Македонија
СВР Тетово со апел до планинарите по најавите за снежни врнежи: Пријавете ги турите за искачување

Љубителите на белите спортови и планинарењето, а пред сé странските државјани, доколку планираат искачување на планинските врвови или скијање, да се пријават во најблиските полициски станици или одделенија, апелираат од СРВ Тетово.
Апелот доаѓа по најавите за интензивни врнежи од снег и влошување на временските услови на планинските подрачја.
– При пријавувањето, пожелно е да посочат и да информираат каде ќе се движат и колку мислат да се задржат. На тој начин може побрзо да се лоцираат и доколку има потреба, да им се помогне. Во одредени ситуации мошне значајна е секоја минута, особено при неповолни временски состојби и на тешко достапни терени, на кои нема можност за воспоставување телефонски контакт или друга комуникација со изгубените лица, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Јосифоски потсетува дека, минатиот и овој месец пријавени се неколку заталкувања на поединци, кои поради непознавање на теренот или неповолни временски прилики, се изгубиле и не можеле да се вратат назад. Минатиот викенд на Попова Шапка имаше два случаи на заталкување по што беше поведена акција за пронаоѓање на осум заталкани лица. Со навремена реакција, минатата среда (7 февруари) од затрупаниот пат Маврово – Галичник беа извлечени и двајца американски туристи.
По поведените потраги, реализирани од полициските службеници од овој сектор, координирани со горско спасителските и други служби, заталканите беа лоцирани, пронајдени и безбедно вратени.
Македонија
ЕВН Кичево за утре најави времен прекин на електрична енергија во реонот на М.Брод, потточно во овие македонски села

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре 26 мај – 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на реонот кон Македонски Брод, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните македонски села:
село. Звечан, Косово, Битово, Волче, Заград, Кичин Растеш, Близанско, Здуње, Требовље, Ботушје и Брест (Од 09:00 до 15:00 часот)
Инфо: струја
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Македонија
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).
Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Се работи на расчистување на настанот.
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп11 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Магазин2 дена
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Магазин2 дена
Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон
-
Магазин2 дена
Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок
-
Свет2 дена
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници
-
Скопје12 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН