Кичево
Според последните анализи регионот под каптажа Студенчица има неисправна вода за пиење

ЈЗУ Институтот за јавно здравје известува дека примерокот на вода за пиење од мерно Каптиран извор „Студенчица“ – Кичево сирова нехлорирана вода не одговара во однос на испитаните параметри од микробиолошката анализа заради наод на Pesudomonas aeruginosa и колиформни бактерии.
Во однос на останатите анализи, паразитолошка, физичко-хемиска и анализа на резидуи на пестициди, одговара на законските норми.
Од РЦУК – Кичево истакнуваат дека водата за пиење иако бактериолошки е неисправна на каптажата од изворот Студенчица, сепак, сите градови и поголеми населени места поседуваат станици каде што се хлорира водата и по овој процес водата е целосно бактериолошки исправна и може да се користи како за пиење така и за готвење.
Извор: РЦУК
Кичево
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг

На Балканскиот полуостров, со исклучок на тунелот Караванки помеѓу Словенија и Австрија, долг 8 км, еден од најдолгите тунели е и кичевскиот железнички тунел под планината Буковиќ, долг 7062 м и ги поврзува Гостивар-Кичево во железничкиот патен сообраќај, позициониран помеѓу селата Падалиште и Зајас.
Тоа е најдолгиот тунел не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров, од тоа што се знае изграден бил во 1960-тите години, но наши извори говорат дека 1970-та година бил изграден и за тоа време важел за извонреден инженерско-градежен подвиг.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 25.02.2021 година – четврток, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
Од 09:00 до 11:30 часот – МВР Кичево, дел од потрошачи на ул. 11-ти Октомври, 11-ти Септември и булевар „Ослободување“ во близина на Полиција – Кичево
Извор: Струја
Кичево
(ФОТО) Регионалниот пат Кичево-Битола се соочува со секојдневни одрони од планините, апел за поголемо внимание во сообраќајот

До нашиот портал пристигна фотографија од возач кој патувал по регионалниот пат Кичево-Битола, каде што може да забележиме одрони на коловозот, на сама кривина во близина на рибникот „Белица“.
Апел за поголемо внимание во сообраќајот, бидејќи во овој регион често пати се случува да има лизгање на земјиштето и одроните да го попречуваат движењето. Во ваков случај известете ги службите доколку истите не се санкционирани, со цел да се избегне поголема сообраќајна катастрофа.
ФОТО: Боро П
Час: 17:25
-
Кичево13 часа
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево15 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Регионалниот пат Кичево-Битола се соочува со секојдневни одрони од планините, апел за поголемо внимание во сообраќајот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (23.02) вторник
-
Занимливости3 дена
Најновите студии говорат дека луѓето кои носат очила имаат три пати помала веројатност против Ковид-19 вирусот
-
Свет3 дена
КОГА ЛУЃЕТО ЌЕ ОДАТ НА МАРС? Сè зависи од една одлука на Америка, експертите тврдат дека е поблиску отколку што мислиме!
-
Временска прогноза3 дена
Топло време и пролетни температури – Најнови детали за времето денеска