Занимливости
Колку се остава бакшиш во земјите ширум светот?

Во македонските кафулиња, ресторани и дискотеки, бакшишот не е вклучен во фискалната сметка. На таксист или на собар во хотел пак, некој да му остави бакшиш, е стварно ретка појава. Вработените во услужните дејности се оставени на милост или немилост од страна на муштериите, молејќи се во себе „дај Боже денес да добијам поголем бакшиш, за да ми падне в џеб некој денар плус“. Ова е жалосен податок со оглед на тоа што кај нас оваа работа ја работат навистина огромен број млади, а и повозрасни луѓе.
Во многу земји ширум светот (освен некои од азиските), бакшишот морате да го дадете бидејќи е вкалкулиран во самата сметка, а некаде се остава и додатно доколку сте многу задоволни од услугата. Да се надеваме дека навиките во културата еден ден ќе се променат и кај нас.
Во меѓувреме келнери: ставете широка насмевка на вашите лица додека послужувате, а вие муштериите, не бидете толку скржави, 20-30 денари нема да ве осиромашат, а на вработениот ќе му го направите работниот ден прекрасен! Погледнете каква култура постои во земјите ширум светот, во врска со оваа работа.
Велика Британија
Во повеќето делови од земјата услугата е вклучена во сметката, а доколку не е, тогаш се очекува дека гостите сами ќе се сетат дека е културно да остават. Доколку на сметката пишува дека бакшишот е опционален, тогаш од вас ќе зависи дали сакате да оставите бакшиш или не. Давањето бакшиш во пабовите, не е вообичаена пракса. Бакшишот изнесува 10-15% од вкупната цена.
Швајцарија
Иако на повеќето услужни места во цената е вклучен 15% бакшиш, оставањето додатен помал бакшиш, е исто така пракса во помодерните ресторани. Сè зависи од тоа колку сте задоволни од услугата на келнерот. Доколку се прашувате како треба да постапите, подобро оставете плус пари или прашајте некој мештанин за совет.
САД
Во Соединетите Американски Држави давањето бакшиш на луѓето кои работат во услужните дејности, е најнормална појава. Сите угостители, такси возачи, фризери и хотелиери, очекуваат да им оставите бакшиш за добро завршената работа. Тој се движи 15-20% од вкупната сума на сметката.
Канада
Исто како што е во САД, така и во Канада, бакшишот не е вклучен, но се подразбира освен доколку не си задоволен од услугата. Според тоа, бакшиш се очекува да оставите кога ќе излезете да јадете надвор или кога некој вработен во услужна дејност ќе ви заврши некаква работа. Тој изнесува 15-20%.
Франција
Французите кога јадат оброк во некој локал, најчесто оставаат 10% бакшиш од вкупниот износ на сметката. Ова е додатен бакшиш од оној стандардниот, кој го добивате вкалкулиран во самата сметка. Од друга страна, угостителите не го очекуваат тој додатен бакшиш, освен доколку муштеријата не реши сам да остави, бидејќи бил презадоволен од услугата која ја добил.
Мексико
Во оваа земја, вработените во услужните дејности преферираат да им оставите бакшиш во кеш (а не со кредитна картичка), а не им е проблем и доколку ги почестите со долари. Бакшишот се движи 10-15%.
Бразил
Во рестораните, бакшиш од 10% е најчесто вкалкулиран во самата сметка. Исто така, најчесто не очекуваат од вас да оставите додатно бакшиш по ваша желба.
Аргентина
Во рестораните каде што бакшишот не е вклучен во сметката, ако оставите околу 10% од вкупната сума, вработениот навистина ќе го цени тоа. Не се препорачува да оставате бакшиш во долари. За хотелски портир, „ќе поминете“ и со само 10 песоси.
Турција
Во рестораните се цени доколку оставите бакшиш барем 10% од износот на сметката. Кај нив се прифаќа бакшишот само во кеш, а можете да оставите лири, долари или евра.
Италија
Оставањето бакшиш околу 10% од сумата која ја плаќате е вообичаена работа, но не повеќе. Интересно, но доколку се возите на гондола, не постои точно определено колку бакшиш да оставите. Најмногу се цени доколку оставите евра.
Кина
Правилото во Кина е дека не постојат бакшиши. Доколку сакате некому да оставите бакшиш, тогаш тоа направете го за некој кој ќе ви направи некоја ретка или луксузна услуга.
Јапонија
Во Јапонија, во принцип не се остава бакшиш, освен за некои специјални услуги. Најдобро е бакшишот да го оставите во јени.
Занимливости
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете „не“ на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.
Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас, пишува WeightWatchers.
Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?
Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.
Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.
Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.
/denar
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза24 часа
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Видео1 ден
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили1 ден
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин1 ден
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Магазин1 ден
Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво