Македонија
Целосен извештај од патната состојба во Македонија по реони
Состојба со врнежите од снег во Република Македонија до 22:00 часот
Oд Македонија пат и АМСМ известуваат:
Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци Тетово – П.Шапка каде има забрана и за автобуси, крак – Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево каде поради обилни врнежи и силен ветер е дојдено до стеснување на коловозот поради тоа за останатите возила е задолжителна употреба на зимска опрема, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека. Ресен – Битола преку планинскиот премин Ѓавато, Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар, Велес – Катланово и К.Паланка – граничен премин Д.Баир.
Скопски регион
Во општина Чучер Сандево, патните правци што водат кон селата Танушевци, Брест и Малино не се проодни.
Во општина Зелениково непроодни се патните правци кон селата Дејковец и Добрино.
Битолски регион
Во општина Демир Хисар регионалниот патен правец Вирово – Боиште не е исчистен и е непрооден.
Во општина Крушево, патниот правец Крушево – Пуста Река е прооден за теренски возила во зимски услови.
Кумановски регион
Во општина Старо Нагоричане, патните правци кон селата во Козјачијата – Малотино, Мгленце, Буковљане, Дренак, Глабочица, Жељувино, Цветишница кон Бајловце се неичистени и многу тешко проодни.
Во општина Крива Паланка, магистрален пат Ранковце – Крива Паланка -Граничен премин Деве Баир е прооден во зимски услови.
Регионалниот пат Крива Паланка – с.Огут и Крива Паланка – с.Луке се проодни во зимски услови .
Регионалниот пат Ранковце – с.Герман е прооден во зимски услови.
Локалните патишта во опш.Ранковце се проодни, освен локалниот пат с.Петралица кон с.Баратлија кој е непрооден (патот е земјен).
Отсечено е с.Баратлија, а непрооден е и локалниот пат од с.Радибуш кон с.Криви Камен, отсечено е с.Криви Камен.
Локалниот пат од с.Дурачка Река, м/в Метоф кон с.Дренак е непрооден поради висина на снег на локален земјен пат. Отсечено е с.Дренак.
Електроснабдување
Скопски регион
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради поради дефект во далновод, без напојување со електрична енергија биле корисниците од селата Пакошево, Зелениково, Ново Село, Тисовица, Дејковец и Гумалево (опш.Зелениково).
Битолски регион
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради дефект на мрежата од 12:30 часот, без напојување со електрична енергија се корисниците од селата Драгожани, Драгарино, Секирани, Габалавци и Лопатица.
Охридски регион
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради дефект на мрежата без напојување со електрична енергија се корисниците од селата Долно Зркле, Ковче, Инче, Калуѓерец, Могилец, Белица, Брезница и Брезничка река (опш.Македонски Брод).
Велешки регион
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради дефект на мрежата од 17:55 часот без напојување со електрична енергија се корисниците од селата Отовица, Мамутчево и Дурутовец (опш.Велес).
Од 13:40 часот без напојување со електрична енергија се корисниците од селата Конопиште, Горна Бошава, Чемерско, Бохола, Радња, Ваташа, Моклиште, Бојанчиште, Падарница, Куманишево, Михајлово, Кожувчанка и Рожден како и нас.12 те другари (опш.Кавадарци и Росоман).
Тетовски регион
Во ЕЛС Тетово без напојување со електрична енергија се корисниците од селата Прељубиште, Туденце, Јанчиште, Копанце и Раотинце.
АМСМ /ЦУК
Македонија
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол

На 28/29.01.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-01, Кичево-01).
Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Извор: МВР
Македонија
Во акциска вчера, пратени на технички возила кои вршат јавен превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација.
Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, известуваат од МВР.
Македонија
(ФОТО) Хуман гест, млад полицаец од Кичево, вработен во Охрид помага на постаро лице да помине преку улица

Неодамна во Охрид кај местото Поштана (како што охриѓани го викаат тој потег) колегите од електронскиот медиум Публицитет забележале гест на Полицаец кој е за пофалба и поздравување.
Имено додека старица се обидувала да ја помине улицата и бавно чекорела, од полициското возило излегол полицаец ѝ ја фатил под рака и најгрижливо ѝ помогнал да ја премине сообраќајницата.
Иако непознат за јавноста и порталот Полицискиот службеник направил хуман гест кој ни ја враќа надежта во луѓето.
За овој чин, пофалби јавно упати и портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Денес дојдовме до ексклузивни информации дека полицискиот службеник кој покажа хуман гест, чин за сите пофалби е од Кичево, во СВР Охрид е повеќе од 2 години, неговиот идентитет е Мики Милосовски (23).
Се работи за млад перспективен кадар со спортски дух, расположен и сталожен карактер кој секогаш оддавал ведрина и почит према постарите. Ваквите личности секогаш влеваат надеж во иднината на сите вредни професионални полиња од животот.
За неговите амбиции и посебен придонес, признанијата доаѓале и претходно. Тој во ноември изминатата година се здобил и со Благодарница за успешно извршување на Полициските работи во меѓусекторската активност на “Безбедно лето” потпишана од првиот човек на Полицијата.
Во оваа прилика упатуваме честитки и од нас Мики, Кичево се гордее со тебе!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle17 часа
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Автомобили1 ден
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Македонија1 ден
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина2 дена
Оваа намирница е една од најздравите во светот, таа го чисти организмот од отрови и масти..
-
Мобилни уреди2 дена
Новото чудовиште од Samsung, серијата Galaxy S23 ќе го добие првиот модел на издржливо стакло „Gorilla Glass Victus“
-
Занимливости2 дена
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб