Спорт
Верстапен победи за големата награда на Австрија

Макс Верстапен со Ред Бул Хонда ја сопре доминацијата на Мерцедес од 10 последователни победи во Формула 1, откако победи на Гран При на Австрија по неверојатно возење.
Тоа беше едно од најневеројатните презентации во историјата, бидејќи Холанѓанецот започна лошо и се спушти до седмото место на стартот, но потоа си проби пат напред, а непосредно пред крајот го претекне и лидерот во поголемиот дел од трката – Шарл Леклер (Ферари).
Валтери Ботас остана на третото место во разочарувачкиот викенд за Мерцедес, откако Луис Хамилтон беше само петти.
Меѓу се нареди Себастијан Фетел, кој, ако има уште еден круг, сигурно ќе завршеше на подиумот.
Извор: Makpress.mk
Спорт
Најдобриот српски тенисер Ѓоковиќ утре на Вимблдон ќе се сретне со Тим ван Ритовен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и Холанѓанецот Тим ван Ритовен утре ќе се сретнат во осминафиналето на Вимблдон, а нивниот меч е поставен како трет во низа на „Централниот терен“.
Тоа практично значи дека сигурно нема да започне пред 18:00 часот, бидејќи во 14:30 часот програмата ќе ја отворат Британката Хедер Вотсон и Германката Жил Нимаер.
Зад нив околу 16 часот на терен ќе бидат Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз.
Спорт
Само Сејдини од ФФМ не ги заборави спортските новинари за 2-ри јули

Денешниот ден, 2 јули е ден на спортските новинари, кај нас во Македонија, станува професија која е сè повеќе потценета, прекрасна е, но спортските новинари кај нас се во „изумирање“ …
Спортското новинарство е „жртва“ на политиката, кај нас во Македонија има над 30 специјализирани спортски канали, Аренаспорт, Спортклуб и Еуроспорт се емитуваат преку разни ТВ платформи, и ниту еден не е на македонски јазик …
Посебна приказна се националните ТВ куќи, МКРТВ се бори за место „под сонцето“, но ги губи битките со големите и специјализирани спортски канали во конкуренција обезбедување на ТВ права
На претседателот на ФФМ му благодариме што еден од ретките кои се сети на спортските новинари, предводникот на „куќата на фудбалот“ е еден од ретките кои со посебно внимание се однесува кон „седмата сила“, ти БЛАГОДАРИМЕ, пишуваат нашите пријатели од Makfudbal.mk, еден од најдобрите спортски портали во земјава.
Спорт
Заштитата од местење на натпревари е една од важните обврски во македонскиот фудбал. ФФМ преку Комисијата за безбедност и интегритет ќе се справува со проблемот

Фудбалската Федерација на Македонија преку Комисијата за безбедност и интегритет целосно е насочена кон откривање и заштита на еден од најголемите проблеми во модерниот фудбал – местењето на натпревари. Ризик кој влијае негативно, а зазема се поголема сила во светот на фудбалската игра. Оттука, ФФМ преку Комисијата за безбедност и интегритет преку низа кампањи, семинари и предавања ги охрабрува луѓето кои се вклучени фудбалот да зборуваат против местење на натпревари и да ја подигнат свеста преку доверливите платформи за известување на ФФМ, УЕФА и ФИФА.
Во однос на ова прашање, нашата федерација презема конкретни чекори, односно учествува и организира едукативни предавања во координација со УЕФА и ФИФА за рано препознавање и спречување на местењето на фудбалски натпревари.
Целта е единствена, а тоа е да се заштити интегритетот на самата фудбалска игра.
Сите во фудбалот кои на било каков начин доаѓаат во ситуација поврзана со местењето на натпревари треба да се спротивстават и да пријават каков било пристап со можност да се „намести” натпревар преку доверливи платформи за известување.
Во 2021/2022, Комисијата за безбедност и интегритете при ФФМ организираше десетина едукативни семинари, обуки и предавања за заштита од местење на натпревари. Беа опфатени сите национални репрезентации, како и судиите и контролори во МФЛ.
Целта на предавањата е да им се даде важна информација на фудбалерите, судиите и останатите учесници во фудбалската игра за начинот на кој функционира целиот систем и процес на местење на натпревари, големото негативно влијание врз фудбалот, како и откривањето и превенцијата од него.
– Активностите кои ги реализиравме во оваа насока, ни даваат за право да веруваме дека заедно и конструктивно можеме да ги решаваме предизвиците и дека нашите заеднички предлози и насоките кои ги добиваме од УЕФА и ФИФА во однос на ова прашање, фудбалерите, судиите, но и сите останати кои се поврзани со фудбалската игра, ќе ги пренесат во своите клубови, тела и организации. Верувам дека со спроведувањето на низата семинари помогнавме разменувајќи искуство и знаење и дека пронајдовме најдобри методи за заштита од местење на натпревари. Сето тоа заради нашиот фудбал, но првенствено заради нашето општество, изјави Роберт Марковиќ од одделот за безбедност и интегритет при ФФМ.
-
Кичево2 дена
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Култура7 часа
Утре е „Иванден“, празникот за лекување болести и за добивање потомство, за многу години да е!
-
Магазин2 дена
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Автомобили15 часа
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Хроника15 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Македонија2 дена
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (7 јули)
-
Временска прогноза2 дена
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..