Култура
Премиера на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески во Кичево
Премиера на филмoт „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески во продукција на „Фрагмент филм“ ,во киното на Центарот за култура„Кочо Рацин“.
ПРЕМИЕРА: ЧЕТВРТОК 08.02.2018 год.
ПОЧЕТОК: 20:00 ЧАСОТ
ВЛЕЗ: 100 ДЕНАРИ
Центар за култура (голема сала).
Билети може да се купат на билетарата од Центарот за култура два часа пред почеток на филмот.
Резервирајте на време!
„Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, односно исцелител.
УЛОГИ
Веле – Благој Веселинов
Саздо – Анастас Тановски
Џем – Аксел Мехмет
Мрсни – Александар Михиќ
Коки – Мирослав Петковиќ
Тоде – Диме Илиев
Јана – Симона Димковска
Светската премиера на филмот беше на „Солунскиот филмски фестивал“ на 9-ти ноември, домашната на „Синедејс“ во Скопје на 19-ти ноември, а интернационалната во Талин на престижниот фестивал од А-категорија — „Црни ноќи“ на 25-ти ноември.
• Филмот „Исцелител“ ја доби престижната награда од публиката на „Солунскиот филмски фестивал“, која е воедно и прва награда на овој фестивал воопшто доделена на македонски филм.
• Филмот исто е прва македонско-грчка копродукција.
• Исцелител беше прикажан и на Интернационалниот филмски фестивал во Индија, Гоа, ИФФИ, во програмата „Cinema of the World“.
• За филмот бравурозни рецензии напишаа неколку од најзначајните свестски филмски списанија меѓу кои и Variety, Holywood Reporter и Screen Daly.
Филмот ја доби специјалната награда од жири за сценарио на
Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел, каде филмот „Исцелител“ беше прикажaн во официјалната компетиција на 5-ти и 6-ти декември.
• На 22-ри декември филмот имаше премера во Битола, а на 25-ти декември во Штип.
• На новогодишната ноќ во престижен термин филмот се емитуваше на светски најпопуларната ТВ мрежа HBO. Филмот во беше прикажан во вкупно 14 европски земиј на каналот Синемакс, кој е канал со особен осврт кон нови филмски остварувања и бисиери на светската кинематографија. „Исцелител“ е првиот македоснки филм достапен на услугата HBO GO.
• „Исцелител“ ја имаше својата премиера во Норвешка на 16-ти јануари на најголемиот фестивал во земјата, филмскиот фестивал во Тромсе.
• Филмот ја имаше својата американска премиера на 1-ви февруари на филмскиот фестивал во Санта Барбара, Калифорнија, каде е селктиран во официјалната селекција на интернационални филмови заедно со уште 11 други филма.
• По два и пол месеци од неговата премиера „Исцелител“ го погледнаа повеќе од 10 000 домашни гледачи.
Филмот не e наменет за лица под 16 години.
Театар
Ајде да се смееме, вечерва во Кичево и Гостивар доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“ со премиерата „Ја Мишките“
Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнуваат својата голема турнеја, а покрај сите градови доаѓаат во Кичево и Гостивар, каде за прв пат во овое градови ПРЕМИЕРНО ќе ја изведат нивната најнова урнебесна претстава “ЈА МИШКИТЕ”. Станува збор за урнебесна комедија, која со сигурност ќе Ве насмее до солзи!!!
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови, бидејќи овој месец имаат голема турнеја низ цела Македонија. Каде и да се појават, ги полнат салите во градовите ширум нашата земја.
Ова најново комично шоу на “Солза и Смеа”, ќе се одржи вечерва 17.10.2024 во 18:15 часот во НУЦК Кочо Рацин – Кичево, a потоа истиот ден на 17.10.2024 г. во 20:30 часот претставата со популарните Солза и смеа започнува во Гостивар во НУЦК АСНОМ – Гостивар.
Билети може да си резервирате 24/7 на 078/66-77-97
Побзајте, резервирајте си билети додека сеуште има!!!
Музика
(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец
Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“
дел од моќните стихови на песната.
Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.
Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:
Култура
(ФОТО) Славата на светиот Крст во преубавиот Манастир Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица
Торжествата во чест на Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов во свештената Обител на Светиот Великомаченик и Победоносец Георгиј во Рајчица, го достигнаа својот врв на светото литургиско собрание, предводено од нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј. Заедно со него, во овој врховен светотаински чин сослужуваа и архимандритите, јеромонасите и јероѓаконите на Бигорската Обител, а беа придружени и од нашиот долгогодишен собрат и почитуван пријател, отец Давид Сомалис, претставник на Архиепископијата на Тијатир – Православната Црква во Обединетото Кралство, како и од дебарскиот свештеник, о. Миле Ангеловски. Утрената богослужба и евхаристиското Таинство беа украсени со молитвените и слаткогласни напеви на нашите драги гости, псалтите Јоргос Савас и Атанасиос Куѓас, како и на хорот на Бигорскиот Манастир.
Целиот овој настан, во својот духовен и таинствен тек, ја носеше во себе длабоката симболика на Крстот, кој преку молитвените и умилителни стотици „Господи помилуј“ се спушташе и се издигаше пред нашите очи, како да сакаше да нѐ повика да навлеземе во длабините на неговото спасоносно значење. Ова таинство, скриено во самиот центар на христијанската вера, го открива Крстот како симбол на жртва и смирение, но истовремено и на воскресение и победа над смртта. Беше тоа жива поука, која нѐ повикуваше првин да се симнеме во себеси, да ги согледаме нашите падови и страсти, длабоко закопани во срцето, и со скрушеност и покајание да ги исповедаме пред Бога, за да примиме очистение и мир на внатрешниот човек.
Овој пат, кој е неизбежен за секој Христијанин, не е пат само на болка и страдања, туку е пат кон вистинското воскресение – преобразба на нашата ранливост и немоќ во ново, обожено битие. Само откако ќе се смириме во своите срца пред Крстот, ќе можеме да ја разбереме и вистинската сила која тој ја носи во себе. Тоа е силата на љубовта која победи, која се разоткри на Голгота и која продолжува да обединува, да надминува секој раздор и разделба. Во светот што се распаѓа под тежината на своите страсти и оттуѓеност, Крстот се јавува како единствениот столб на вистината и љубовта, преку кој се обновуваат и утврдуваат сите што искрено пристапуваат кон него.
Затоа, вдахновиме од овие торжествени мигови, ги вознесеме своите мисли кон Крстот и се молиме да станеме преносители на неговото обединувачко дејство, сведоци на спасоносната љубов која Христос ја покажа преку Своето Распетие. Со таа сила, нашиот збор може да стане жив и дејствителен, да ја зацврсти верата кај нашите солуѓе и да ги поттикне на подвигот на вистинската, пожртвувана љубов, што во суштина е срцевината на христијанскиот живот.
А има ли посилни зборови за ова од оние изречени од устата на нашиот Старец, во неговата инспиративна и полнотаинствена беседа? Неговите зборови нѐ повикаа да не гледаме на Крстот само како на орудие на страдање, туку како на патоказ кон преобразбата и спасението. Така, преку неговите зборови и пример, сме охрабрени да го носиме и споствениот крст со вера и надеж, зашто токму таму, во смиреното и во доброволно прифаќање на Крстот, ние ја наоѓаме вистинската слобода и радост на животот во Христа. Оваа беседа нѐ потсети дека Крстот, со своето длабоко таинство, не е само знак на болката, туку и на конечната победа над секој грев и смрт. Тој останува столб на вистината и на светлината во секое време и за секоја епоха, повикувајќи нѐ секогаш да Му се поклонуваме и да го бараме Неговото моќно воздејствие, преку кое и ние, како светите маченици и исповедници, се издигнуваме во полнотата на животот што Христос ни го подари, вели соопштението на Бигорски.
Повеќе фотографии од овој Господов настан ќе најдете на официјалниот линк од Бигорскиот Манастир – ТУКА, додека во продолжение исто така проследете го чествувањето во Навечерието ден пред Крстовден – ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (21 октомври)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (22 октомври)
-
Кичево8 часа
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
-
Временска прогноза23 часа
Според „Европскиот“ и „Глобалниот“ метео модел најверојатно зимата доаѓа во почетокот на месец ноември, ова се информациите
-
Македонија1 ден
Од ноќеска пониска цена на горивата во Македонија
-
Lifestyle9 часа
Кој е нормалниот крвен притисок според возраста?
-
Lifestyle1 ден
Додадете две состојки во зелениот чај и направете моќен напиток: Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите
-
Магазин1 ден
Apple може конечно да го реши овој проблем