Кичево
Во Кичево: Спречен обид за кражба во Шпаркасе Банка

По неполни два месеци Шпаркасе банка во Кичево повторно цел на крадци. Обидот за ограбување на банката што се наоѓа во центарот на Кичево се случил пред половина час или околу 14 и 15 часот и пред се благодарение на брзата интервенција на полициските службеници, извршителот на овој обид е приведен и однесен во Полициска станица.
Ова се само првични неофицијални информации, а со целоснa информација, по прибирање на повеќе податоци, ќе излезе и МВР.
Извор: Нова Македонија
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за четврток (2 февруари)
-
Видео2 дена
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето
-
Македонија9 часа
Цената на дизелот од ноќеска се намалува, додека бензините остануваат со иста цена за литар
-
Автомобили2 дена
Електричниот Audi RS6 ќе пристигне следната година
-
Култура1 ден
Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие
-
Занимливости9 часа
„Зелена комета“ најблиску до Земјата за прв пат по 50,000 години, последен пат била видлива во камена доба
-
Магазин2 дена
Последната испорака на Boeing 747, првиот џамбо џет, заминува во историјата