Спорт
Стефановски за 101 секунда го нокаутира Михаила и стана светски првак во К-1! (ВИДЕО)

Македонскит борач Даниел Стефановски направи голем подвиг и стана светски првак во К-1 на суперкомбат.
Тој до светската титула дојде на супер-убедлив начин откако за 101 секунда го нокаутира Аделин Михаила од Романија во борбата која се одржа во Букурешт, Романија.
Погледнете како македонскиот ас го оствари најголемиот успех во кариерата:
Спорт
Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари

Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот од ланската сезона во натпреварувањето, Струга Трим Љум ќе гостува кај Воска.
Работнички ќе игра против Шкендија, Пелистер против Тиквеш, Шкупи со Охрид, додека пак Брегалница за противник го има тимот на Јанг Тим. Силекс ќе ги одмери силите со Башкими, додека Брера со Гостивар.
Мечевите за закажани за 25. октомври.
ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Вардар – Македонија Ѓ.П
Брегалница – Јанг Тим
Работнички – Шкендија
Силекс – Башкими
Пелистер – Тиквеш
Брера – Гостивар
Шкупи – Охрид
Воска – Струга
Што се однесува до комисијата за натпревари на ФФМ, на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија, пренесуваат од Федерацијата.
Спорт
Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе бидат на располагање на квалификациските мечеви во октомври, односно против Македонија во Прага на 14 октомври, и три дена подоцна против Малта во Ла Валета.
На листата повикал вкупно 25 фудбалери, а во него се и тие повисоко рангирани според фудбал маркетот, Олександр Зинченко, Руслан Малиновски, Роман Јаремчук, Михаило Мудрик…
Македонија на првиот меч во Скопје имаше два гола предност, но на крајот загуби од Украина со 2-3 и се чини дека за тој меч треба и тоа како да се одмаздиме на гостински терен!
На списокот на Сергеј Ребров се наоѓаат следните фудбалери:
Спорт
Нашата женска „А“ репрезентација на Македонија забележа минимален пораз од Бугарија на домашен терен

Женската А репрезентација на Македонија забележа минимален пораз од Бугарија во рамките на првото коло од групата 5 во Лигата на нации. Избраничките на селекторот Кирил Изов не успеаа да ги искористат своите прилики, противникот рано поведе и успеа да ја сочува минималната предност до крајот на натпреварот.
Двете репрезентации одиграа возбудлив натпревар со многу борба и желба за победа. Гостите од Бугарија беа поконкретни кон нашиот гол и успеаа да слават заслужена победа.
Стрелец на единствениот погодок за нашиот источен сосед беше беше Станкова во 4. минута од средбата.
Во следното коло од Лигата на нации, кое ќе се одигра во ноември, женската А репрезентација на Македонија силите ќе ги одмери со селекцијата на Косово.
Македонија: Панчурова, Милчевска, Коларвоска, Ефтинџиоска, Андреевска, Шемсовиќ, Андонова, Дервиши, Рочи, Максути
Селектор: Кирил Изов
-
Временска прогноза2 дена
Од вечерва и во текот на утрешниот ден локален дожд, еве каде..
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (25 септември)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (26 септември)
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена
-
На денешен ден13 часа
На денешен ден (26 септември)
-
Спорт21 час
Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров
-
Магазин1 ден
Facebook сега ви овозможува да креирате повеќе лични профили
-
Магазин1 ден
На првиот тест за издржливост, iPhone 15 Pro покажа дека не е толку отпорен и покрај титаниумскиот дизајн