Следете не

Македонија

Пороен дожд и грмежи- еве какво време не` очекува до крајот на неделава

Објавено пред

на

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови значително облачно со локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната температура од пет до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната температура до 16 степени.

Во среда и четврток во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време.

Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот, кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Македонија

(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот

Објавено пред

на

Вчера (29.09.) во пресрет на почетокот на ловната сезона 2023/24 во Крива Паланка полициски службеници од Полициските станици за ГН и ГП Деве Баир и Крива Паланка одржаа работна средба со членови на ловното друштво „Осогово“, која што беше фокусирана на соработката и заедничките превентивни мерки и активности меѓу полицијата и ловното друштво „Осогово“  во насока на почитување на законите од оваа област и безбедно одвивање на сезоната.

Притоа полициските службеници нотираа повеќе важни укажувања, како што се задолжително носење на дозволи за поседување и носење оружје, задолжително пријавување на евентуалните движење долж граничната линија, неносење на лов на малолетни или други лица, и секако внимателност за безбедно одвивање на сезоната.

Напоредно со ова, вчера и полициски службеници од Полициската станица за ГН Попова Шапка имаа средби и разговори со месното население од селата Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце со цел превенирање и заштита на шумите од пожари и почитување на забраната за движење низ шумите.

Покрај ова, вчера и на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола и Штип беа реализирани превентивни активности и тоа од областа на безбедноста на сообраќајот во Крушево и во Делчево и од областа на превенција од имотни деликти во Штип и, исто така, во Крушево, известуваат од МВР

Прочитај повеќе...

Македонија

Намалување на цената на бензинот, дизелот останува не променет

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Објавено пред

на

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека цената на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, денес одлучи РКЕ.

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Месечен Хороскоп (октомври 2023)

ОВЕН Овој месец ќе морате помалку да се посветите на себеси и повеќе на тоа како се однесувате и што...

Скопје13 часа

Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 01.10.2023 година (недела) со почеток во 08.00 часот, поради одржување на...

Македонија19 часа

(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот

Вчера (29.09.) во пресрет на почетокот на ловната сезона 2023/24 во Крива Паланка полициски службеници од Полициските станици за ГН...

Спорт1 ден

(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Севиља со 1:0 на отворањето на 8.коло од Примера. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат...

На денешен ден1 ден

На денешен ден – 30 септември

1399.- Основачот на англиската династија Ланкастер, Хенри Болингброук (Хенри Болингброук) стана крал Хенри IV, ден по абдикацијата на Ричард II...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (30 септември)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Временска прогноза1 ден

Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината

Пред нас е еден долг период на сушно и стабилно време, иако повремено и локално можна е појава на многу...

Спорт1 ден

Извлечени паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал

Од „Куќа на фудбалот“ за медиумите истакнаа дека е реализирано извлекувањето и со тоа беше одреден распоредот на мечеви за...

Скопје2 дена

За сабота МВР најави посебен режим во Скопје поради велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 30.09.2023 година (сабота) со почеток од 15.00 часот, поради одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (29 септември)

ОВЕН Сосема просечен работен ден е пред Овните, па со малку поспоро темпо ќе ги завршат сите работни обврски. Просечен...

НАЈЧИТАНИ