Македонија Случувања

Полицијата денес ќе утврдува од што избувнал пожарот во Правда

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на денешниот ден ќе се врши увид во Министерството за правда каде вчера избувна пожар.

Од МВР информираат дека кај нив вчера во 16:47 часот било пријавено дека на улица „Димитрије Чуповски“ во Министерство за правда, на 4-от кат избувнал пожар.

Пожарот е локализиран од страна на Противпожарна единица.

Close