Следете не

Балкан

Шабан до крај мислел на неговата сопруга: Пензија 3.000 евра, 80.000 евра годишно од авторски права

Објавено пред

на

Гордана Шаулиќ, сопругата на покојниот пејач Шабан Шаулиќ, кој загина во сообраќајна несреќа во Германија, е неутешна по големата семејна загуба.

Како што пренесуваат српските медиуми, Гордана ја наследи и српската и австриската пензија на Шабан, кои вкупно изнесуваат 3.000 евра.

Гордана ќе добива и пари кои пејачот ги добивал од неговите песни, што годишно изнесува околу 80.000 евра, односно 6.000 евра месечно, пренесува Информер.

Имено, Шабан на својата сопруга ги препишал авторските и изведувачките права на неговите песни.

 

Балкан

Пронајден и приведен човекот кој пукаше во кафуле, во Чачак соседна Србија

Објавено пред

на

Пипадници на Министерството за внатрешни работи во Чачак со брза и ефикасна акција го уапсија Џ. З. (1984) од Чачак поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела тешка телесна повреда и недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи, за медиумите известуваат од тамошното МВР.

Се сомнева дека вчера, по кратка дискусија, испукал неколку куршуми кон нозете на 27-годишен млад човек во близина на кафуле во Чачак, а потоа избегал, пренесуваат од Гласот за Србија.

Полицијата го пронашла и уапсила истата вечер. Повредениот човек е згрижен во болницата во Чачак. Што се однесува до осомничениот веќе бил притворен до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Инаку да потсетиме се работи за настанот со видео записот од сигурносни камери кое вчера кружеше по интернет просторот и видно го вознемири балканот.

Извор: РТВ Србија

Прочитај повеќе...

Балкан

Летото може да почне: Попуст на производи со ЛУКОИЛ Клуб картичките за сите кои патуваат во Србија, Хрватска или Црна Гора

Објавено пред

на

Од ЛУКОИЛ Македонија известуваат дека сите корисници на #ЛУКОИЛКЛУБ картичката кои патуваат во Србија, Хрватска или Црна Гора добиваат попуст на производи на каса на бензинските станици од компанијата.

Започнете ги вашите авантури, а попатно не заборавајте да направите пауза на некоја од бензинските станици на ЛУКОИЛ во Србија, Хрватска или Црна Гора, да наточите 3КТО гориво, одморите со чашка вкусно кафе, проследено со многуте поволности.

ЛУКОИЛ Клуб – Секогаш добивам повеќе!

Прочитај повеќе...

Балкан

Трагедија ја потресе Србија утрово, четири лица загинале во сообраќајка, меѓу повредените и 13 годишно дете

Објавено пред

на

Четири лица загинаа, а неколку се повредени во судир на камион и комбе на патот Завлака-Текериќ на планината Цер, во близина на Лозница, јави Српската радио-телевизија (РТС). Меѓу тешко повредените има и 13-годишно момче кое било испратено на лекување.

Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 6.30 часот, кога се судриле товарен камион со сообраќајни знаци во Нови Сад и комбе со сообраќајни знаци на Лозница.

Возачот на комбето и тројца други патници починале на самото место, меѓу нив две жени и еден маж, инаку во комбето имало сезонски берачи на јагоди кои оделе на работа. Тројца од мртвите се од Јадранска Лежница, еден од Јожева.

Додека две лица се тешко повредени, а едно е полесно повредено и е пренесено во општата болница во Лозница.

Според хирургот Јелена Шенадиќ, 32-годишната жена има повреди на градниот кош и е испратена во Ургентниот центар.

Меѓу тешко повредените е и 13-годишно момче, кое се здобило со повреди на стомакот и има внатрешно крварење. По консултација со педијатри, тој беше упатен на понатамошно лекување во Институтот за мајка и дете.

Третото повредено лице, маж, има ортопедски повреди и е пуштено на домашно лекување.

Се утврдува причината за трагедијата. Истрагата е во тек.

„Патишта на Србија“ објавија дека сообраќајот кај Текериќ, на раскрсницата на државните патишта, е во прекин поради несреќата.

Сообраќајот се пренасочува кон алтернативни правци.

Извор: Данас.рс
ФОТО: rs.n1info.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 48 минути

Хороскоп за денес { 25 јуни } – петок

ОВЕН Може да очекувате се повеќе и повеќе интерес за нови технологии. Нешто што неодамна ви изгледаше многу футуристичко, сега...

КичевоПред 4 часа

Ресторан „La Casa“ за прв пат покрај базен, уште едно ново урбано место кое ќе го краси градот Кичево

Вчера официјално стартуваше со работа новиот ресторан „La Casa“ со капацитет за 140 гости. Во прекрасен пред се летен амбиент...

КичевоПред 8 часа

„Рурална Коалиција“ го уреди дворскиот простор за играње на дечиња од кичевската градинка „Олга Мицеска“

Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење на организацијата повторно делува на терен и успева да ја мобилизира...

МакедонијаПред 9 часа

Денеска 10 нови случаи на Коронавирус и три починати во болнички услови

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а...

Временска прогнозаПред 17 часа

И денес продолжуваат тропските температури со над 40°C

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до...

СкопјеПред 18 часа

Денес и утре делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 24.06 – вторник и утре 25.06.2021 година – петок, ЕВН Скопје ќе...

На денешен денПред 23 часа

На денешен ден – 24 јуни

79.- Умре римскиот император Тит Флавиј Веспасијан, основач на династијата Флавијан. За време на неговото владеење, во Рим бил изграден...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп [ 24 јуни ] четврток

ОВЕН Ќе имате најголема корист од одмор или барем краткорочно менување на животната средина. Ако не можете да си дозволите...

КичевоПред 1 ден

Бакарди распишува оглас за пица мајстори и келнери за претстојната сезона кои ќе бидат во редовен работен однос

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека поради проширување на својата дејност и надополнување на својот...

МакедонијаПред 1 ден

Денес 5 нови случаи на Ковид-19, 1 починат и 8 оздравени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а...

НАЈЧИТАНИ