Кичево
Собран доволен број донатори на крв за Андреј од Кичево, да помогнеме со донации преку нашите мобилни. Нашите 100 денари спасуваат живот!

Драги наши хумани луѓе! Денес со нашиот хуман гест покажавме дека како народ сме доста солидарни и сплотени кога се работи за човечки живот, така што за неполни 2 часа се јавија и оставија свои информации доста голем број донатори на крв од крвната група 0+ „нулта позитив“ која му е неопходна на Андреј Трипуноски од Кичево. За сега како што не известија доволен е бројот, но ние секогаш ќе бидеме спремни за се што треба да го спасиме ова детенце кое боледува од малигна болест.
Како што можеме да ве упатиме, малиот Андреј ќе има потреба од посебен хигиено-диететски режим и посебни животни услови заради избегнување на контакти и можност за инфекција, како и посебна засилена исхрана, така да сите хумани а не има многу кои сакаме да помогнеме на секаков начин тоа можеме да го направиме и преку донација од 100 денари од повик со јавување на телефонскиот број 143 481 на мрежата од Оне.ВИП (наскоро и од Т-Mobile) или финансиски средства кој колку може на транскакциска сметка од НЛБ Банка на име Андреј Трипуноски, 210-501718332351 депонент Тутунска Банка
Од срце ви благодариме на сите хумани луѓе кои ислегуваат во пресрет на ова семејство во овие тешки моменти низ кои минува.
Кичево
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар

На 19.05.2022 околу 15:50 часот во ОВР Кичево, пријавено е дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј, кај крстосница од селата Црвевци со Гарани, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.К. (42) од село Туин, кичевско, удрило во пешак В.Ш.(39) од село Стрелци, кичевско.
Во несреќата со повреди се здобил пешакот и бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош.
Увид на местото изврши екипа од ОВР Кичево, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
15 Години Conquering Lion во Република 96250

Со огромна чест ве покануваме на концертен настап 15 години Conquering Lion во Република 96250 во Кичево, на 11-ти Јуни (Сабота) со почеток во 21:30 часот!
Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува на 7-ми Април 2007.
Во октомври 2009. бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како “I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната “Jah Love”.
До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово. Вториот по ред албум насловен како “Know Your Wisdom” излезе на 26ти август 2011 по што следеше 30 дневна балканска турнеја.
Две години подоцна на 22ри Ноември 2013 бендот го издаде третиот студиски албум “Revelation” за издавачката куќа “Password Productions” од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска турнеја. Како едни од побитните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote…Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија, Spirit of Burgas и Hills of Rock во Бугарија,…
Conquering Lion го издаваат својот 4ти по ред студиски албум насловен како “Land Of Confusion” кој беше издаден на 24ти Фебруари 2017 за издавачката куќа Locksmith Records од New Jersey, USA. “Land Of Confusion” беше на листата за преноминации за најдобар реге албум за 2017 на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”. Сите три сингла од новиот албум “Wake Up”, “Go” и “Natty Lion” беа премиерно промовирани на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”.
Првиот сингл од албумот “Shine” беше премиерно промовиран истотака на порталот “Reggaeville” на 23-ти Март 2018. Вториот сингл “Badman World” заедно со италијанскиот реге артист Рафаел беше премиерно промовиран на порталот “Reggaeville” на 27-ми Август 2018. Бендот го издава својот 5-ти под ред студиски албум “Revolution Time” на 30.03.2022 за издавачката куќа “Rehegoo Music” од Лондон, В.Британија.
Во моментов бендот работи на својот 6-ти по ред студиски албум кој сеуште е во подготовки, а првиот сингл “Long Time” во соработка со македонската пејачка Дани Димитровска беше премиерно промовиран на 8-ми Декември 2021.
Кичево
За утре најавен времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево во следните локалитети и живеалишта

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 19 мај 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат локалитетите и живеалиштата во следните места на Општина Кичево:
Од 09:15 до 15:00 часот (Манастир Св.Богородица)
Од 10:00 до 12:30 часот (дел од потрошувачите од с. Србица и Ново Село)
Инфо: Струја
-
Кичево1 ден
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (20 мај)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за сабота (21 мај)
-
Временска прогноза1 ден
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места
-
Спорт12 часа
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија
-
Магазин1 ден
Употребата на мобилни телефони од страна на децата забележа најбрз раст во последните четири години
-
Магазин1 ден
Канада му забрани на Huawei да учествува во 5G мрежите
-
На денешен ден1 ден
20 мај – На денешен ден