Следете не

Здравје и убавина

Дали сте знаеле дека шеќерот влијае на психичката состојба кај луѓето?

Објавено пред

на

Истражувачите го поврзале конзумирањето на шеќерот со зголемен ризик од депресија, а најлошиот резултат може да биде шизофренијата. Шеќерот, исто така, предизвикува и
хронични воспалувања кои влијаат врз ослабување на имунитетот, функциите на мозокот и останатите органи кои се поврзани со депресијата. Интересно е што највисоко ниво на
депресија имаат земјите во кои е забележана најголема потрошувачка на шеќер.

Иако контрадикторни, голем број докази укажуваат на создавање зависност од шеќерот.

Дрогите и шеќерот го полнат мозокот со допамин. Истражувачите од Универзитетот Јејл откриваат дека само обичен поглед на еден сладок милкшејк ги активира истите делови во
мозокот како и помислата на кокаин кај луѓето кои се зависни.

Шеќерот може да предизвика замаглен поглед, проблеми со концентрацијата, а се тоа може да се опише како напад на паника, односно зголемено чувство на страв или грижа. Шеќерот
може да ја направи анксиозноста уште понепријатно чувство.

Диетата и исфрлувањето на шеќерот нема да ја излекува анксиозноста, но можат да ги намалат симптомите и да ја
подобрат способноста на телото да се бори со стресот.

Истражувачи од Универзитетот во Лос Анџелес со пример демонстрирале како зголеменото конзумирање на шеќер може да влијае врз губење на паметењето за само шест недели.
Имено, тие им давале на експерименталните глувци течност со фруктоза наместо обична вода, по што животните го заборавале патот по кој би избегале.

– Внесувањето на големо количество шеќер во организмот ја менува функцијата на мозокот и неговата способност да ги учи и памети информациите, изјави професорот Фернандо Гомез-Пиниља.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Мобилни уреди2 часа

Мобилна апликација крие малициозен софтвер кој пренесува информации, онлајн трансакции и приватности – бидете внимателни при инсталирање на мобилните апликации!

Апликацијата се рекламира себеси како „Telegram Premium“ за да скрие малициозен софтвер познат како FireScam. Telegram е апликација за пораки...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за петок (17 јануари)

Овен Сте морале многу нешта да зацврстите во своите лични совети за да можете да ги предочите своите идеи, кои...

Автомобили6 часа

Škoda испорача 926.600 возила на клиентите ширум светот во 2024 година

Чешкиот производител на автомобили ги зголеми испораките на возила за 6,9% во споредба со 2023 година. Најпродавани модели беа Octavia...

Кичево7 часа

Познато времето на спуштање на светиот Крст во Кичево, како и распоредот за претстојниот празник „Богојавление Водици 2025“

Се известуваат сите оние православни верници кои сакаат да земат учество во извлекувањето на Светиот Крст од осветените води во...

Македонија14 часа

Дизелот од ноќеска поскапува за 2 денари, додека бензините остануваат со иста цена

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

На денешен ден1 ден

На денешен ден – 16 јануари

1778.- Франција ја призна независноста на Соединетите Држави за време на американската војна за независност од британското колонијално владеење (1775-83)....

Временска прогноза1 ден

Стабилизација и целосно разведрување, но со многу ниски ноќни и утрински температури, нови снежни врнежи за сега на повидок после големиот празник Богојавление „Водици“

Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија, и истото...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (16 јануари)

ОВЕН Можеби се премногу посветени на некои ситни обврски и проблеми, па ги занемарувате оние крупните. Може да очекувате пријатна...

Спорт1 ден

Македонската ракометна репрезентација со „реми“ го започна големото натпреварување, испуштивме голема победа против Унгарците, но одиме понатаму!

Репрезентацијата на Македонија го постигна првиот бод на Светското првенство, бидејќи во првиот осминафинален натпревар ремизираше со Унгарија 27:27. Во...

Автомобили1 ден

Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена

Драматичниот скок на цените на новите автомобили во Европа открива загрижувачки тренд кој може да го промени начинот на кој...

НАЈЧИТАНИ