Македонија
Вечерва снег во нашите краеви! Еве како ќе биде утре и во Сабота

Денес во вечерните часови во западните делови ќе има поинтензивни врнежи од снег, а во втората половина од ноќта ќе се прошират кон северните делови и на некои пониски места ќе поминуваат во дожд. Локално ќе има и појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утре ќе има повремени врнежи претежно од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде до сабота наутро локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Во сабота ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.
Македонија
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол

На 28/29.01.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-01, Кичево-01).
Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Извор: МВР
Македонија
Во акциска вчера, пратени на технички возила кои вршат јавен превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација.
Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, известуваат од МВР.
Македонија
(ФОТО) Хуман гест, млад полицаец од Кичево, вработен во Охрид помага на постаро лице да помине преку улица

Неодамна во Охрид кај местото Поштана (како што охриѓани го викаат тој потег) колегите од електронскиот медиум Публицитет забележале гест на Полицаец кој е за пофалба и поздравување.
Имено додека старица се обидувала да ја помине улицата и бавно чекорела, од полициското возило излегол полицаец ѝ ја фатил под рака и најгрижливо ѝ помогнал да ја премине сообраќајницата.
Иако непознат за јавноста и порталот Полицискиот службеник направил хуман гест кој ни ја враќа надежта во луѓето.
За овој чин, пофалби јавно упати и портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Денес дојдовме до ексклузивни информации дека полицискиот службеник кој покажа хуман гест, чин за сите пофалби е од Кичево, во СВР Охрид е повеќе од 2 години, неговиот идентитет е Мики Милосовски (23).
Се работи за млад перспективен кадар со спортски дух, расположен и сталожен карактер кој секогаш оддавал ведрина и почит према постарите. Ваквите личности секогаш влеваат надеж во иднината на сите вредни професионални полиња од животот.
За неговите амбиции и посебен придонес, признанијата доаѓале и претходно. Тој во ноември изминатата година се здобил и со Благодарница за успешно извршување на Полициските работи во меѓусекторската активност на “Безбедно лето” потпишана од првиот човек на Полицијата.
Во оваа прилика упатуваме честитки и од нас Мики, Кичево се гордее со тебе!
-
Скопје2 дена
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Автомобили20 часа
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Lifestyle4 часа
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Македонија23 часа
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина1 ден
Оваа намирница е една од најздравите во светот, таа го чисти организмот од отрови и масти..