Временска прогноза
Детална анализа: Викендов стабилно и суво, од Понеделник дожд и снег.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека по котлините претпладне ќе има појава на магла и ќе се задржи постудено време. Преку денот времето ќе биде сончево особено на повисоко и со мала до умерена облачност поголема во западните делови. Ќе дува поизразен западен ветер во западните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.
За време на викендов времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне.
Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата, а овој ветер ќе дува и во среда.
Најстуден град во Макдонија утрово е Берово со измерени шест степени под нулата во 7 часот, а највисока снежна покривка од 19 сантиметри има на Попова Шапка, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минусни температури (-4) утрово се измерени во Тетово, Битола, Прилеп, Скопје (мерна станица Петровец), Штип и Демир Капија, -3 степени во Крива Паланка и Гевгелија, -2 Скопје (мерна станица Зајчев рид) и Куманово и -1 степен во Виница. Во Дојран се измерени 0 степени, 3 во Крушево, 4 во Претор и 6 степени во Охрид.
Во Маврови Анови има седум сантиметри снег, во Берово 3 и во Крива Паланка два сантиметра снежна покривка.
Во котлините преку ноќта и утринава има појава на магла. На запад и особено на повисоко дува умерен западен ветер. На северот и на југозападот има зголемена облачност.
Временска прогноза
Следи целосно разведрување, но ќе биде многу ладно – ова се сите актуелни метео информации

Денес (19.2.2025 среда) од пладневните и попладневните часови во нашата Република Македонија ќе настапи целосно разведрување на времето, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, особено Во Повардарието и со брзина локално и повремено од над 60 км/час.
Температурите преку денов на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а само во југоисточните предели тие ќе надминат за некој степен над 5 степени. Сепак, да напоменам дека понекаде, особено на повисоките населени места, планините, секако и Скијачките центри температурите и преку денов ќе бидат негативни, односно под нулата.
И во Скопје во текот на денов ќе настапи целосно расведрување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец.
Од крајот на денов и во вечерните часови, кон утрешниот ден (четврток 20 февруари) температурите ќе бидат уште пониски од сега, што значи ќе имаме исклучително ладно време со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу -10 степени, локално и под -10 степени, а во Беровскиот регион, повисоките населени места, планините, и секако Скијачките центри температурите ќе се спуштат до близу -15 степени, а не се исклучува можноста тие да се спуштат и под -15 степени, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести

Под влијание на нов поларен, но сув воздух, од среда 19 февруари, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени.
Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.
Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.
Токму поради овој продор на поларниот воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски

Од ноќта кон понеделкник, како и во понеделник (17 февруари) влажен и ладен бран од север ќе ја зафати територијата на Република Македонија кој ќе услови повремени врнежи, кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд и особено во северозападните и во северните предели повремено ќе преминуваат во врнежи од снег. На повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег, каде снежната покривка ќе се прошири и зголеми.
Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината со овој бран ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе врне снег, а повремено врнежи од дожд и снег, или влажен снег ќе има и во повисоките делови од котлината, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, во понеделник (17 февруари) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 6 степени, додека во текот на денот тие ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имаме викендов, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.
Во Скопје во понеделник (17 февруари) температурата ќе се искачи до околу 5 степени, пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија20 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Македонија3 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Lifestyle1 ден
Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo