Временска прогноза
Студен, па топол бран и пораст на температурите, следуваат незапаметени разлики во степени овие денови

Пред нас се брзи и големи промени на временската состојба, поточно најпрвин ни следува студен воздух од север кој го очекуваме уште од вечерва, повторно голем пораст на температурите очекуваме особено за време на викендот, секако сето ова многу лошо ќе влијае врз поголем дел од граѓаните па така кај повеќето граѓани, особено кај метеопатите можна е главоболка како и болка во коските и на местата од старите рани, повремена нервоза и несоница како и тежина во главата и телото.
Инаку утре (среда) од југ во нашата држава ќе навлезе влажен бран кој ќе услови повремени врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките и планинските места, ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот.
Снежната граница има услови на некои места, особено на запад и на север да се спушти и под 1000 м.н.в.
Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет па локално се очекува да наврнат околу 10 до 15 л/м2 воден талог.
Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат за 5 до 7 степени пониски од денешните и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.
Веќе од четврток следува период на стабилно и суво време па така наутро понекаде температурите ќе се спуштат под нулата, максималните дневни пак повторно ќе бидат во позначително покачување и за време на викендот ќе бидат повторно над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
По одделни котлини повторно ќе растат условите за појава на магла и на ниска облачност.
НАПОМЕНА: Со оглед на очекуваната состојба со времето утре (среда), на возачите им препорачуваме да бидат крајно претпазливи поради очекуваните врнежи, особено доколку минуваат низ планинските превои.
Текст: Славчо Попоски
1tv.mk / BMJ Мedia Group
Временска прогноза
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималните температури НАСЕКАДЕ ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат и до близу -10 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.
Во Скопје ќе имаме слично време.
РАНА НАЈАВА: Барем одсега гледано уште постуден воздушен бран од север и снежен бран нашата територија ќе ја зафатат од четврток. Ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен правец. Ако нема промени во нумеричките модели, наскоро следува детална и вонредна метео анализа
За Порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа

Вечерва како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, особено за време на викендот како и во првите денови од следната недела. Истите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени а на високите планинските места температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени, што значи студено ќе биде и преку ден.
Во Скопскиот регион исто така има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Денес попладне и навечер како и утре ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу –2 и 1 степен, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени.
За нашиот медиум пишува Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Продор на влажен бран ќе ги зачести дождовите, како и снегот на планинските места – ова се последните метео вести..

Во втората половина од претстојната ноќ према утринските часови кон утрешниот ден, како и утре поради продор на влажен бран од југ во присуство на студен воздух од север на повеќе места ќе има врнежи од снег. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во јужната и источната половина од државава. Ќе дојде до зголемување на снежната покривка за 10 до 15 цм и тоа на повисоките и планинските места каде што веќе ја има, локално и до 20 цм.
На пониските места од истокот и од југот ќе се формира снежна покривка и на пониските места (локално од 5 до 10 цм снег). Барем според сегашните анализи најмалку снег, или ни малку ќе добијат централниот дел од Македонија, како и Охридско – Струшкиот регион, иако и таму има помали услови за малку да побеле.
Во Скопје дожд, повремено дожд и снег или мокар снег и без некоја снежна покривка.
НАПОМЕНА: На пониските места понекаде ќе има појава на лапавица (дожд и снег).
Што се однесува до претстојната ноќ према утринските часови од утрешниот ден од Медитеранот на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд и снег на пониските места (градовите) и само снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Овој пат појава на мокар снег понекаде ќе има и во градовите, особено во јужниот, западниот и источниот дел од Македонија и таму се очекува формирање на мала снежна покривка (локално од 5 до 10 цм).
Врнежите ќе продолжат и утре, како и во петок, а посуво време барем одсега гледано ќе има за време на викендот.
Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Постудено особено наутро ќе биде за време на викендот и тогаш минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, а понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, на планинските места и под -10 степени.
Во Скопје ќе има врнежи од дожд со овој нов влажен Медитерански бран, но не се исклучува можноста повремено да има и појава на дожд и снег во делови од котлината, особено во повисоките предели. На околните планини ќе врне само снег.
За порта.мк истакна Славчо Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје10 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза10 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина15 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот