Македонија
СВР Битола: За 1 час – 90 санкции за пречекорена брзина
Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Битола, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Битола.
„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега во три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се околу 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Битола да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
„Само за еден час во денешната акциска контрола во Битола се изречени 90 санкции, пред се за пречекорена брзина, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Битола ќе бидат презентирани утре.
Македонија
Турски државјанин бил лишен од слобода, дал пари за влез
Денес околу 03 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во РМ се пријавил К.С. (53) од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.
Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во државата К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело „давање поткуп“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Македонија
„Заштита од џебни кражби и измами“, превентивна активност на СВР Охрид
Заштита од џебни кражби и измами“ е новата проектна кампања која, отсекот за превенција при СВР Охрид, ќе ја реализира на целото подрачје што го покрива.
Проектните активности започнаа во Охрид при што, полициски службеници од Отсекот за превенција, на повеќе локации во градот, остварија средби со граѓани и низ кратки разговори, им укажаа на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти.
На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со низа практични совети, со цел заштита на нивните вредни предмети и друга лична сопственост, како и зголемување на безбедносната култура.
Оваа проектна активност ќе биде реализирана и на подрачјето на Струга, Кичево и Дебар и е во рамките на концептот „Полициско работење во заедницата“, кое подразбира градење посилен партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните во спречување, намалување, откривање и решавање на безбедносните проблеми и предизвици, стои во соопштението на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Од ноќеска мало поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит, известуваат од РКЕ.
-
Кичево5 часа
(ФОТО) На влез во Кичево предмалку се случила тешка сообраќајка, има повредени
-
Кичево8 часа
Од денес официјално во Кичево за прв пат стартува со работа „Хотел за пневматици“, место каде уредно ќе се чуваат вашите летни или зимски гуми до сезонска промена!
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (ноември 2024)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (2 ноември)
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево, МВР реализира сообраќајно едукативна кампања „Безбедно возење трактори и земјоделски машини“
-
Кичево1 ден
Од денес нова неделна акција во „АТВА Маркети“ и попуст на сите најбарани производи!
-
Хроника6 часа
Вчера на превој „Барбарос“ према Прилеп, се случила трагична сообраќајка со смртни последици
-
Lifestyle1 ден
Наплатната влезница за престој во Венеција влегува во друга фаза