Со Конференција насловена како „Бубрезите и здравјето на жените“ денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на бубрегот.

Конференцијата ја организира Диамед Македонија, а на неа ќе се обратат директорката на центрите за дијализа Диамед Вера Иванова, доктор д-р Менче Неделкоска, д-р Оливера Стојчева од Универзитетска клиника за нефрологија и Душко Георгиев претседател на Здружение на бубрежно болни „Нефрон“.

Светскиот ден на бубрегот се одбележува под слоганот „Заедно правиме разлика“