Следете не

Македонија

Радувај се Македонијо, радувај се Охрид – Сара се врати дома, жива и здрава!

Објавено пред

на

Сара Настеска се врати во Охрид информираат од семејството на 15-годишната Сара и испраќаат огромна благодарност до сите за помошта.

„Почитувани, познати и непознати, ЛУЃЕ во вистинска смисла на зборот,Со овие неколку зборови сакаме да Ве известиме дека го поминавме најтешкиот дел од патот. Поминавме тешки моменти, сигурно најтешките во нашите животи, поминавме многу, но ги поминавме на крилата на поддршката која токму ВИЕ ни ја дадовте.

Сара синоќа пристигна во Македонија, а од утрово е веќе во својот дом во Охрид. Заврши третманот во болницата во Германија и состојбата на Сара секој ден се подобрува и нормализира. Треба да се направат повеќе контроли, да се почитуваат строгите насоки и препораки дадени од медицинските лица, но сепак, најтешкото е веќе зад нас.

Сега ние знаеме колку големо срце имаат охриѓани, но и сите граѓани од целата држава, од целиот свет, кои ни помогнаа кога ни беше најтешко. Секој збор е премал, што и да кажеме е недоволно за да ја изразиме нашата благодарност. Единствено што можеме е да помагаме и ние натаму, колку што можеме, онаму каде што е најпотребно. Токму тоа и ќе биде нашата мисија и преку секоја спасена детска насмевка ќе кажеме по едно благодариме за се` што ВИЕ направивте за нас.

Од срце ВИ БЛАГОДАРИМЕ за секој денар, за секоја насмевка, секој збор за поддршка, секоја прегратка за да ја поделиме болката заедно.

Ви благодариме ОД СРЦЕ
семејство Настески“, стои во писмото на семејството Настески.

Натпис од ОХРИД 24

 

Македонија

Во акциска вчера, пратени на технички возила кои вршат јавен превоз на ученици

Објавено пред

на

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од  сообраќај поради истечена регистрација.

Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, известуваат од МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Хуман гест, млад полицаец од Кичево, вработен во Охрид помага на постаро лице да помине преку улица

Објавено пред

на

ФОТО: publicitet.mk

Неодамна во Охрид кај местото Поштана (како што охриѓани го викаат тој потег) колегите од електронскиот медиум Публицитет забележале гест на Полицаец кој е за пофалба и поздравување.

Имено додека старица се обидувала да ја помине улицата и бавно чекорела, од полициското возило излегол полицаец ѝ ја фатил под рака и најгрижливо ѝ помогнал да ја премине сообраќајницата.

Иако непознат за јавноста и порталот Полицискиот службеник направил хуман гест кој ни ја враќа надежта во луѓето.

За овој чин, пофалби јавно упати и портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Денес дојдовме до ексклузивни информации дека полицискиот службеник кој покажа хуман гест, чин за сите пофалби е од Кичево, во СВР Охрид е повеќе од 2 години, неговиот идентитет е Мики Милосовски (23).

Се работи за млад перспективен кадар со спортски дух, расположен и сталожен карактер кој секогаш оддавал ведрина и почит према постарите. Ваквите личности секогаш влеваат надеж во иднината на сите вредни професионални полиња од животот.

За неговите амбиции и посебен придонес, признанијата доаѓале и претходно. Тој во ноември изминатата година се здобил и со Благодарница за успешно извршување на Полициските работи во меѓусекторската активност на “Безбедно лето” потпишана од првиот човек на Полицијата.

 

Во оваа прилика упатуваме честитки и од нас Мики, Кичево се гордее со тебе!

Прочитај повеќе...

Македонија

Вее снег на превоите Стража и Пресека

Објавено пред

на

Архива @porta.mk

Предмалку до нашиот медиум стигна информација од терен дека вее снег на превоите Стража и Пресека и истиот се задржува на коловоз.

Апелираме за внимателно возење, поседување на зимска опрема, како и почитување на поставената патна сигнализација за ограничување на брзина според условите на патот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Денвер поразен од Филаделфија, во спектакуларен меч на МВП центрите Ембид и Јокиќ

Кошаркарите на Денвер се поразени на гостувањето кај Филаделфија со 126:119 во спектакуларен меч кој го одбележа МВП дуелот меѓу...

На денешен ден2 часа

29 јануари – На денешен ден

1412.- Во Нови Брдо бил издаден „Законот за рудниците на деспотот Стефан“. Тој е важен документ за српската писменост и...

Хороскоп3 часа

Хороскоп за недела (29 јануари)

ОВЕН Немојте да се впуштате во поголеми инвестиции денес. Најдобро е да избегнувате тешки физички активности. Оние кои се во...

Занимливости4 часа

Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при...

Временска прогноза10 часа

Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така...

Скопје10 часа

Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото

На 27.01.2023 во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило...

Здравје и убавина15 часа

Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот

Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со трачање, ќе живеете подолго од две до десет години. Луѓето...

На денешен ден1 ден

28 јануари – На денешен ден

814 – Чарлс I Велики, крал на Франките од 768 година и римско-германски император од 800 година, умрел кога бил...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (28 јануари)

ОВЕН Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви...

Временска прогноза1 ден

Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа

Вечерва како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец....

НАЈЧИТАНИ