Без категорија
Погледнете зошто сите ги користеа фиксните скалила, а не ескалаторот (ВИДЕО)

Архитектите и дизајнерите во Стокхолм навистина знаат да им го разубават секојдневието на граѓаните. Претходниот ден сите се качуваа по ескалаторот, а наредниот ден никој не сакаше да им се испули на подвижните скалила.
Иако видеото е од пред неколку години, убаво е да се потсетиме како и колку може да се разубави и развесели сивилото на секојдневието ако човек знае како да го направи тоа.
Без категорија
Microsoft ќе ја исклучи поддршката за Windows 10 20H2 во мај

За само неколку недели, на 10 мај 2022 година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за корисниците кои не го ажурираат оперативниот систем Виндоус. Имено, тогаш поддршката за Windows 10, верзија 20H2, ќе престане.
Сепак, треба да се има предвид дека ова не е крај на поддршката за Windows 10 воопшто, бидејќи ќе трае до 2025 година. Со овој потег Microsoft сака само да ги „направи“ корисниците, доколку не сакаат да се надоградат на Windows 11, барем да имаат ажурирана верзија на оперативниот систем Windows 10. Компанијата објави дека по тој датум, на корисниците кои ќе повикаат поддршка за верзијата 20H2 ќе им биде наложено да ја надградат до најновата верзија, 21H2. Инаку, Microsoft од почетокот на оваа година агресивно ги тера корисниците да инсталираат нова верзија на ОС на нивните системи.
Што се однесува до крајот на поддршката, таа ќе се однесува на четири варијанти на Windows 10 20H2 OS, кои беа претставени во октомври 2020 година:
- Windows 10 Home, version 20H2
- Windows 10 Pro, version 20H2
- Windows 10 Pro Education, version 20H2
- Windows 10 Pro for Workstations, version 20H2
Извор: Betanews
Без категорија
Од сега споделувајте видеа директно од YouTube на SnapChat

Корисниците повеќе нема да мора да копираат или на друг начин да се обидуваат да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat.
Сега корисниците на Android и iOS можат директно да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat камера, било на Stories или на поединечни Snaps. Исто така, можно е да се применат креативни слоеви, како што е текстот, додека автоматизираните налепници на Snapchat ќе ги одведат гледачите директно до видеото, било во апликацијата YouTube или во веб-прелистувачот.
Сè што треба да направите е да кликнете на „сподели“ во апликацијата YouTube и да изберете Snapchat кога ќе се појави како опција. Snap истакнува дека ова е прв пат линковите на YouTube да можат визуелно да се споделуваат.
Новата опција ќе биде од посебно значење за оние кои сакаат да споделуваат пократки клипови, а за тоа на YouTube има Shorts кои се соодветни за апликацијата Snapchat.
Без категорија
Вечерва во „Куќа на Уметност“ концерт во живо на Ален Хасановиќ

Повторно на ваше барање во „Куќа на Уметноста“ доаѓа Ален Хасановиќ. Сите кои сеуште не го испланирале викендот и вечерта, слободни уште неколку места.
Резервации: 071/321-166
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (23 мај)
-
Хороскоп13 часа
Денешен Хороскоп (24 мај) – вторник
-
Lifestyle1 ден
Колку се заработува во Германија? Список на плати за 100 занимања
-
Македонија21 час
Од ноќеска ново поскапување на бензините!
-
Македонија2 дена
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница
-
Lifestyle16 часа
Претставници од „Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа“ учествуваа на хуманитарен турнир во „Бељот“ и се закитија со високото второ, односно трето место
-
Свет24 часа
СЗО: Светот се соочува со големи предизвици – се шири епидемија на мајмунски сипаници
-
Магазин1 ден
Комплетна листа на уреди што добиваат Android 13