Следете не

Култура

Видеологија епизода 032 Bikini Moon review

Објавено пред

на

Еден од главните мотиватори за отпочнувањето на емисијата е потребата да допре до што е можно поширока демографија со цел да ја демонстрирам моќта на филмската критика, да ја истакнам нејзината незаменлива улога во животот на секој човек кој е подготвен да се изложи на благодетите од конзумирањето на филмската уметност.

Mоите анализи ќе бидат посветени на исклучителни филмските дела, кои со својата актуелност ќе станат стожери на времето во кое живееме, но, исто така ќе се обидам да допрам и до универзалните вредности и мерила кон кои посегнуваат филмовите додека нивните граници постојано бледеат. Со оглед на тоа што неправедно се истиснува филмската критика од сите можни медиуми, јас го жртвувам моето слободно време и познавање за да допрам и до тој еден нејзин слушател и гледач, кој ќе посака да слушне нешто повеќе за мојата селекција на филмови, од кои се надевам дека некои од нив ќе им станат омилени.

Ако целта на филмовите е да покренат прашања, задачата на критичарите е да ги анализираат истите, со намера да послужат како медијатор меѓу гледачот и авторското дело. Видеологија ќе почне со објавување на изданијата во декември 2017 година и на почетокот ќе бидат објавувани нови видеа секој понеделник и петок, односно на почетокот и крајот на работната недела, со времетраење од неколку минути Логото е на Ристо Манасиев, најавната шпица на Виктор Гавриловски, а нарацијата и монтажата ги правам јас. Ова е дел од целите и намерите на емисијата, истакнати во нултото издание. Секое видео си има свој вовед.

Култура

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.

Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.

„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.

Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.

„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.

Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.

„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“

Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.

„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.

„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Добитници на Оскар 2025: „Anora“ е големиот победник на вечерта

Објавено пред

на

Синоќа, во театарот Долби во Лос Анџелес, се одржа 97-то доделување на Оскарите.

Филмови со најмногу номинации

  • Мјузиклот “Emilia Pérez” предводеше со 13 номинации – рекорден број оваа година.
  • По него следуваа “Wicked” и “The Brutalist” со по 10 номинации.

Големата победа на “Anora”

Филмот “Anora”, во режија на Sean Baker, беше најголемиот победник на вечерта. Освои пет награди, вклучувајќи ги Оскарите за најдобар филм и најдобра актерка, пренесува CNN.

Церемонијата во знакот на Конан О’Брајан

  • Конан О’Брајан за првпат беше водител на доделувањето на Оскарите.
  • Настанот започна со специјален филмски сегмент посветен на Лос Анџелес, кој оваа година беше погоден од пожари.
  • Вечерта ја разубавија и Ariana Grande и Cynthia Erivo, со релаксирачка музичка изведба од “Wicked”.

Други забележителни моменти

  • “The Brutalist” ја заврши вечерта со три награди, вклучувајќи и Оскар за најдобар актер за Adrien Brody.
  • “Wicked” и “Emilia Pérez” освоија по две награди.
  • Најголемото изненадување беше филмот “A Complete Unknown”, кој иако имаше осум номинации, не освои ниту една награда.

Победници на Оскар 2025

Најдобар филмAnora

Номинирани за најдобар филм:

  • Anora
  • The Brutalist
  • A Complete Unknown
  • Conclave
  • Dune: Part Two
  • Emilia Pérez
  • I’m Still Here
  • Nickel Boys
  • The Substance
  • Wicked

Најдобар актерAdrien Brody (The Brutalist)

Најдобра актеркаMikey Madison (Anora)

Најдобар режисерSean Baker (Anora)

Најдобра споредна женска улогаZoe Saldaña

Најдобра споредна машка улогаKieran Culkin

Најдобра филмска музикаThe Brutalist

Најдобра монтажаAnora

Најдобар филм на странски јазикI’m Still Here

Најдобро адаптирано сценариоConclave

Најдобро оригинално сценариоAnora

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден

Објавено пред

на

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден.

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости.

За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Обичаи – амкање и простување

На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите.

Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура7 минути

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа,...

Кичево4 часа

(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната...

Технологија7 часа

Тему, глобална компанија за е-трговија која што ги поврзува потрошувачите со милиони комерцијални партнери

Temu особено сериозно ја сфаќа безбедноста на производите и продолжува интензивно да вложува во зајакнување на својот тим за доверба...

Македонија8 часа

Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на...

Lifestyle11 часа

Како носењето торба може да го загрози вашето здравје

Кога носиме торба на едната страна од телото, нашето тело несвесно се прилагодува на дополнителната тежина.• Рамената се подигнуваат• ‘Рбетот...

Магазин11 часа

16 GB RAM повеќе не се доволни за компјутерски игри – Еве зошто

Долги години, 16 GB RAM се сметаше за стандард за гејминг компјутери, но денешните игри и хардвер бараат значително повеќе...

Магазин11 часа

Microsoft го исклучува Skype – крај за некогаш најпопуларната VOIP услуга

Skype би можел да престане да работи веќе во мај, според последните информации. Microsoft планира да ги премести корисниците во...

Магазин11 часа

Apple Maps воведува реклами – лоша вест за корисниците?

Apple размислува да воведе реклами во Apple Maps, потег што би можел да ја наруши корисничката искуственост и да ја...

Магазин11 часа

Јужна Кореја го отстранува DeepSeek од продавниците

Јужна Кореја го забрани преземањето на DeepSeek поради загриженост за безбедноста на податоците. Владината агенција привремено го забрани преземањето на...

Магазин11 часа

Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!

Google ќе ги избрише неактивните сметки на 3 април, вклучувајќи ги податоците на Gmail и Google Photos. За да го...

НАЈЧИТАНИ