Македонија
Утрово намалена видливост поради магла во овие региони

АМСМ апелира за голема внимателност во сообраќајот поради маглата која е спуштена на ниска граница.
Видливоста во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Битола е 100-150 метри, Куманово 50-100 метри, Тетово 50-60 метри, Павлешинци 30-50 метри, Велес 100 метри, Катланово-Велес 100 метри и Отовица-Катланово 100 метри.

Македонија
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот
Извор: МВР
Македонија
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на епидемиолошката состојба со болеста Африканска чума кај дивите свињи одобри лов на дива свиња од 01.02.2023 до 31.03.2023 година во ловиштата на територија на Македонија кои се простираат во источниот дел од левата стана на патниот правец (А-1) Е-75, кој се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.
Санитарниот лов на диви свињи се спроведува на ловишта каде болеста е веќе потврдена, а ловот се врши групно во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и ветеринарен доктор, а застреланиот дивеч треба да биде складиран согласно решението на АФВ за заштитните мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи, истакнаа од Министерството.
Македонија
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија

На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за Порта истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Кичево5 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Занимливости21 час
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет2 часа
(ВИДЕО) Легендарниот голман во солзи ја моли јавноста за помош, страшно!
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје