Занимливости
Порта Хороскоп за денес (8.4.18) Недела
ОВЕН
Очекувате поддршка од оние со кои работите и сте непријатно изненадени од повлекувањето на некои од вашите колеги од договорот кој сте го направиле порано. Емоционалниот партнер денес е изненаден од вашите неочекувани барања или премногу критичен за сè што правиш.
БИК
Овој ден ви носи голема ангажираност и добра енергија која навистина ќе ви биде потребна. Имате многу обврски па повремено ќе се чувствувате како ви “лета времето” Организирајте се подобро. Останатиот дел од денот искористете го за одмор и релаксација со партнерот.
БЛИЗНАЦИ
Имаш чувство дека доцниш денес, што и да правиш. Колку и да се трудите да брзате, никако не успевате да ги исполните закажаните рокови. Можно е, поради голем број обврски, да мора да преместите состанок со саканата личност или да и посветите помалку време.
РАК
Имате многу малку време да ги завршите некои од вашите деловни обврски, ќе брзате и ќе ви пречи вметнувањето на други со коментари или акции. Во емотивниот сегмент, чувствувате силна страст и кај поединци е можна авантура или некој флерт. Во долгите врски ситуацијата е иста.
ЛАВ
Она што го започнавте сакате што побрзо да го завршите, но во моментов неможете да се пофалите со некој голем работен елан. Не можете да ја сокриете својата заинтересираност кон една личност, колку и да се трудите.
ДЕВИЦА
Иако ќе откриете дека не можете да одговарате на некои ситуации во деловниот сегмент и дека работите полека се лизгаат од вашата рака, во последен момент добивате вистинска помош од другите. Земете ја вашата пауза попладне, опуштете се малку, па ќе можете да функционирате подобро со вашиот партнер во текот на вечерта.
ВАГА
Вие сте многу нервозни бидејќи некои од договорите не успеаа, или не успавте да ја добиете вистинската комуникација со соработникот што ви беше важна. Немојте да бидете импулсивен и да ги бркате другите, тоа нема да ви даде резултати. Лицето за кое сте заинтересирани се повлече и не знаете што да мислите за целата ситуација.
СКОРПИЈА
Денес се наоѓате во голем расчекор со времето и тешко ви е да ги исполните сите обврски кои ви се наметнуваат. Многу кратки рокови, па ќе функционирате со нервоза. Саканата личност се однесува на начин кој за вас е неразбирлив и не се снаоѓате во новонастанатата ситуација
СТРЕЛЕЦ
Задоволни сте со начинот на кој се одвиваат сите ситуации во деловниот сегмент во текот на денешниот ден. Вие сте го направиле тоа што зависело од вас, сега останува само да ја чекате реализацијата. Саканата личност се обидува да ви објасни за некои свои постапки, но вие сте многу тврдоглави и критички настроени.
ЈАРЕЦ
Мала нервоза поради тоа што треба да чекате информазии поврзани со некој проект или договор. И покрај се ќе успеете да фунционирате и да се вклопите со луѓето со кои работите. Тешко постигнување на договор со саканата личност. Ќе имате отежната комуникација.
ВОДОЛИЈА
СО голем елан и енергија им пристапувате на своите обврски и добро ви доаѓа тоа што другите забележуваат колку сте ангажирани. Повремено се брзате, особено во средината на денот, но воглавно се успавате да завршите на време. Други приоритети ве одвлекуваат од долга средба со саканата личност.
РИБИ
Овој ден ви носи голема ангажираност но и доста личности со кои ќе остварите интересни контакти. Можност за важна средба. Не успевате да договорите средба со личност која ви е привлечна, се останува само на комуникација и допишување.
Занимливости
Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.
Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.
/denar
Занимливости
Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.
Извор: ArsTechnica
Занимливости
Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.
Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.
Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.
Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.
Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.
/денар.мк
-
Временска прогноза1 ден
Попоски најавува нови поплави дури по страшни од делчевските, ова се информациите..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (10 јуни)
-
Македонија12 часа
Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат
-
Временска прогноза6 часа
Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (11 јуни)
-
Мобилни уреди2 дена
Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android
-
Автомобили2 дена
Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло
-
Магазин2 дена
Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp