Lifestyle
Ова се трите фази на заљубувањето, дознајте повеќе..

Заруменети обравчиња, забрзано чукање на срцето и потење на дланките се само неколку симптоми кои ве издаваат дека почнувате да се заљубувате. Сепак, во внатрешноста на телото има јасни хемиски знаци, кои со сигурност кажуваат дека ве погодила една од стрелите на Купидон. Кога станува збор за љубовта, се чини дека сме оставени на милост и немилост на биохемијата. Еден од најдобрите истражувачи во оваа област е Хелен Фишер од универзитетот во Њу Џерси. Според нејзините зборови, секој човек се заљубува во три фази и секоја од нив вклучува различен сет од хемикалии.
Прва фаза: страст
Страста е придвижувана од сексуалните хормони, тестостерон и естроген. Тестостеронот не е важен само кај мажите. Докажано е дека тој игра главна улога и во сексуалниот нагон кај жените.
Втора фаза: привлечност
Во оваа фаза љубовта вистински напаѓа. Кога луѓето се заљубуваат, не можат да мислат на ништо друго, освен на партнерот. Исто така, тие можат да го изгубат апетитот, да им е доволно помалку сон, а денот да го поминуваат мислејќи на саканата личност. Во оваа фаза, главната улога ја играат група од невро-предаватели, а тоа се:
- Допамин – се активира и со кокаин и никотин
- Норепинефрин – познат и под називот адреналин. Телото почнува да се поти, а срцето забрзано да чука.
- Серотин – една од најважните хемикалии за љубовта, бидејќи може за момент да нè направи луди.
Трета фаза: приврзаност
Оваа фаза постепено ја преклопува втората, доколку врската потрае. Луѓето не можат вечно да останат во фазата на привлечност, бидејќи така никогаш нема ништо да направат во животот. Приврзаноста е состојба на подолготрајна посветеност и клучна алка која го држи парот заедно, особено кога ќе основаат семејство. Во оваа фаза важни се два хормони кои ги ослободува нервниот систем, за кои се смета дека се важни во социјалната приврзаност.
- Окситоцинот – кај жените се ослободува од страна на хипоталамусот за време на раѓањето деца и им помага на дојките да носат млеко. Тоа им помага на мајките да изградат цврста врска со децата. Овој хормон исто така се ослободува кај двата пола за време на оргазам, поврзувајќи ги возрасните кога се интимни. Истражувањата одат дотаму што велат дека, колку повеќе секс имате, толку поцврста ќе биде вашата врска.
- Вазопресин – Ова е другата важна хемикалија за фазата на подолготрајна посветеност. Исто така таа е важен контролор на бубрезите.
Lifestyle
За полесно да помине времето: Ако ви претстои првиот авионски лет, еве што треба да знаете

Без оглед на ситуацијата, веруваме дека ќе ги најдете советите кои можат да ви го направат поудобно времето на аеродромот. Ви ги пренесуваме во следните редови.
Цените на аеродромот не се наивни. За да избегнете да плаќате три пати повеќе за обична кеса со чипс или бисквити, најдоброто нешто што можете да направите е да го носите она што сакате да го јадете од дома.
Спакувајте празно шише со вода
Секогаш е препорачливо со себе да носите празно шише со вода, кое обезбедувањето нема да ви го земе и кое можете да го наполните со вода во бањата на аеродромот кога ќе почувствувате жед.
Пријавете се за вашиот лет однапред
За да не чекате предолга редица на аеродромот, погрижете се да се пријавите за вашиот лет онлајн 24 часа однапред. Згора на тоа, некои авиокомпании наплаќаат дополнително за пријавување во живо, што е дополнителна мотивација за да го направите тоа од дома.
Облечете се во слоеви
Целосно неповрзано со временските услови, треба да се облекувате слоевито кога планирате лет. Аеродромот може да биде толку ладен среде лето што ќе зажалите што ќе облечете само тенок фустан. Истото важи и за зимските услови. Облекувањето во слоеви ќе ве спаси од несакани настинки.
Носете пренослив полнач со вас
Понекогаш навистина може да се случи да чекате со часови на аеродром. Во тој случај, телефонот ќе ви биде начин да го пополните тоа време. Но, многу лесно може да се случи батеријата да ви откаже во најлош можен момент. Во овој поглед, мудро е да носите пренослив полнач со себе ако се покаже дека сите приклучоци на аеродромот се зафатени.
Спакувајте го вашиот лаптоп на лесно достапно место
Кога летате, ќе треба да ја отстраните целата електроника за проверка од обезбедувањето, поради што е важно да ги имате на дофат. Навистина лоша идеја е да го ставите вашиот лаптоп на дното на рачната торба бидејќи ќе мора да ги извадите сите работи од него додека другите патници гледаат.
Фотографирајте го вашето паркинг место на аеродромот
Изгледа прилично смешно, но дали сакате да талкате низ паркингот барајќи го вашиот автомобил кога ќе се вратите од патот, бидејќи сте заборавиле каде сте паркирале. Фотографија од паркинг место во телефонот е вашиот најдобар пријател.
Lifestyle
Кои намирници се препорачливи за жените доилки

