Следете не

Lifestyle

Странец објавил водич за „мување“ девојки од Македонија

Објавено пред

на

Странец на возраст од 38 години, кој е во Македонија како менаџер на странска фирма повеќе од две години, решил на блог да постави сопствени искуства и да објави препорака што и како го очекува некој во врска со девојките кога ќе дојде во Македонија.

Македонските се прилично секси девојки

Пред да дојдете во Македонија, ви препорачувам добро да го подготвите вратот, бидејќи постојано ќе се вртите по прекрасни девојки по улиците на Скопје. Македонките се со природен сексипил во себе, високи се и претежно добро градени особено помладите девојки, имаат долги нозе, негувана коса и ведри се, со убави задници и генерално помали гради. Тие, според мое мислење, спаѓаат меѓу најсекси жените во овој дел на Европа.

Клучната разлика меѓу нив и другите девојки во Европа е нивната страст. Тешко ќе најдете девојки со ладно срце или студено држење. Нивниот темперамент наликува на жените во Шпанија. Иако првично се срамежливи, тие брзо се ослободуваат од дистанцата кон странци.

Овде девојките се – навистина природни жени

Македонија, како и соседните држави, отсекогаш имала отпор кон феминизмот, но патувањата и контактите со западна Европа, холивудските филмови и масовното користење други медиуми полека го менуваат тоа. Иако многу девојки се пораснати во патријархален амбиент, семејните вредности полека изумираат. Додека не изумре таа природна женственост и Македонките да се претворат во Германки или Холанѓанки, овие девојки овде дишат како полнокрвни жени неоптеретени со феминизмот и задоволни што се во центарот на машкиот свет.

Сепак, Скопје не е местото каде што доаѓате да имате секс набрзина. Не очекувајте секс за една ноќ овде, бидејќи тоа не е вообичаено или прифатливо за девојките во Скопје, барем за најголем дел од нив.

Зборуваат англиски

Македонските жени добро зборуваат англиски, особено помладите во Скопје за кои имам искуство околу тоа. Образовани се повеќе отколку што очекувате за девојки од една посткомунистичка земја од источна Европа и бидете внимателни кога зборувате за груби работи во нивно присуство.

Не е само недела денот за забава

Она што можете да го видите во Грција, ако сте биле некогаш по работа или на одмор таму, ќе го видите и овде. За разлика од кај нас, во западна Европа, овде забавите и излегувањата по кафетерии и ресторани е речиси секојдневно а не само во сабота и недела, па затоа имате постојана прилика да среќавате девојки на јавни места и бидете во контакт со нив. Но, да не згрешите и се доведете себе во состојба која може да биде прилично непријатна за вас, не приоѓајте кон скопските девојки ако сте пијани, агресивни или арогантни. Тука би згрешиле многу затоа што можете да добиете грубо отфрлање, па и повеќе од тоа. Бидете пристојни, нормално облечени и не се рафрлајте со фалење од каде сте, колку заработувате и каква кола возите и за кратко време ќе имате неколку пријатели, а и пријателство со девојки кои во такви околности се спремни да го поделат времето со вас.

Секс во Скопје не е толку лесно остварлива работа како во Кина, Бугарија, Романија или Украина на пример. Но, затоа, и девојките овде се со многу повеќе содржини и потенцијал за врска отколку во тие држави. Македонците, генерално, немаат голем отпор кон странци ниту пак себе се сметаат за помалку вредни во однос на луѓето од западна Европа за да бидат покорни кон вас и да ви дозволат ароганција. Добри домаќини се Македонците, но првин треба да стекнат доверба во вас.

Постојат два типа Македонки

Ако морам да ги поделам во две групи би ги поделил според музиката што ја слушаат и тоа може да биде добар знак за прва проценка со кого имате работа. Во првата група се девојки кои слушаат домашна и во втората се девојки кои слушаат странска музика.

Девојките кои слушаат локална музика, најчесто македонска и српка наречена од турбо фолк, се отворени, емотивни и многу комуникативни со околината, сакаат повеќе да пијат од другите и да уживаат во животот. Но, штета е што овие девојки помалку комуницираат со странци.

