Временска прогноза
Оставете ги зимските гуми: Вакво време не очекува денес, а за Четврток најава за снег
Од УХМР известуваат дека денес ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни попладне во западните и северните делови (над 20л/м2).
Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер.
Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови, а од четврток се очекува значително заладување, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.
Извор: ЦУК
Временска прогноза
Според „Европскиот“ и „Глобалниот“ метео модел најверојатно зимата доаѓа во почетокот на месец ноември, ова се информациите
Според прогностичките материјали од двата најажурни модели, и тоа Европскиот (ECMWF) и Глобалниот (GFS) се согласуваат околу раното доаѓање на зимата на Балканот, вели Славчо Попоски. Имено тој додава дека кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец се посигурна е голема промена на времето ширум Балканот, како и спуштање на Поларниот вртлог кој ќе донесе многу ниски температури за овој период од годината, па дури и снег како на повисоките места и на планините, така и понекаде во градовите.
Не се исклучува можноста кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец на многу места низ Балканот да има вистинска снежна идила.
Да не заборавиме, сето тоа е поради се поголемото влијаение на Ла Ниња, која носи многу постудено време, повеќе врнежи од дожд и снег. До крајот на оваа година Ла Ниња ќе го достигне својот максимум, па така претстојната зима сите ние очекуваме да го оправда своето име и да биде многу постудена и поснежна, поради тоа што претстојната зима како што и претходно кажав, ќе биде Ла Ниња зима, известува Попоски.
Временска прогноза
Температурите ќе паднат, додека времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди
До крајот на денешниот ден, како и утре (петок) како што и најавивме ќе имаме позначителен пад на температурите на воздухот, а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, особено во западните предели.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието до крајот на денов повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, до крајот на денов повремено умерен ветер од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува исто така до околу 22 степени.
Временска прогноза
Во вечерните часови најавен продор на влажна воздушна маса која од ноќеска и викендов ќе донесе повремени локални врнежи од дожд
Славчо Попоски најавува дека од вечерните часови облачноста ќе започне да се зголемува и практично нашиот регион ќе биде застапен со зголемена облачност вклучувајќи го и викендот ќе имаме повремени локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Поради продор на значително постудена воздушна маса од истокот и од североистокот на Европа, температурите позначително ќе опаднат, и тоа за 7 до 8 степени во однос на денешните.
Заладувањето најмногу ќе го почувствуваме за време на викендот, кога и температурите ќе бидат најниски и наутро понекаде, особено во Беровскиот регион ќе се спуштат и за неколку степени под нулата, а на другите места тие ќе се спуштаат некаде до околу, па и под 5 степени, а само во југоисточните предели тие ќе останат највисоки и ќе бидат до околу 10 степени.
Максималните дневни температури пак најниски ќе бидат како што кажав за време на викендот, кога ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 14 и 20 степени.
Во Скопскиот регион исто така од утре (четврток) па во деновите потоа ќе имаме зголемена облачност и значително посвежо време, а не се исклучува можноста и за повремен локален слаб дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 9 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 20 и 22 степени, известува Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (21 октомври)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (22 октомври)
-
Кичево9 часа
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
-
Lifestyle10 часа
Кој е нормалниот крвен притисок според возраста?
-
Временска прогноза24 часа
Според „Европскиот“ и „Глобалниот“ метео модел најверојатно зимата доаѓа во почетокот на месец ноември, ова се информациите
-
Македонија1 ден
Од ноќеска пониска цена на горивата во Македонија
-
Lifestyle1 ден
Додадете две состојки во зелениот чај и направете моќен напиток: Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите
-
Магазин1 ден
Apple може конечно да го реши овој проблем