Следете не

Здравје и убавина

Зошто е здрава брусницата и кој лековити својства ги поседува

Avatar

Објавено пред

на

Таа е природен антибиотик кој содржи голем број на витамини, неопходни за нормалното функционирање на организмот.

Таа содржи минерали, витамини А, Ц и Б, калиум, растителни влакна и омега 3 масни киселини, а нејзиното редовно конзумирање може да спречи или намали инфекции на уринарниот тракт. Биофлавоноидите кои ги содржи делуваат антибактериски, уништувајќи ги штетните бактерии во телото.

Богата е со влакна, антоцијаним, проантоцијаним, бета-каротен, калциум, магнезиум и други микронутриенти. Концентратот од брусница се вика брусницин и најчесто се користи во лечење на инфекции на мочниот меур предизвикани од ешерихија коли.

Проантоцијанидните соединенија со кои што брусницата е особено богата делуваат со уништување на бактеријата ешерихија коли, со тоа што и оневозможуваат да се закачи на површинскиот слој на матката и бешиката.

На сличен начин, материите од брусницата делуваат во намалувањето на бројот на бактерии во усната празнина, а со тоа се намалуваат и наслагите од плак на забите.

Освен тоа, брусницата дејствува одлично во уништувањето на хеликобактер бактеријата, која е главен причинител на чирот на желудникот, а исто така го намалува и ризикот за појава на болести на забите и непцата, но и ракот на градата и дебелото црево.

Широкиот дијапазон на позитивно делување на брусницата оди и во прилог на обновување на видот, намалување на шеќерот во крвта, а нејзините плодови делуваат одлично и во исхраната на луѓето подложни на стрес и кардиоваскуларни болести. Воедно, го зајакнува имунитетот и отпорноста на организмот.

Брусницата содржи антиоксиданс – фенол, кој спречува срцеви болести, неколку видови карциноми и предвремено стареење. Изобилува со танини кои се важни за здравјето на срцето. Содржи и големи количини флавоноиди и полифеноли кои служат како природна одбрана од атеросклероза, зошто го инхибираат лошиот холестерол и ја подобруваат циркулацијата.

Брусницата можете да ја конзумирате во вид на сок, чај, во џем или едноставно како свеж, замрзнат или сушен плод.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Здравје и убавина

Со секојдневно пиење на овој напиток ќе го намалите холестеролот

Avatar

Објавено пред

на

Во секојдневната подготовка на храната е исклучителен сојузник на здравјето, а на јадењата им се додава како ситно дополнување главно поради вкусот. Меѓутоа, со тоа правиме многу и за нашето здравје.

Се работи за магдоносот кој содржи две групи специјални состојки, многу важни за здравјето. Во првата група се состојките – природни етерични масла, а во другата спаѓаат – флавоноидите. Покрај нив, магдоносот исто така е богат и со витамините Ц, А и К, па се препорачува да се консумира во сезоните на грип и настинки. Направете го овој едноставен напиток со кој брзо ќе го намалите холестеролот.

Состојки: 1,5 литар вода, 3 китки магднос, 1 кг лимон, сода бикарбона

Подготовка:

Лимоновата кора добро измијте ја со сода бикарбона за се отстранат пестицидите и нечистотијата. Водата зовријте ја и оставете ја да се олади. Во поголем сад исецкајте го на кришки лимонот, а магдоносот исецкајте го ситно и прелијте ги со оладената вода. Затворете го садот и ставете го во фрижидер да отстои еден ден. На крај изблендирајте ја смесата со рачен блендер и секојдневно консумирајте по 100 мл од добиениот напиток.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

За спречување на Коронавирусот овие работи не треба веќе да ги правите

Avatar

Објавено пред

на

Од прогласувањето на пандемијата на Корона вирус, експертите споделија разни совети за да се спречи инфекцијата во јавноста. Од март до крајот на октомври, научивме многу нови информации за болеста што го погодува светот, па препораките брзо се променија.

Кога имате целосно нов вирус, започнувате од позиција каде што не знаете ништо. Во најдобар случај, може да имате претпоставка, заснована на она што го знаете за претходните претходните епидемии на други респираторни вируси – рече д-р Карл Бергстром од Универзитетот во Вашингтон.

Сега, кога научниците сè повеќе го проучуваат новиот вирус и откриваат како се однесува ковид-19, здравствените совети се многу појасни.

Еве осум работи што можеби ве советувале експертите во минатото, но не мора да ги правите повеќе


Не мора да ги бришете торбите

Кога започна карантинот, многу здравствени експерти советуваа да ги бришете сите предмети со антибактериски салфетки или средства за чистење пред да ги фрлите. Но, сега кога се знае повеќе за преносот на вируси, едноставно веќе не е потребно да се дезинфицираат.

Д-р Ентони Фаучи, водечки лекар во светот за заразни болести, првично предупреди дека Ковид-19 може да живее на неживи предмети, како што се намирниците. Сепак, тој заклучи дека тоа е „многу веројатно многу мал, секундарен аспект“. Кога станува збор за бришење на предмети, Фаучи вели:

  • Мислам дека треба да поминуваме помалку време грижејќи се за бришење кеси или чанти, многу поважно е често да ги миеме рацете.

Не мора да носите ракавици
Во раните денови на пандемијата, безбедно патување до продавницата значеше целосна заштита, па многу луѓе облекуваа опрема што потсетува на лекар кој се подготвува за операција. Но, сега, експертите веруваат дека не е потребно да се носат заштитни нараквици.

Носењето ракавици звучи како добра идеја да се заштитите од болести како Ковид-19, но всушност ракавиците обезбедуваат лажно чувство на сигурност и всушност можат да го зголемат ширењето на вирусот – вели Ерика Хоит, од колеџот UCF.

