Занимливости
Дневен Хороскоп (5.6) Вторник

Овен (21.03-20.04)
Исполнети сте со оптимизам и елан за работа. Ќе имате нови шанси за некое патување или нови пријателства, а ако сте слободни можеби и некој од нив ќе ве заинтересира , а оние кои се во врска можеби ќе си дозволат флерт. Овој ден ќе биде незаборавен особено за оние Овнови од втората декада. Здравје: одлично сепак не заборавајте да се контролирате во јадењето.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес за работите кои ви се секојдневица ќе имате мали потешкотии. Меѓутоа нема да бидат пречка во реализирањето на проектите. Многу од вас ќе мора да прифатат промени кои можат да бидат напорни. Најважно е да проанализирате ситуацијата бидејќи вистинските прилики често не се она што се замислува. Настојувајте да ги препознаете, не ја губете силата во нешто што е веќе исцрпено.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Се е мирно, но вие не сте задоволни, зошто не е се онака како што би скакле вие. Изненадувањата кои ќе ви ги подготват пријателите или можеби вашиот партнер ќе ви го поправи расположението. Поради емотивната нестабилност ќе бидете нервозни, па би требало да бидете повнимателни за да не му наштетите на љубовната врска. Посветете си време лично за себе, направете нешто ново со својот изглед или обновете ја гаредеробата.
Рак (22.06 – 22.07)
Искористете ја интуицијата и креативноста на вистински начин доколку сакате да бидете задоволни. Во спротивно ќе си мислите дека убави работи му се случуваат само на другите. Уживајте во општествениот живот и не ја отфрлувајте љубовта од себе. Некој колега се обидува да ве заведи. Зошто да не флертувате? Нема што да изгубите. Здрајето одлично ве служи.
Лав (23.07 – 22.08)
Вашите комуникации се одлични, но истовремено ќе се појават некои проблеми кои највероjатно ќе бидат поврзани со некој подолготраен проблем во вашиот живот. Тие проблеми ќе бидат се понагласени, а паралелно со тоа ситуацијата во деловните односи ќе се подобруваат. Над сето тоа ќе бидете немирни , незадоволни и склони кон расправи, но околината ќе биде толерантна спрема вашите провокации.
Девица (23.08 – 22.09)
Пред вас е исклучително креативeн и успешен ден во секој поглед. Особено ќе ве израдува некоја материјална добивка која не сте ја очекувале. Бидејќи претерувате со работата и во неа вложувате многу сила, кон крајот на денот можна е напнатост. Ќе се ослободите од неа доколку се сетите на саканото суштество и пријателите. Здраствената состојба е нестабилна-можни се воспаленија.
Вага (23.09 – 22.10)
Се обидувате да се дистанцирате од се што бара ваше мислење, а што може да ве доведе во судир со околината. Дали вреди поради тоа да се карате со вашите пријатели и да го раскинувате пријателството. Бидејќи ништо не постигнувате туку само се нервирате, одбирајте неутрални теми за разговор. Имате време и за дружење -особено љубовни. Ви одговара оној астролошки знак кој момнетално се врти околу вас.
Скорпија (23.10-21.11)
Стрелците од првата декада ќе имаат неочекуван пресврт на работен план. На почеток на тоа ќе гледате со недоверба и резерва бидејќи не ќе сакате никакви промени. Сепак најбрзо ќе видите дека има поволни услови за тоа. Финансиската ситуација е одлична. Некои од вас ги очекуваат помали здраствени проблеми кои нема да ви дозволат во целост да се посветите на своите обврски. Обратете се кај вашиот лекар.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Многу ви годи тимска работа, но под услов вие да бидете главни. Ве очекува некое патување. Со задоволство ќе прифатите таква понуда, бидејќи патувањата просто ги обожавате. Иако не изгледате како некој кој лесно може да се излаже-можете да станете нечија жртва. Поуспешни сте во филозофија и уметност отколку со занимавање со некаков бизнис. Здравје: многу добро.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе бидете доста јаки и способни да се справите со денешните проблеми кои ве очекуваат на работното место. Ќе се обидувате набрзина и без многу размислување да го остварите тоа што сте го наумиле без многу обзир кон другите. Во контактите со соработниците бидете тактични и трпеливи. Некои од вас ќе се соочат со вложување во домот кое во моментото е неопходно. Не го оставајте тоа за подоцна, трошоците можат да се зголемат.
Водолија (21.01 – 19.02)
Нема да имате причина за незадоволство, недоверба и стравови. Пред вас е бурен ден во кој можете да ги реализирате повеќето желби, како на работа така и на љубовен план. Особено слободните претставници ќе имаат среќа во љубовта, па затоа бидете подготвени за почеток на една љубовна врска. Оние кои имаат партнер ќе бидат опсипени со комплименти и нежност, а тоа ќе знаат да го возвратат на најдобар можен начин.
Риби (20.02 – 20.03)
Со фантазијата воопшто немате проблеми. Таа навистина е бујна, но никако да тргнете во акција и нешто од тоа што постојаноо ви се врти во главата да почнете да реализирате. Многу мал број припадници на знакот ќе реализираат нешто минимално. Останатите ќе мораат уште долго да го преиспитуваат сопственото однесување и да побарааат одговор. Не заборавајте на вашиот партнер. Му треба внимание.
Занимливости
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете „не“ на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.
Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас, пишува WeightWatchers.
Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?
Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.
Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.
Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.
/denar
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза24 часа
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Видео1 ден
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили1 ден
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин1 ден
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Магазин1 ден
Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво