Занимливости
„Путин, кај сииии!?!?!“: Балотели „си грми“ во Москва (ВИДЕО)

Со него никогаш не е досадно….
Екипата на Ница овие денови престојува во Москва, секако причина натпреварот против Локомотив утре од 17 часот.
Во Москва пристигна и контроверзниот Марио Балотели. Балотели на својот Инстаграм профил објави видео на кое испрати симпатична порака: „Путин каде сиии“, зборуваше Балотели во видеото.
Во продолжение погледнете како сето тоа изгледаше.
Марио Балотелли гуляет по Красной площади. Тут все понятно без перевода 😉 pic.twitter.com/iHeTM7pmvl
— СЭ Футбол РПЛ (@football_se) February 21, 2018
Занимливости
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините има потреба од 4 касиери или касиерки, како и еден пица мајстор, кои ќе бидат во редовен работен однос, платен превоз, редовна плата и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или да дојдат во објектот.
Занимливости
Сте се запрашале ли колкав е рокот на трање на вашите очила за сонце?

Очилата за сонце не се само моден детал, туку и ги штитат вашите очи од штетното сончево зрачење, помагаат во борбата против раното стареење, а штитат и од рак на кожа.
Тоа веќе веројатно го знаете, но она што можеби не сте знаеле е дека и очилата за сонце имаат рок на траење. Имено, експертите по спроведување на студијата на Универзитетот во Сао Паоло, предупредуваат дека очилата со време ја губат својата способност за заштита од блокирање на УВ зраците. Со други зборови, вашите очила најверојатно не ве штитат од УВ зрачењето толку добро како и пред неколку години…
Професорот по офталмологија, д-р Мајкл Ерлих вели дека стаклата едноставно ја губат својата ефикасна заштита поради минијатурни оштетувања, кои настануваат со ставање на очилата во футрола, да речеме- тие оштетувања не мораат дури ни да бидат видливи со голо око.
Недостатокот на заштита на очите од зрачење може да биде причина за проблем. Изложеноста на очите на УВ зраци е поврзана со катаракта и окуларен карцином. Исто така, кожата околу очите ќе старее побрзо поради изложеноста на UVA и UVB зраците.
Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди после колку време наочарите стануваат неефикасни, д-р Ерлих советува да ги менувате отприлика на секои две години.
/denar
Занимливости
„SpaceX“ на Илон Маск со четворица членови на екипажот безбедно пристигна на ISS

Леталото, кое беше лансирано од ракетната компанија SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск, со четиричлен екипаж безбедно пристигна рано утринава на Меѓународната вселенска станица (ISS) за шестмесечна научна мисија.
Екипажот се состои од руски космонаут, астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и двајца членови на екипажот од НАСА.
Леталото, наречено Ендевор, се приклучи на вселенската станица денеска, кратко по 06:40 часот по средноевропско време, речиси 25 часа по лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.
Приклучувањето беше потврдено кога ISS и капсулата летаа со брзина од 28.164 километри на час на околу 240 километри над Земјата над брегот на Источна Африка, според директен пренос на веб-страницата на НАСА.
Носачот на SpaceX, кој се состои од ракета „Фалкон 9“ на врвот на капсулата „Cru Dragon“ со автономна контрола, полета во 05:34 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.
Лансирањето беше емитувано во живо на веб-страницата на НАСА, а на снимките се гледа како леталото од 25 ката се издигнува од лансираната кула, објави Ројтерс.
Шестмесечната научна мисија на екипажот ќе вклучува околу 200 експерименти и технолошки демонстрации, почнувајќи од истражување за растот на човечките клетки во вселената до контролирање на запаливи материјали во микрогравитација.
Летот дојде 72 часа откако првичниот обид за лансирање рано наутро во понеделникот беше одложен во последен момент поради блокирање на протокот на течноста за палење на моторот.
НАСА објави дека проблемот е решен со замена на затнатиот филтер и чистење на системот, пренесе британската агенција.
/rtv
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април 2023)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (2 април)
-
Скопје21 час
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар
-
Временска прогноза2 дена
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..
-
Македонија1 ден
Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово
-
Занимливости2 дена
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата
-
Македонија1 ден
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин
-
Кичево2 дена
Нова неделна супер акција во АТВА Маркети – Кичево, купувајте по одлични цени!