Спорт
Тухел бара три засилувања за новата сезона
Новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел сака да го засили својот состав со Ренато Санчез од Баерн Минхен, Антонио Рудигер од Челзи и Јулијан Вајгл од Борусија Дортмунд, соопштува „Паризиен“.
Според информациите, Тухел разговарал лично со спортскиот директор на клубот Антеро Енрике и со претседателот Насер Ал-Келаифи и ги информирал за желбата да ги има тројцата фудбалери во својот состав за новата сезона.
Санчез не влегува во плановите на новиот тренер на Баерн, Нико Ковач и е многу веројатно да се стигне до неговата продажба во францускиот шампион.
Пари Сен Жермен многу потешко ќе го привлече Рудигер од Челзи, бидејќи германскиот репрезентативец беше меѓу стартерите кај Антонио Конте, а неговата улога при Маурицио Сари нема да биде различна.
Тухел не крие дека сака да го засили својот состав и со нови бекови, откако тимот го продаде Јури Берчиче на Атлетик Билбао.
Германскиот тренер нема да се потпира на Левин Курзава, Дани Алвеш се опоравува од операцијата, а иднината на Тома Муние на „Парк де Пренс“ не изгледа воопшто сигурна.
МИА
Спорт
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
Во “Хилтон” денес се одржа вонредното собрание на ФФМ, каде единствен кандидат беше г-дин Масар Омерагиќ, со мандат до 2025 година, кога ќе се одржи Редовно годишно собрание.
– Врвните фудбалски имиња ќе бидат повторно дел, систем за подобрување на младинските категории, женскиот фудбал. Ветувам чесност, транспарентност, максимална, ќе се заложам за фудбал, за јавноста истакна Омерагиќ.
Од тука, нашиот медиум упатува срдечни честитки, за поголеми успеси и плодна работа!
Спорт
Македонската футсал селекција одигра нерешено против Андора на домашен терен
Футсал А репрезентацијата на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Андора на домашен терен во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Нашата најдобра футсал репрезентацијата во спортската сала „Јане Сандански” не успеа да ја оправда фаворитската улога и одигра само нерешено против аутсајдерот во нашата група.
Првиот погодок на денешната средба го постигна Петровиќ во 33. минута и ја доведе Македонија во позитива. Футсалецот погоди по асистенција на Рамадан, но радоста траеше кратко.
Противникот веднаш возврати и преку Жозеп Сегура го изедначи резултатот. Македонија во претходното коло се соочи со фаворитот во групата, Холандија и на гостински терен забележа пораз со 4:2, известува Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Вчера во ФФМ се одржа работилница за финансиски критериуми во клупско лиценцирање
Вчера во „Куќата на фудбалот“ се одржа работилница за финансиските критериуми во процесот на клупско лиценцирање, која беше организирана со цел да ги информира и едуцира сите вклучени субјекти во процесот на лиценцирање на клубови.
Работилницата се одржа во присуство на финансиски директори, сметководители и ревизори кои се дел од клубовите кои аплицираат за лиценца.
Целта на работилницата беше да се обезбедат детални информации и практични насоки за тоа како клубовите можат да ги исполнат финансиските критериуми потребни за успешна апликација за клупска лиценца. Присутните имаа можност да ги разгледаат најновите прописи и регулативи кои се однесуваат на финансиската стабилност, транспарентност и одржливост на клубовите.
Теми на работилницата беа:
Основи на финансиските критериуми за клупско лиценцирање:
Преглед на клучните финансиски стандарди што клубовите мора да ги исполнат, како што се ликвидност, профитабилност и одржлива финансиска структура
.Прописи за финансиски извештаи и документи:
Детален преглед на финансиските документи што се бараат при апликацијата за лиценца, вклучувајќи годишни извештаи, ревизии и други релевантни извештаи.
Преглед на најчести финансиски грешки и проблеми:
Анализа на најчестите грешки кои се појавуваат при подготовката на финансиските извештаи и како тие можат да се избегнат.
Презентација на системи за ревизија и контрола:
Како клубовите можат да воведат подобри процеси за финансиска контрола и ревизија за да ги задоволат барањата на лиценцирањето.
Работилницата се состоеше од теоретски дел, каде што учесниците беа запознаени со законските рамки и правилници, при што присутните имаа можност да дискутираат на овие теми. Оваа интерактивна форма овозможи поблиска комуникација помеѓу учесниците и експертите, што значително ја подобри размената на искуства и знаења.
Работилницата беше од големо значење за учесниците, кои добија практични совети и препораки за подобрување на финансиското управување во клубовите. Присутните се согласија дека најголемиот предизвик за клубовите е да ги исполнат финансиските критериуми, особено во периоди на економски предизвици.
Одделението за лиценцирање при ФФМ најави дека работилници од овој тип ќе продолжат и во иднина, со цел да се овозможи поддршка на клубовите кои аплицираат за клупска лиценца и размена на знаења и искуства, за јавноста истакнаа од Фудалската федерација на Македонија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (21 декември)
-
Временска прогноза7 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Временска прогноза2 дена
Од вечерва започнува вистинската зима, врнежи од дожд и снег ќе зачестат во зависно од регионите ширум Македонија
-
Автомобили9 часа
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Спорт6 часа
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
-
Социјални мрежи1 ден
„ТикТок“ станува недостапен во Албанија, владата ја затвори социјалната мрежа на најмалку една година