Една од важните работи за доилките е да пијат доволнa количинa на течности како што се: Вода, јогурт и млеко, лесни билни чаеви, супи, свежо цедени сокови.
Алкохолните напитоци треба да се изостават, а кафето и чаевите од видот на црн и зелен чај, да се сведат на минимум. Се препорачува внес на 3 порции млечни производи во текот на денот и тоа посебно збогатени со витаминот Д (1 порација = 250 мл млеко или јогурт = 80 грама немасно сирење = 50 гр кашкавал)
Треба да консумираат разновидно овошје и зеленчук во најразлични бои, а да ги избегнуваат намирниците кои предизвикуваат надуеност: грав, леќа, соја, кикирики.
Јаткастите плодови (ореви, лешници, бадеми) и семките (ленено, сончоглед, семки од тиква) да се консумираат секојдневно.
Треба да се внесуваат доволни количини на месо и риба, особено сардина.
Секојдневно треба да се користат намирниците кои се извор на јаглени хидрати: леб, тестенини, ориз, компир. Но, потребно е да се избегнува храна која содржи транс масти како масни пецива, кекси, грицки, соленки.
Повеќето лекови преминуваат во млекото, па задолжително пред пиењето на било каков лек консултирајте се со лекар.
/денар
Lifestyle
Домашните миленици ја подобруваат меморијата, особено кај постарите луѓе

Она што е добро за срцето понекогаш е добро и за мозокот. Една неодамнешна студија над 50-тите покажа дека сопствениците на домашни миленици имаат подобри резултати на тестовите за меморија.
Истражувањето на научниците од Универзитетот во Мичиген покажува дека ефектот на домашните миленици (‘pet effect’) не само што ги штити срцето и цревата, што е веќе добро позната теорија, туку може да игра важна улога и во зачувувањето на мозочните функции во старост, пишува Science Alert.
Резултатите се засноваат на национално репрезентативно истражување на повеќе од 20.000 возрасни лица кои биле прашани дали имаат домашно милениче и колку долго. Здравствената состојба на испитаниците потоа беше следена во период од шест години.
Се испостави дека сопствениците на домашни миленици имале подобри когнитивни резултати од оние кои немаат. Овој ефект е забележан само кај луѓе над 65 години, кога симптомите на деменција обично почнуваат да се појавуваат.
Ако некое лице од таа возрасна група имало домашно милениче пет години, тој постигнувал подобри резултати во среднорочно и долгорочно помнење на зборови од врсниците кои немале миленичиња.
Ова откритие е само врска, а не јасен доказ дека „ефектот на домашно милениче“ навистина постои, забележуваат научниците.
Бројни истражувања покажаа дека домашните миленици се добри за здравјето, а постојат и многу теории зошто е тоа така.
Сопствениците на кучиња, на пример, се принудени да шетаат за своите миленици, а секојдневното вежбање е поврзано со здравјето на мозокот и функционално подолг живот.
Познато е и дека животните внесуваат нови бактерии во домаќинството, кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем, особено цревата. Или миленичињата едноставно нè прават среќни бидејќи студиите сугерираат дека нивното присуство ја намалува осаменоста и стресот.
Во староста може да биде поважно отколку во помлада возраст. Докажано е дека изолацијата може да ја промени структурата и функцијата на мозокот.
И додека многу студии досега се фокусираа на тоа како сопственоста на кучиња и мачки влијае на емоциите и физичкото здравје, малкумина истражуваа како тие влијаат на мозочните способности.
Научниците од Мичиген веруваат дека тоа е така затоа што е потребно подолго време за да се покажат позитивните ефекти на домашните миленици врз нивните когнитивни способности.
Нивното истражување беше објавено во списанието Journal of Aging and Health.
-
Скопје2 дена
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Автомобили11 часа
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Македонија14 часа
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина2 дена
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот
-
Занимливости1 ден
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година