Lifestyle
Вашиот пенис ќе стане по мал поради овие 4 причини

Можеби звучи непријатно за мажите, но сепак некои работи влијаат лошо врз големината на пенисот т.е постојат неколку причини поради кои пенисот може да се намали дури и до 3 цм.
Според статистиката просечната големина на машкиот полов орган е 13,12 цм должина.
Сепак ова се 4 причини поради кои пенисот се намалува.
1. Пушење
Некои од токсините во цигарите можат да ги оштетат крвните садови во пенисот,а со самото тоа се намалува и должината на машкиот полов орган. Сепак тоа не се единствените лоши вести, пушењето исто така може да доведе да имате проблем со ерекција.
2. Медикаменти
Апчињата кои што ги користат мажите кои што имаат проблем со простатата, може да доведат до намалување на пенисот. Покрај овие апчиња исто така и апчињата кои што се антидепресиви може да имаат исти несакани едефкти т.е намалување на должината.
3. Стареење
Ова веќе можеби Ви е познато. Со самото стареење машкиот полов орган се намалува, а тоа е поради тоа што самите вени не носат доволно крв во пенисот.
4. Операција на простата
Околу 70% од пациентите кои што ја оперирале простатата имале проблеми со намалување на големината на пенисот. Докторите сеуште неможат да објаснат зашто е тоа така.
Lifestyle
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!

Одбивањето да се прифати одговорноста и агресијата кон критиките се само дел од показателите за незрело однесување.
Луѓето се различни и во текот на вашиот живот ќе имате можност да запознаете различни типови на личности. Меѓутоа, ако забележите одредено однесување кое ви се чини дека не е во согласност со нивната возраст или ситуација, можно е да се работи за незрели луѓе.
Психотерапевтот Марко Јовашевиќ ги откри 12-те особини кои ја карактеризираат незрелата личност:
Тие одбиваат да преземат одговорност за своето однесување.
Кога се нерасположени, не се однесуваат љубезно со другите.
Тие реагираат агресивно на критиките.
Тие не ја гледаат поентата во подлабока анализа на сопственото однесување.
Тие нема да ги споделат своите проблеми со вас, туку со други луѓе.
Демантираат дека кажале некои работи.
Тие се убедени дека никогаш не грешат.
Нивните совети се претежно полни со гнев, нездрави и непожелни.
Ве убедуваат дека треба да се извините, дури и кога не се во право.
Кога ќе направите грешка, тие реагираат бурно и агресивно.
Ве убедуваат и ве тераат да не ги сакате луѓето кои не ги сакаат.
Скоро секој разговор што го водат е на тема омаловажување на други луѓе или озборување.
Lifestyle
За полесно да помине времето: Ако ви претстои првиот авионски лет, еве што треба да знаете

Без оглед на ситуацијата, веруваме дека ќе ги најдете советите кои можат да ви го направат поудобно времето на аеродромот. Ви ги пренесуваме во следните редови.
Цените на аеродромот не се наивни. За да избегнете да плаќате три пати повеќе за обична кеса со чипс или бисквити, најдоброто нешто што можете да направите е да го носите она што сакате да го јадете од дома.
Спакувајте празно шише со вода
Секогаш е препорачливо со себе да носите празно шише со вода, кое обезбедувањето нема да ви го земе и кое можете да го наполните со вода во бањата на аеродромот кога ќе почувствувате жед.
Пријавете се за вашиот лет однапред
За да не чекате предолга редица на аеродромот, погрижете се да се пријавите за вашиот лет онлајн 24 часа однапред. Згора на тоа, некои авиокомпании наплаќаат дополнително за пријавување во живо, што е дополнителна мотивација за да го направите тоа од дома.
Облечете се во слоеви
Целосно неповрзано со временските услови, треба да се облекувате слоевито кога планирате лет. Аеродромот може да биде толку ладен среде лето што ќе зажалите што ќе облечете само тенок фустан. Истото важи и за зимските услови. Облекувањето во слоеви ќе ве спаси од несакани настинки.
Носете пренослив полнач со вас
Понекогаш навистина може да се случи да чекате со часови на аеродром. Во тој случај, телефонот ќе ви биде начин да го пополните тоа време. Но, многу лесно може да се случи батеријата да ви откаже во најлош можен момент. Во овој поглед, мудро е да носите пренослив полнач со себе ако се покаже дека сите приклучоци на аеродромот се зафатени.
Спакувајте го вашиот лаптоп на лесно достапно место
Кога летате, ќе треба да ја отстраните целата електроника за проверка од обезбедувањето, поради што е важно да ги имате на дофат. Навистина лоша идеја е да го ставите вашиот лаптоп на дното на рачната торба бидејќи ќе мора да ги извадите сите работи од него додека другите патници гледаат.
Фотографирајте го вашето паркинг место на аеродромот
Изгледа прилично смешно, но дали сакате да талкате низ паркингот барајќи го вашиот автомобил кога ќе се вратите од патот, бидејќи сте заборавиле каде сте паркирале. Фотографија од паркинг место во телефонот е вашиот најдобар пријател.
Lifestyle
Кои намирници се препорачливи за жените доилки

Една од важните работи за доилките е да пијат доволнa количинa на течности како што се: Вода, јогурт и млеко, лесни билни чаеви, супи, свежо цедени сокови.
Алкохолните напитоци треба да се изостават, а кафето и чаевите од видот на црн и зелен чај, да се сведат на минимум. Се препорачува внес на 3 порции млечни производи во текот на денот и тоа посебно збогатени со витаминот Д (1 порација = 250 мл млеко или јогурт = 80 грама немасно сирење = 50 гр кашкавал)
Треба да консумираат разновидно овошје и зеленчук во најразлични бои, а да ги избегнуваат намирниците кои предизвикуваат надуеност: грав, леќа, соја, кикирики.
Јаткастите плодови (ореви, лешници, бадеми) и семките (ленено, сончоглед, семки од тиква) да се консумираат секојдневно.
Треба да се внесуваат доволни количини на месо и риба, особено сардина.
Секојдневно треба да се користат намирниците кои се извор на јаглени хидрати: леб, тестенини, ориз, компир. Но, потребно е да се избегнува храна која содржи транс масти како масни пецива, кекси, грицки, соленки.
Повеќето лекови преминуваат во млекото, па задолжително пред пиењето на било каков лек консултирајте се со лекар.
/денар
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Видео1 ден
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето
-
Македонија8 часа
Цената на дизелот од ноќеска се намалува, додека бензините остануваат со иста цена за литар
-
Автомобили1 ден
Електричниот Audi RS6 ќе пристигне следната година
-
Култура1 ден
Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие
-
Занимливости8 часа
„Зелена комета“ најблиску до Земјата за прв пат по 50,000 години, последен пат била видлива во камена доба
-
Магазин1 ден
Последната испорака на Boeing 747, првиот џамбо џет, заминува во историјата
-
Магазин1 ден
Bitcoin во јануари порасна за 40 отсто