Следете не

Без категорија

Што сè му прави шеќерот на организмот?

Објавено пред

на

Мирисот на домашните колачи буди сеќавања на безгрижно детство при што мозокот на телото му испраќа голема доза хормони на среќа кои делуваат како вистински антидепресиви.

Откако ќе изедеме коцка чоколадо, остатоците од шеќер се лепат на најоддалечените делови во устата – умниците. Таму се мешаат со бактериите и формираат киселина која ја уништува забната глеѓ. Иако слатките задоволства поттикнуваат позитивни вибрации во телото, премногу шеќер предизвикува лачење на серотонин (хормон за среќа), а премногу серотонин значи – хиперактивност.

Шеќерот исто така е опасен за бубрезите, црниот дроб и цревата, а понекогаш предизвикува и мамурност. Од мамурлакот ќе се чувствувате уморно, ќе ве мачат главоболки и проблеми со кожата, а често се случува и појава на алергиски реакции.

Нетолеранција кон шеќер
Доколку по консумација на шеќер, почувствувате болки во стомакот и мачнина тогаш сте нетолерантни на фруктоза. Овој наследен синдром може да биде опасен за бубрезите и црниот дроб.

Едносмерен пат на шеќерот до крвта
Отприлика, по 15 минути откако е внесен, шеќерот во големи количи преоѓа во тенкото црево. Таму се разградува на фруктоза и глукоза – која оди директно во крвта.

Ах, таа желба за „благо“
По консумација на слатка, во телото се ослободуваат хормони кои поттикнуваат пријатни чувства. Оваа желба за „благо“ ја поттикнува самото тело со тоа што е во потрага по „предизвикувачи“ на добро расположение.

Без категорија

АТВА Маркети со нова акција на производи по екстра намалени цени

Објавено пред

на

Производи на акција по супер неодоливи цени, само во АТВА маркети – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Денес е големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Објавено пред

на

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар.

Празнувањето кога не би била ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 би започнало најпрво со одењето на жените ден порано во малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат.

На денот на празнувањето 26 мај, во црквичето се одржува утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започнеше долго очекуваната народна веселба со музичка група.

За оваа веселба секогаш била обезбедена храна и пијалоци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала.

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка, сега обновена, изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време.

Постои претпоставка дека токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.

Нека ви е честит и вековит празникот наши пријатели беличани и кичевчани!

ФОТО: Архива / porta.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

25. коло во 2. МФЛ ќе се одигра в сабота. ФФМ ги покрива трошоците за тестирање

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ – Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК ќе спроведе ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје.

ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб) и официјални лица на натпревар се додека е на сила мерката за задолжително тестирање пред секој натпревар со Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ЗанимливостиПред 1 час

Нова научна студија потврдува дека состојбата на „Земја“ е алармантна

„Несовпаѓањето на енергијата“ укажува на разликата помеѓу тоа колку атмосферата и површината на Земјата ја апсорбираат сончевата енергија, во споредба...

КичевоПред 2 часа

(ФОТО) Поради превртен камион на превој Стража сообраќај по една коловозна лента

На патниот правец Гостивар-Стража, поточно на околу 500 метри пред планинскиот премин Стража, поради превртено ТМВ сообраќајот се одвива наизменично по...

На денешен денПред 9 часа

На денешен ден – 19 јуни

1566 година – Роден е кралот Jamesејмс Стјуарт, наследувајќи ја Шкотската круна како Jamesејмс Шести во 1567 година по абдикацијата...

ХороскопПред 16 часа

Хороскоп за денес (19 јуни) сабота

ОВЕН Без оглед на околината, немојте само да седите и да чекате за другите, туку да бркате што сакате самостојно...

Здравје и убавинаПред 18 часа

Мајчиното млеко за бебињата најдобар заштитник од сите вируси и нивните соеви

Со месеци, лекарите, и странски и домашни, зборуваат за тоа како бебињата добиваат антитела преку мајчиното млеко кои ги штитат...

МагазинПред 23 часа

Диета за 2021 година според бројот на побарувања

Барбара Ролс е основач на волуметриската диета и стана најпопуларна во 2021 година и тоа само како диета која брзо...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден – 18 јуни

1155 година – Папата Адријан IV го круниса германскиот крал Фридрих Први Барбароса за римски-германски император. 1429 година – Француската...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (18 јуни) петок

Овен Запаметете го добро овој ден, бидејќи ќе бидете среќни во секој момент. Венера ќе ви донесе насмевка на лицето,...

Временска прогнозаПред 2 дена

Попоски: Подгответе се за на плажа, следната недела доаѓаат температури до 40°C – детали..

Нестабилноста во попладневните часови ќе се задржи и во следните неколку денови кога ќе имаме локална појава на пороен дожд,...

КичевоПред 2 дена

И кичевскиот комплекс „Куќа на Уметност“ нуди работа за „Кувари и Пиц мајстори“

Кичевскиот реномиран комплекс „Куќа на Уметност“ во с.Кнежино има потреба од „Кувари“ за во кујна и „Пица мајстори“ – професионалци...

НАЈЧИТАНИ