечатена комора стара 4.500 години во една од Големите пирамиди во Гиза. Коридор кој се наоѓа над влезот на северната страна на Кеопсовата пирамида, долг девет метри и широк два метри, открија современи скенери.
Археолозите се уште не знаат за што се користела новооткриената комора во која не се влегува однадвор. Египетскиот археолог Захи Хавас и министерот за туризам Ахмед Еиса го објавија откритието денеска на церемонија пред пирамидата.
Професорот по неинвазивно тестирање на Техничкиот универзитет во Минхен и водечки член на истражувачкиот тим, Кристијан Грос, рече дека на крајот од коридорот има две големи варовнички плочи.
– „Сега главната работа е да откриеме што се крие зад овие камења, а што е под комората“, рече Грозе, додавајќи дека за време на истражувањето биле користени различни техники на скенирање.
Комората е пронајдена со помош на ултразвучни мерења и радари кои скенираат објекти под земја, а Гроси се надева дека овие техники ќе доведат до дополнителни откритија од внатрешноста на пирамидата.
Пирамидата висока 146 метри била изградена на висорамнината Гиза од фараонот Куфу или Кеопс од четвртата династија, кој владеел од околу 2609 п.н.е. до 2584 п.н.е.
Големата пирамида е најголемата од трите пирамиди лоцирани во Гиза и е едно од седумте чуда на античкиот свет.
/n1info.rs
-
Кичево12 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Кичево9 часа
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за среда (22 март)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза1 ден
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!