Кичево
(ФОТО) Пречек на Стара нова година со топла ракија, колбаси и пита со паричка

Традиционално граѓаните на Кичево за пречекот на Старата нова година во сите градски населби палат василичарски огнови. Крај огновите се собираат голем број граѓани, кои за оваа прилика подготвуваат домашни колбаси и свинско месо, а тука е и неизбежната топла ракија, и сето тоа зачинето со музика од многуте оркестри од градот.
Во повеќето населби се бираат и василичарски кумови, кои го организираат пречекот на старата Нова година и ја преземаат улогата на домаќини, а притоа се грижат и да има доволно количество мезе , топла ракија и полноќна пита со паричка.
– Во нашата населба повеќе од две децении се избираат василичарски кумови. На почетокот тоа ни изгледаше како проба, но од година во година овој пречек добиваше се поорганизирана форма, и сите како едвај да го чекавме пречекот на Старата нова година и убавата дружба во таа ноќ, последна по Јулијанскиот календар. Секоја година по едно семејство во нашата населба го презема кумството, или пак, повеќе семејства од една фамилија ја преземаат оваа улога. Кумот ќе се погрижи за да има доволно топла ракија, мезе и туршија и на самиот пречек на Старата нова година, своите соседи и пријатели да ги послужи со тазе подготвена пита со паричка. Годинава и времето е на наша страна, и тоа е причина повеќе за да бидеме собрани во голем број и да направиме незаборавен пречек – рече Саша Дукоски, жител од населбата Коњски Ливади.
И додека го водевме разговорот, оркестарот непрекинато ги веселеше гостите, а тие несебично му возвраќаа со игра и песна.
Извор: Зоран Антоски / Нова Македонија
Кичево
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта

Во денешната акција дел од учениците од ООУ Др „Владимир Полежиноски“ од Кичево фрлаа цветни бомби низ градот и ги запознаа граѓаните со нивната акција.
Исто така ја посетија и детската градинка „Олга Мицеска“ и ги едуцираа најмалите за важноста на цвеќината врз пчелите.
Група на ученици ги отпочнаа пролетните активности во нивната градина, додека останатите ги исчистија улиците околу учииштето.
Во прилог галерија од денешниот настан на најмилите:
Кичево
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на излез од град Кичево према Македонски Брод на клучката кај с.Србјани.
Од извори на терен пмв „Yugo“ со кичевски регистарски ознаки, поради непознати причини изгубило контрола на движење и излетало од коловозот.
Неофицијално има повредени. На терен се забележуваат екипи на ОВР Кичево, лица од Медицински центар Кичево, додека на помош/интервенција била повикана и ТППЕ Кичево.
Кичево
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ

Вчера на 19.03.2023 година во 20:30 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во зграда лоцирана на улицата „11 септември“ во Кичево, настанал пожар во кој, нема повредени лица.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Кичево8 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Кичево5 часа
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Хороскоп39 минути
Хороскоп за среда (22 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза1 ден
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!