Македонија
Струмичкиот карневал ќе се одржи од 14 до 21 февруари, главната поворка на 16 февруари

Годинешново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 14 до 21 февруари. Организациониот одбор ја објави програмата, а традиционално карневалот почнува со Детскиот маскенбал на 14. февруари.
Наредниот ден е резервиран за Концертот под маски на Музичкото училиште Боро Џони од Струмица, како и за објавување на резултатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката Благој Мучето. На вториот ден ќе биде отворена и изложбата на фотографии од минатогодишниот карневал.
В петок, на 16 февруари е свеченото отворање на Струмичкиот карневал 2018 со одржувањето на традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно кралската свита ќе ја предводат големата интернационална карневалска поворка на главната карневалска вечер на 17. февруари во 18:30 часот
Поворката од над две илјади учесници ќе се движи по улицата на Струмица, а завршните настапи групите од Македонија и странство ќе ги имаат на плоштадот Гоце Делчев пред жири комисијата.
Празникот Прочка на 18 февруари, в недела, е резервиран за Детскиот карневал, на кој најмладите ќе продефилираат во маските на нивните омилени јунаци од филмовите и бајките.
На Чист Понеделник, 19. февруари, карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резулатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК Антон Панов во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните.
Претпоследниот ден е резервиран за доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер и одржување на Тримерска карневалска вечер.
Карневалот завршува на 21. февруари со одбележување на Тримерските обичаи и со концерт на Ансамблот Тримери од Струмица.
Македонија
ЕВН Кичево за утре најави времен прекин на електрична енергија во реонот на М.Брод, потточно во овие македонски села

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре 26 мај – 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на реонот кон Македонски Брод, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните македонски села:
село. Звечан, Косово, Битово, Волче, Заград, Кичин Растеш, Близанско, Здуње, Требовље, Ботушје и Брест (Од 09:00 до 15:00 часот)
Инфо: струја
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Македонија
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).
Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Се работи на расчистување на настанот.
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп2 дена
Денешен Хороскоп (24 мај) – вторник
-
Временска прогноза13 часа
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Магазин1 ден
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Магазин1 ден
Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон
-
Магазин1 ден
Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок
-
На денешен ден2 дена
24 мај – На денешен ден
-
Свет1 ден
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници