Следете не

Занимливости

Уред кој може да се полни со мрдање на прсти

Објавено пред

на

Денес сите имаме по неколку уреди кои секојдневно мора да се полнат, некои и по неколку пати. Иако постојат такви кои можат да се полнат и безжично, пак и уредите кои тоа го овозможуваат мора да се вклучени во струја. Во многу случаи, процесот на полнење минимално е еволуиран во последнава декада.

Сега, истражувачи од универзитетот во Бафало и кинеската академија на науките можеби го развиле следниот чекор во оваа еволуција, кој нема да побарува уредите за полнење да се вклучени во струја. Сè што би било потребно е специјален метален предмет и малку движење на телото.

Тајната е во ефектот наречен трибоелектрично полнење кое се случува кога материјалот електрично се полни откога ќе дојде во контакт со триење со друг материјал. Ова се случува во секојдневниот живот бидејќи така се создава статичкиот електрицитет.

Ваквата контактна електрификација досега било тешко да се претвори во корисен извор на енергија бидејќи најчесто или материјалите биле претешки за производство или тоа било неисплатливо.

Новосоздадената метална плочка развиена од истражувачите ги нема овие карактеристики. Таа е составена од два тенки слоја од злато помеѓу кои се наоѓа парче на силиконски базиран полимер наречен полидиметилсилоксан, кој обично се користи во контактните леќи и некои видови на пластелин.

Кога едниот слој од злато се растегнува и отпушта, тој се гужва – а со повторно аплицирање на сила врз него, движењето помеѓу двата слоја злато и полимерот создава триење поради кое се создаваат електрон. Колку поголемо е триењето, толку повеќе електрицитет се создава.

Како демонстрација во нивната студија, истражувачите користеле метална плочка долга само 1.5 сантиметри и широка 1, која со триење со прсти генерирала 124 волти – доволно да напојуваат 48 црвени LED сијалички истовремено.

Ова е само зачеток на ваквата технологија за која истражувачите се надеваат дека наскоро ќе може да се искористи за создавање материјали со кои би можеле со едноставни движења со прсти да се напојуваат смартфони и останати преносни гаџети.

Занимливости

Во месец септември астероид ќе помине блиску до Земјата, истиот повторно ќе помине по 10 години

Објавено пред

на

ФОТО: Илустрација

Жителите на северната хемисфера ќе можат да го видат астероидот 2024 „ON“ овој месец додека поминува покрај Земјата на астрономски блиско растојание, но безбедно. Астероидот е широк околу 220 метри, а за време на неговото поминување ќе биде оддалечен од Земјата нешто помалку од 100.000 километри, што е приближно 2,6 пати поголемо од растојанието помеѓу нашата планета и Месечината, објави платформата на проектот „Виртуелен телескоп“преку Јорк Пост.

Како што е наведено, овој астероид поминува покрај Земјата на ова растојание на секои 10 години.

Прочитај повеќе...

Занимливости

(ВИДЕО) Уште еден доказ колку се битни безбедносните појаси во возилата во случај на сообраќајни несреќи

Објавено пред

на

Уште еден доказ дека безбедносните појаси се исклучително важни во случај на сообраќајни незгоди и превртување е видеото од сообраќајната несреќа што е создадено благодарение на камерата во возилото.

На видеото се гледаат возачот (со појас) и сопатникот (неповрзан). Кога возилото се превртело, возачот останал да седи додека патникот на својата кожа ги почувствувал основните закони на физиката.

/b92.net

Прочитај повеќе...

Занимливости

(ВИДЕО) Багерист прави чуда со „корпата“, ова дефинитивно не го може секој!

Објавено пред

на

Овој багерист дефинитивно не е од оваа планета…. Погледнете го видеото и проценете сами, а тие што се возачи на ваква машина знаат за колку тешка работа станува збор…

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство

Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата. Оттаму...

Кичево4 часа

(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’

Денеска министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски заедно со Заменикот на Началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, командантот на...

Автомобили8 часа

Најчестите причини зошто автомобилот троши повеќе гориво

Цените на горивото се високи, па повеќето луѓе се трудат да штедат на секој чекор, а еден од нив е...

Lifestyle8 часа

Експертите потврдија: Ова е официјално најздравиот зеленчук во светот

Сите знаеме дека свежите производи како овошјето и зеленчукот се камен-темелник на здравата исхрана, но дали некогаш сте се запрашале...

Lifestyle8 часа

Вистински избор за борба против настинка: Овој напиток многу ќе ви помогне со симптомите

Новинарката на Експрес Дијана Бунтајова го сподели своето искуство со напитокот од ѓумбир за зајакнување на имунитетот, кој го проба...

Lifestyle8 часа

Кафе или чај? Предности и недостатоци на овие два омилени топли напитоци

И кафето и чајот имаат долгорочни позитивни здравствени ефекти, но со двете мора да внимавате колку пиете и колку кофеин...

Магазин8 часа

iOS 18 носи супер корисна функција за полнење на iPhone

iOS 18 носи предупредување за бавно полнење и нови опции за ограничување на полнење за подобро управување со батеријата на...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за четврток (19 септември)

ОВЕН Немојте да очајувате поради раскинувањето со партнерот, ве очекуваат многу возбдливи моменти и без него. Уживајте во овој ден,...

Спорт1 ден

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години запиша уште една победа во одлична игра на предводниците на Исени

Младата фудбалска селекција на Македонија до 15 години одигра уште еден добар натпревар и запиша нова победа на меѓународниот УЕФА...

Автомобили1 ден

Револуција: Создаден прототип на нова батерија за електрични автомобили

Европските научници тврдат дека постигнале значителен напредок во батериите за електричните автомобили. Прототипот развиен во Белгија ветува значително поголема енергетска...

НАЈЧИТАНИ