Наместо тоа, редовно мијте ги рацете или, доколку ја немате таа опција, користете средство за дезинфекција на рацете.

Не мора да го третирате секој пакет како токсичен отпад
Исто како и за намирниците, на почетокот на пандемијата ни беше кажано да ги дезинфицираме сите видови пратки доставени до нашата домашна адреса.

Поради малата шанса Корона вирусот да преживее на површината, веројатно постои многу мал ризик од ширење на инфекцијата – наведува ЦДЦ. Добра идеја е да ја извадите амбалажата од дома и потоа да ги измиете рацете.

Не треба да се плашите од обувките
Претходно се сметаше дека вирусот може да влезе во домот преку обувките. Сепак, според СЗО, „тешко дека Ковид-19 ќе се прошири на чевли и ќе зарази поединци“. Но, тоа не значи дека другите бактерии не можат да се пренесат преку обувки.

Истражувачите ги следеле новите чевли што 10 учесници ги носеле две недели и откриле дека бактериите како Ешерихија коли често се наоѓаат на надворешноста на чевлите. Познато е дека E. coli предизвикува инфекции на цревата и уринарниот тракт, како и менингитис, меѓу другите болести “.

Не мора да земате еден куп суплементи
Земањето на сите потребни витамини и хранливи материи е од суштинско значење за вашето здравје. И витамин Ц, цинк и витамин Д се познати дека помагаат во зајакнување на имунитетот. Сепак, дополнителни дози на овие витамини за зајакнување на имунитетот нема да ви донесат ништо добро и нема да ве заштитат од болест Ковид-19.

„Во моментов, нема упатства за употреба на додатоци на микроелементи за третман на болести како Ковид-19“, соопшти СЗО. Сепак, може да има суплемент во иднина што може да ги намали шансите за заразување со вирусот.

Според д-р Фаучи, повеќето „таканаречени додатоци за зајакнување на имунитетот“ всушност не прават „ништо“. Сепак, тој вели: „Ако ви недостасува витамин Д, тоа влијае на вашата подложност на инфекција“. Фаучи исто така го нарече витамин Ц „добар антиоксиданс“.

Значи, ако луѓето сакаат да пијат најмногу грам, два витамини Ц, тоа би било добро – рече д-р Ентони.

Вие не мора да земате хидроксихлорокин превентивно
Хидроксихлорокинот отсекогаш бил контроверзен потенцијален лек за Ковид-19, но гласините започнале да се шират за оваа дрога веднаш штом започнал огромниот пренос во заедниците. Овој лек обично се користи за лекување на маларија, ревматоиден артритис или лупус, а експертите се сомневаат дали може да се користи хидроксихлорокин за да се намалат проблемите предизвикани од инфекција со Ковид-19.

/popara

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој симптом укажува за можен срцев удар

Avatar

Објавено пред

на

Симптоми кои укажуваат на инфаркт во главно се болка во градите, слабост, умор, отежнато вршење на физички активности, мачнина и висок притисок. Меѓутоа, малку знаат дека и замаглениот вид може да укажe на можен срцев удар.

Доколку овој симптом се јави напоредно со парализирање на едниот дел од телото, отежнато разбирање на она што ви го зборуваат, збунетост и губење рамнотежа, веднаш повикајте брза помош.

Стручните лица истакнуваат дека инфарктот може да се јави во било која животна доба, но додаваат дека најзагрозени се оние кои имаат повисок холестерол во крвта и висок крвен притисок.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 10 часа

Намалена видливост поради густа магла на превој Стража

Од извори кои патуваат преку планинскиот превој Стража не известија дека сообраќајот е отежнат поради густа магла, така што апелираме...

ХороскопПред 11 час

Денешен Хороскоп (30.11) понеделник

ОВЕН Размислувате за вашите принципи и сфаќате дека правите некои грешки. Сметате дека ги спуштате вашите стандарди и тоа не...

МакедонијаПред 13 часа

Епидемиологот за нашиот регион Д-р Тони Коњановски е позитивен на Ковид-19

Д-р Тони Коњановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Битола, вечерва на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен...

МакедонијаПред 13 часа

Денеска од 2019 тестирања, нови 820 случаи, починале 32 лица

Во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 279 -Куманово...

МакедонијаПред 15 часа

(ФОТО) Моментално интензивни врнежи од снег се бележат на Попова Шапка

Како што може да забележиме од поставените онлајн камери на Попова Шапка, моментално врне интензивно снег, нешто со мал интензитет...

Временска прогнозаПред 18 часа

Од ноќеска локален дожд и снег, утре услови за снег и на пониските места

Во текот на претстојната ноќ ќе има повремен локален дожд и снег на планините. Поради спуштање на значително постудена воздушна...

МакедонијаПред 20 часа

Пронајден и приведен крадецот кој ја направи кражба во црквата „Св.Илија“ во с.Велгошти – охридско

Поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кражби и тешки кражби во цркви на подрачјето на Охрид и Дебарца,...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп [29.11] недела

ОВЕН Ве очекува солидна ситуација. Работата ви оди во стабилен правец и сѐ е во најдобар ред. Иако партнерот го...

Живот и стилПред 2 дена

Како годините влијаат врз плодноста на жените

Женската плодност значајно се намалува по 32-та година од животот, а уште повеќе по 37-та година, порачуваат експертите. – Оваа изјава...

МакедонијаПред 2 дена

Нови 1022 ковид-19 случаи, починати 41 лице, во Кичево регистрирани 36, апел за почитување на мерките за носење лична заштита

Во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 463 -Куманово...

НАЈЧИТАНИ