Без категорија
Тирамису со шербет

– Сварете 300 мл. кафе во кое ќе додадете рум и 40 гр. шекер, оставете нека се олади.
Пригответе го филот
– Пенесто се матат јајцата со 40 гр. шеќер која ќе ја одземете од вкупната количина која е како што е напишано во состојките – 150 гр.
Додека се матат јајцата, во сад сварете густ шербет од остатокот кој е 110 гр. шеќер залиен со 60 мл. вода, кој ќе се вари. Треба да биде со температура од 121 степен. Доколку имате термометар да мерите, а ако немате тогаш пробајте дали е доволно густ. Кога ќе фатите (иако е топло не е страшно) со два прста да се прави конец или пак ако капнете во ладна вода од шербетот потребно е да се формира во топче како бонбонче, да не се разлие…тогаш е готов.
Кога е готов шербетот веднаш врел истурајте го кај веќе запенетите јајца и постојано со миксерот нека се мати се до оладување на смесата. (Овој начин е исти како кога правиме шам од белки со шербет). Овој начин го користам само заради тоа да не ги ставам живи јајцата во филот.
– Во друг сад изматете го маскарпонето и најпрвин ставете во него помала количина од сработените јајца и изматете со миксерот (за да се изедначи температурата) потоа додадете го остатокот од смесата со јајцата и се добро изматете кратко време – неколку вртења на додатоците од миксерот.
– Добиениот фил поделете го на два дела. Во едниот дел додадете го какаото и сецканиот бадем, а во другиот дел чоколадните капки. Измешајте.
– Земате долгнавеста форма 28х11 см., на дното и страните ставете било која фолија – алу, стреч или постелете со хартија за печење. Земате од пишкотите, потпувајте ги во оладеното кафе и наредете најпрво по дното на модлата, потоа од страните. Истурете го кафениот фил, врз него истурете го белиот фил. При ставањето на филовите ќе мора да внимавате да оставите колку еден прст одпразна модлата за да има место да го затворите колачот.
– Откако сте ставиле двата фила, земајте пак од пишкотите, потопете и наредете ги одозгора со кои што ќе го затворите колачот. Покријте со стреч фолија, одложете во фрижидер (пожелно во замрзнувач) Откако ќе се добро стегне, извадете го колачот, преместете на друг сад така што сега горниот дел ќе доје одоздола. Посипете со какао или декорирајте по ваш избор.. колачот е готов.
Напомена
– Поради тоа што модлата што ја имам е со потесни димензии од дното и како продолжува нагоре е поширока – бискотите прво ги исеков, потоа ги потопував и редев во модлата. Оставив сосема малку од белиот фил пред да ги ставам чоколадните капки и ми послужи да го премачкам колачот, а потоа ставив ленти од хартија за печење врз него, посипав со какао – ги тргнав лентите и се доби една многу неправилна шара, ама нели – шарен е важно…хихи,
Уживајте, колачот е одличен,
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
Без категорија
(ВИДЕО) Di María ја зепачати резултатската предност од 2 гола за Аргентина по првите 45 минути. Франција ја чека пеколно полувреме..

Фудбалерите на Аргентина и Франција играат во финалето на Светското првенство во Катар. Поведоа „гаучосите“ со голот на Лионел Меси од пенал, а потоа беше забележана неверојатна контра која ја заврши Анхел Ди Марија за 2:0.
По десната страна, Мекалистер истрча, ја префрли топката на спротивниот крај, а од левата страна Ди Марија излезе пред Лорис и лесно ја реши оваа ситуација, по што стрелецот не ја криеше среќата во солзи.
По првите 45-минути, Аргентина е на чекор до шампионскиот трофеј.
Головите:
AT FIRST MESSI SCORES THE GOAL FROM THE SPOT.
AND THEM DI MARIA SCORES ONE OF THE BEST GOAL OF THIS #FIFAWorldCup #ArgentinaVsFrance #Messi𓃵 #Messi pic.twitter.com/bB0duzpr0a— ᴇɪɴꜱᴛᴇɪɴ (@EinsteinG_) December 18, 2022
Messi & Ángel Di María
Argentina goal! 🔥🇦🇷 pic.twitter.com/65cN88ndzn— Ramazan Küsken (@ramazankusken) December 18, 2022
-
Временска прогноза2 дена
Што се случува со времето? После 10-ти јуни пад на температурите и северен ветер?!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (4 јуни)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (5 јуни)
-
Временска прогноза23 часа
Временските непогоди силно вчера го зафатија регионот кај Прилеп и Кавадарци
-
Кичево4 часа
Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо
-
Здравје и убавина19 часа
Газирана вода и митовите за неа..
-
Гејминг7 часа
Take-Two ја најавува GTA VI за 2024 година
-
Магазин7 часа
Microsoft отстранува важна функција од Windows