Оние што слушаат странска музика се поотворени кон странците и ги прифаќаат другите култури, често се и со повеќе образование,  но ретко кај некоја од нив ќе ја видите радоста на живеењето и позитивната енергија која е толку силно забележлива кај девојките од првата група. Тоа е како да споредувате девојки од шпанскиот брег со девојките од Холандија или Белгија. Па, на вас е  внимателно да одберете што ве привлекува повеќе.

Култура и граници во комуникацијата

Македонците не се како другите од комунизмот, зад железната завеса. Тие отсекогаш имале слобода на патување и приватни мали бизниси, и многу од нив работат во странство и добро ја поизнаваат западната култура, и себе се сметаат за дел од тоа. Фирмата во која работам лесно наоѓа кадар кој брзо се вклошува во западните стандарди на работа и комуникација.

Македонците сметаат, барем голем дел од нив, дека се стар народ со антички вредности и горди се на тоа такашто не е препорачливо да спорите на таа тема и да се карате околу фактите. Како мал народ постојано се под закана од некои поголеми соседи и прилично се чувтсвителни на односите со Албанците и одбегнувајте разговори на таа тема бидејќи можат брзо да станат непријатни, па и агресивни кон вас. Некои се подготвени и да разговараат на тие теми но, имајте на ум дека тие имаат пријатели и роднини кои не се така еластични. Ако сте тргнале во комуникација и освојување на девојки тие етнички теми спаѓаат во крајно непосакувани и ризични.

Воопшто, Македонките се лично многу оптоварени со политика и етнички односи но, тоа се смета за домашна тема и не е нешто кое искрено се разговара со странци во кои, кога се политиката и етничките теми во прашање, Македонките и Македонците немаат доверба.

Мангупи

Не наседнувајте на впечатокот дека девојките во Македонија, особено во Скопје, се љубезни кон вас и прифаќаат без отпор многу од она што го зборувате. Тоа е повеќе гест на гостопримство и добра воља кон странец отколку нивна наивност и неупатност. Напротив, мангупки се. Ќе ве сослушаат неколку пати, а потоа одеднаш ќе ви го покажат вистинското лице ако заблежат дека сте се стекнал со впечаток дека карши вас седи наивна девојка на која можете да и продадете се што ќе ви падне на памет за да ја освоите.

Изгледот знае да излаже

На крај она што кај странец кој бара друштво на девојка се случува на почеток, а тоа се проценки и предрасуди за изгледот и однесувањата на девојките во Македонија. Не дозволувајте првиот впечаток да ви биде и главен, овде со тоа сигурно ќе згрешите.

Македонките, особено младите под 30 години во Скопје, се облекуваат и однесуваат прилично провокативно пред се затоа што покажувањето сексипил во Македонија, во Скопје, е нешто кое се смета за секојдневна нормална култура и обичај и девојките немаат проблеми со тоа. Се дотеруваат долго пред излегување и сакаат да бидат секси дури и кога се во женско друштво, без никакви намери или планови со тоа.

Кај странец од западна Европа тоа може да се протолкува како понуда на лесна девојка која отворено ја промовира својате сексуалност а вие нормално таа понуда ја прифаќате и стапувате во акција. Не избрзувајте. И во Шпанија, Португалија или Бразил девојките се однесуваат така, но не се курви.

Излегување и секс

Излегувањето сам во ноќен бар или дискотека за да се најде женско друштво е самоубуствено, ќе ве сметаат за фрик и асоцијален тип. Ако веќе излегувате сами гледајте што е можно побрзо да се приклучите на некоја група. И, внимавајте многу кој е во групата и какви им се односите. Македонија долго била дел од Ориентот и мажите се прилично територијално ориентирани па, доколку проценат дека влегувате во нивна територија без исклучок ви следи исфрлање.

Има разлика во пристапот помеѓу девојките од Скопје и оние од внатрешноста, особно студентките, кои се ослободени од грижата дали некој ги гледа и озборува, Скопје им е ново место и шанса за забава и многу полесно создаваат контакти и имаат секс со странци. Постои лесно забележлива разлика во одност помеѓу девојките до 25-30 години и потоа, вториве се многу повоздржани, имаат содржина и образование за комуникација и дружење, но се многу потешки за секс.

Притоа, ако не сте расположени за додворување а имате пари, секако постојат и девојки за платена забава, овде наречени спонзоруши, кои се дружат со странци за привилегии или надоемст, како и на други места и не се скапа играчка како во Европа.

Lifestyle

Децата постојано се на мобилните телефони. Тоа може да биде опасно, велат студиите

Објавено пред

на

Прекумерното користење на мобилните телефони предизвикува зависност и остава траги на детската психа, децата одат да спијат со нив, се будат, јадат, играат, учат, а последиците се зголемување на бројот на деца со ментални нарушувања и насилство кај врсниците, дебелина. и дигитална деменција, предупредуваат експертите.

„Бројни студии во светот и во Хрватска укажуваат на зголемување на ризикот за ментално здравје, особено во адолесцентната возраст, но тој се повеќе се намалува на помлада возраст. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), секој седми адолесцент на возраст меѓу 10 и 19 години имаат одредени потешкотии во менталното здравје, а во Хрватска тоа е повеќе од 11 проценти“, рече директорката на Институтот за јавно здравствено образование на сплитско-далматинската жупанија Жељка Карин на минатонеделната тркалезна маса за влијанието на мобилни уреди за менталното здравје на децата во Сплит.

Насилство, самоповредување, недостаток на социјализација

Здравствената слика на училишните деца и младите покажа дека повеќе од 49 илјади девојчиња и момчиња во Хрватска имаат некакво ментално растројство и дека зачестеноста е поголема кај момчињата отколку кај девојчињата. Поради зголемената употреба на мобилни телефони, не само од децата, туку и од родителите, неопходно е да се зајакне свеста за тоа колку е важно да не се користат мобилни телефони во домашната и семејната атмосфера, а најмалку на училиште, рече Карин.

Психијатарот Жељко Кључевиќ предупреди на употреба на мобилни телефони за време на училишните часови и долгите одмори. Децата се помалку фокусирани на наставниот процес, недостига социјализација, има сајбер-малтретирање, анксиозност, нарушувања во исхраната, има искривена слика за себе, а има и неовластено фотографирање на наставниците. Достапни се социјалните мрежи и несоодветната содржина, па се случува насилство, самоповредување и слично.

Опасноста од дигитална деменција

Според Кључевиќ, појавата на дигитална деменција треба да биде особено загрижувачка. Станува збор за низа симптоми и знаци кои влијаат на намалувањето на когнитивната функција и се слични на оние на деменцијата, а се појавуваат како резултат на прекумерна и неадекватна употреба на дигитални технологии како што се мобилни телефони, таблети и компјутери.

Според податоците на Blue Phone, децата ги користат мобилните телефони за да снимаат буквално сè, дури и што не треба, а снимките често ги користат за да ги исмеваат своите пријатели и соученици и да објавуваат на социјалните мрежи. Исто така, пребарувањето на податоци за самоубиства и самоповредување кај децата и адолесцентите е зголемено за 50 проценти.

„Треба да го вратиме интересот на општеството за превенција, да развиеме мрежа на соработка меѓу институциите, здруженијата и поединците, да усвоиме и примениме примери на добри практики, а родителите да играат клучна улога покрај образовниот систем“, вели Кључевиќ.

„Не се сите деца зависни од мобилни телефони, но…

Десет години со проблемот на користење мобилни телефони кај децата се занимава педагогот во основното училиште „Локве-Грипе“ Агнес Јелачиќ, која наведува дека 40 отсто од учениците од седмо и осмо одделение заспиваат по 23 часот бидејќи времето го поминуваат на мобилни телефони. , поради што доаѓаат на час наутро поспани.

„Детето кое учи со мобилен телефон, и постојано прима пораки, не може да се концентрира на учење или да го задржи фокусот. Тоа се фактори кои влијаат на успехот и учењето. Не можеме да кажеме дека тоа е случај со сите, ниту пак сите деца се зависни до мобилните телефони, но забележуваме дека ги има се повеќе кои се плашат дека ќе го загубат мобилниот телефон и ќе завршат во затвор и тоа е она што не загрижува“, изјави Јелачиќ.

/Index.hr

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Дали е пожелно бојлерот постојано да е вклучен?

Објавено пред

на

Вистина е дека за поефикасно ладење и помали трошоци за струја, подобро е климата да работи со полна моќ во текот на денот. Но, што се случува кога станува збор за бојлерот? Дали ќе заштедиме на трошоците за струја ако ја чуваме 24/7?

И додека некои ја застапуваат теоријата дека е покорисно џебот да го остави бојлерот вклучен цел ден и ноќ бидејќи целата вода не мора да се загрева, други сметаат дека е подобро да се вклучува кога е потребно.

Сепак, се чини дека нема да заштедите дополнителни пари доколку вашиот бојлер е постојано вклучен, пренесува Net.hr.

Сè зависи од ова

Се разбира, сè зависи од бројот на членовите на домаќинството. Доколку се работи за самец или брачен пар, порационално е да се вклучи бојлер по потреба.

Од друга страна, ако се работи за семејство со голем број членови, веројатно најзгодно им е да го имаат постојано вклучен бојлерот бидејќи на некој ќе му треба вода во секој момент.

„Важна улога има и намената на бојлерот. Ако бојлерот е наменет само за туширање, тогаш има смисла повремено да го вклучувате, а ако се работи за бојлер со голем проток што го користите и за потребите на кујната, тогаш можете да го држите цело време вклучен, бидејќи ќе почесто треба топла вода“, велат експертите.

Секако, ако се грижите за штедење, обидете се да го вклучите бојлерот кога тарифата е поевтина.

/Danas

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Аматерски астрономи снимија необичен блесок на Јупитер

Објавено пред

на

Пред неколку дена астрономите снимија краток светлосен блесок на Јупитер, предизвикан од удар на небесно тело на „гасниот џин“.

Сликите, направени нешто повеќе од еден час по полноќ на 29 август, се направени од два аматерски астрономски колективи: OASES и PONCOTS.

Различни вселенски тела често го погодуваат Јупитер поради неговата силна гравитација и близината до главниот астероиден појас. Астрономите забележале голем број такви случаи, најзначајните во 1994 година, кога остатоците од кометата Шумејкер-Леви 9 удриле на петтата планета на Сончевиот систем, по што нивните траги во атмосферата биле видливи со месеци.

Јупитер игра важна улога во заштитата на внатрешниот Сончев Систем од удари на астероиди и комети со привлекување и апсорпција на удари или исфрлање потенцијално опасни објекти понатаму во Сончевиот систем.

Се смета дека фреквенцијата на удари на различни небесни тела на Јупитер е помеѓу 2.000 и 8.000 пати поголема од ударот на Земјата.

/euronews

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за среда (27 септември)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Спорт11 часа

Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари

Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот...

Автомобили21 час

(ВИДЕО) „BMW XM“ изненади на тестот на еден престижен настан за автомобили

Шпански специјализиран сајт го тестираше BMW XM, првиот независен модел М, но и најтешкиот сериски BMW во продажба од 2.800...

На денешен ден22 часа

На денешен ден (26 септември)

1186 – Дубровник склучил мир со српскиот голем префект Стефан Немања, кој се обидел да го заземе градот во два...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (26 септември)

ОВЕН Размислувајте однапред при носењето одлуки на деловно поле и важно е некои проекти добро да ги организирате. Со саканата...

Спорт1 ден

Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе бидат на располагање на...

Македонија2 дена

Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за...

Магазин2 дена

Пристигнаа првите информации за серијата Google Pixel 8: Дали iPhone 15 добива „ривал во сенка“? (ФОТО)

Впечатоците по iPhone 15 сè уште не стивнуваат, а веќе ги имаме првите информации за новиот изданок на серијата Google...

Магазин2 дена

Snapchat се обидува да им отежне на тинејџерите да се поврзат со странци

Snapchat додава нови функции кои имаат за цел да ги обесхрабрат тинејџерите да комуницираат со странци на својата апликација. Промените...

Магазин2 дена

YouTube работи на алатки за вештачка интелигенција за да им помогне на креаторите

YouTube има нови AI функции за креаторите. Функциите со вештачка интелигенција што компанијата ги објави на настанот „Made on YouTube“...

НАЈЧИТАНИ