Следете не

Видео

(ВИДЕО/АУДИО) Последните секунди звуци на хеликоптерот преку безбедносна камера во кој загина светскиот кошаркар Коби Брајант

Објавено пред

на

Според зборовите на сопственичката, на истото може да се слушнат последните моменти пред хеликоптерот во кој загина Коби Брајант да се сруши.

Нејзината куќа се наоѓа во близина на местото на кое се случи големата трагедија.

Тажниот момент се случи во неделата. Коби го загуби животот заедно со својата ќерка Џиана и уште седум други сопатници.

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Дневен Хороскоп (12 март) – среда

Овен (21.03 – 20.04) Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли....

Спорт15 часа

Станиќ ги истакна избраниците на Македонија до 21 година против Белорусија и Азербејџан во Анталија

Селекторот на Македонија до 21 година, Горан Станиќ го истакна списокот на повикани фудбалери за контролните натпревари против Белорусија и...

Lifestyle20 часа

Колку чини одгледувањето куче? Најскапи и најевтини раси

Кучињата се верни придружници, но нивното чување може да биде скапа обврска. Покрај првичната набавка, сопствениците треба да ги пресметаат...

Lifestyle20 часа

Природно ѓубриво за орхидеи: Кујнски трик за бујно цветање

Орхидеите се елегантни и декоративни растенија, но понекогаш не цветаат доволно, што може да биде резултат на недостаток на хранливи...

Lifestyle20 часа

Научниците открија дали палминото масло е здраво или не

Палминото масло долго време има лоша репутација, но вистинското прашање е како навистина влијае врз нашето здравје. Во која храна...

Магазин20 часа

Apple подготвува револуционерен редизајн со iOS 19

Најголемата промена во последните 11 години Apple се подготвува за најголемата промена во дизајнот на своите оперативни системи во последната...

Магазин20 часа

Skype престанува да работи во 2025 година

Крај за популарната комуникациска платформа Skype, една од најпознатите интернет комуникациски платформи, ќе биде повлечена во мај 2025 година. Иако...

Македонија20 часа

Штип-Кочани: На место ограничено 80 км/ч возел 151 км/ч – експресно бил приведен од полицијата!

На 10.03.2025 во 15.30 часот на експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (11 март)

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

Гејминг2 дена

Подгответе го паричникот – GTA VI може да чини 100 долари

Цените на AAA игрите повторно растат Во последниве години, трошоците за развој на видео игри значително се зголемија, што доведе...

НАЈЧИТАНИ