Македонија
Укинување на забраната за планинскиот превој „Пресека“

Македонија
Со донација од ФФМ, се реконструираа спортски терени, игралиште за мал фудбал, систем за наводнување наменети за потребите на ЕБР

Министерот Спасовски во посета на реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“- Скопје, донација од Фудбалската федерација на Македонија
Денеска, (21.05.2022) во Полициски Центар „Ѓорче Петров“- Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Сашо Тасевски ги посетија реконструираните спортски терени – новото игралиште за мал фудбал со вештачка трева, големото фудбалско игралиште, како и системот за наводнување на игралиштето, наменети за потребите на припадниците на Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, донација од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Градежните и реконструкциски активности на спортските терени опфаќаат обновување на тревната површина на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа на фудбалскиот стадион со црева и прскалки за наводнување и одржување на тревната површина, фудбалскиот стадион, поставување на 4 столбови со 16 рефлектори на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа за малите фудбалски игралишта, поставување на вештачка трева со силикатна подлога на игралиштето за мал фудбал, поставување на фудбалски мрежи за головите на големото и малото фудбалско игралиште, како и донирање на фудбалски топки и делови од спортска опрема наменети за работните и спортски активности на припадниците на оваа Единица.

Facebook: Министерство за внатрешни работи
Ова раководството на МВР продолжува со зацртаните плански активности во насока на континуирано и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно унапредување на условите за работа на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, а со цел реализација на стратешки поставениот концепт „Опремена полиција – безбедни граѓани” – за медиумите велат од Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Ново поскапување на бензините од ноќеска, додека дизелот останува не променет – ова е новата цена за литар бензин!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80 % во однос на одлуката од 16.05.2022 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.
Од 19.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,339 (денари/килограм)
Македонија
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава

На 16.05.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик, извршено од страна на три лица, од кои еден државјанин на Белгија.
Имено, белгискиот државјанин Л.Д.С. во временскиот период од февруари до мај 2022 година, со намера да овозможи вршење полови дејствија со дете или други форми на сексуална експлоатација во Белгија, планирал и со лицата Е.А. и Ф.Б. -родители на детето, договорил склучување на присилен брак помеѓу него и нивната малолетна ќерка , односно дете со неполни 14 години.
Заради остварување на својата намера да го однесе детето во Белгија, Л.Д.С. во повеќе наврати престојувал на територија на Република Северна Македонија. Со цел да се обезбедат лични документи за патување за детето , Л.Д.С. на родителите на детето им дал околу 2.500 евра, и во неколку наврати преку брз трансфер на пари Union“ од Белгија на Е.А. му испраќал парични средства во различен износ.
Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 16.05.2022, извршен е претрес на дом и други простории каде времено престојуваат Е.А. и Ф.Б. во Струга, од каде е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело, додека на Меѓународен аеродром – Скопје е извршен претрес над лицето Л.Д.С., по што трите лица се лишени од слобода.
Истиот ден (16.05.2022), ОСОСК-СКИ-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против Л.Д.С. (38) од Белгија и Е.А. (33) и Ф.Б. (34) од Скопје, а со привремен престој во Струга, за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418- г став 2 од КЗ. Денеска (17.05) лицата ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.
Извор: МВР
-
Кичево1 ден
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (20 мај)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (21 мај)
-
Временска прогноза1 ден
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места
-
Спорт13 часа
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија
-
Магазин1 ден
Употребата на мобилни телефони од страна на децата забележа најбрз раст во последните четири години
-
Магазин1 ден
Канада му забрани на Huawei да учествува во 5G мрежите
-
Временска прогноза5 часа
Предвреме летни температури, ова се најновите детали