Спорт
Буфон објави дека го напушта Јувентус

Џанлуиџи Буфон, легендата на светскиот фудбал, објави дека по 17 години ќе го напушти Јувентус. Својата одлука, Буфон, ја соопшти на прес конференција во друштво на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Буфон рекол дека саботниот натпревар против Верона ќе му биде последен во дресот на Јувентус, но не и во неговата кариера.
„В сабота ќе го одиграм последниот натпревар за Јувентус и на тој начин ќе ја завршам оваа сјајна авантура, со две титули и со целосна поддршка од раководството“, рекол легендарниот голман.
Буфон, 17 години го носи дресот на Јувентус, тој во Торино пристигна од Парма. Со „старата дама“, освоил девет шампионски титули во Серија А, една во Серија Б, четири во Купот на Италија и пет во Суперкупот. Бил светски шампион со италијанската репрезентација, но никогаш не успеал да ја освои Лигата на шампионите.
Џиџи го бранел голот на Јувентус на 655 натпревари, а исто така е клупски рекордер според бројот на минутите минати на теренот. Буфон го бранел голот на „старата дама“ 41.956 минути.
„Многу ми е драго што дојдоа толку луѓе да ме видат. Секогаш сум се обидувал да бидам чесен и искрен, секогаш сум се борел против дволичноста. Многу сум емотивен, но денес тука дојдов среќен и целосно исполнет. Секогаш сум се обидувал да го давам најдоброто од себе“, рекол 40-годишниот голман.
Тој потврдил дека заминувањето од Јувентус нема да значи и крај на неговата кариера, што ги поттикна шпекулациите дека Буфон би можел да се пресели во Англија.
„Пред две недели моето пензионирање беше очигледно се додека пред неколку дена не добив интересни понуди, на теренот и надвор од него. Најважно е дека тие што беа надвор од теренот беа од страна на претседателот Ањели. Откако ќе го одиграм последниот меч в сабота ќе ми бидат потребни два-три дена добро да размислам, но сигурен сум дека моето срце ќе ја донесе конечната одлука“, изјавил Буфон.
Спорт
Ѓоковиќ незапирлив! Гркот ќе мора подобро да се спреми и да почека за триумф!

Новак Ѓоковиќ е неприкосновен крал на Мелбурн! Кога и да оди во „Род Лејвер“ Арената да се бори за трофејот, српскиот тенисер едноставно не може да загуби, па продолжи да владее на Австралија опен – 10 трофеи во 10 финалиња.
Во моментов Стефанос Циципас беше единствениот способен да му се спротивстави бидејќи го игра својот најдобар тенис, сепак Гркот ќе мора да почека уште малку на својот прв Грен слем. Новак играше како да немал повреда на грбот цело време, со својата ментална сила ја совлада целата голгота што лани му ја подготвија Австралијците со депортација и во спектакуларното финале убедливо го совлада Циципас – 3:0 (6 :3, 7:6, 7:6).
KING OF MELBOURNE 👑 @DjokerNole pic.twitter.com/myM619PTVN
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2023
Во мечот каде што победникот зема се, Ѓоковиќ стигна до својот 10-ти триумф на Австралија опен, негова 22-та Грен слем титула во 33-то финале, израмнувајќи го со Рафаел Надал, неговата 93-та титула во кариерата (четврта зад Лендл, Федерер и Конорс). нова заработка од 2.975.000 долари (вкупно 167,5 милиони долари во кариерата) и конечно да се врати на првото место на АТП листата бидејќи од денес (има 6.970 поени. Новак е неуништлив.
Новак го отвори 13-от меѓусебен дуел, втор во финалето на Грен слем, против Циципас. Одлично сервираше, го изнуди послабиот бекхенд на ривалот и поведе со 4:1 со брејк во четвртиот гем. Потоа лесно го доби првиот сет со 6:3 во 36 минута.
Спорт
Денвер поразен од Филаделфија, во спектакуларен меч на МВП центрите Ембид и Јокиќ

Кошаркарите на Денвер се поразени на гостувањето кај Филаделфија со 126:119 во спектакуларен меч кој го одбележа МВП дуелот меѓу најдобрите НБА центри Џоел Ембид и Никола Јокиќ.
Блескаше Ембиид и мечот го заврши со 47 поени, 18 скока и пет асистенции, за 38 минути, додека Јокиќ имаше учинок од „само“ 24 поени, седум скока и девет асистенции, исто така за 38 минути.
Денвер на полувремето имаше „плус 15“ (73:58), но во останатото Ембид беше незапирлив и му донесе победа на домашните.
Спорт
Девет македонски фудбалски клубови се влезени во процесот на лиценцирање, додека во женска конкуренција вкупно четири клубови учестуваат во процесот за клупско лиценцирање.

Фудбалската федерација на Македонија го започна процесот и постапката за лиценцирање на клубовите во машка и женска конкуренција за добивање право на настап во рамки на европските натпреварувања во организација на УЕФА.
Одделот за лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија веќе одржува работни состаноци со клубовите со цел детално претставуваење на новите правилници за клупско лиценцирање и условите кои клубовите треба да ги исполнат за да добијат можност да учествуваат во европските клупски натпреварувања.
Девет фудбалски тимови од Прва МФЛ (Струга Трим Љум, Работнички, Силекс, Скопје, Брегалница, Шкендија, Шкупи, Тиквеш и Македонија Ѓ.П.) се влезени во процесот на лиценцирање, додека во женска конкуренција вкупно четири клубови (Тиверија, Саса, Љуботен и Скопје) учестуваат во процесот за клупско лиценцирање.
– Генерално, клубовите кои се пријавени за клупско лиценцирање се запознаени со целокупната постапка, односно исполнувањето на критериумите предвидени во правилниците на УЕФА. Условите кои се пропишани, сметаме дека релативно лесно можат да се исполнат од страна на клубовите. Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на сите пријавени клубови им стои на располагање во однос на консултативни и стручни прашања, но многу поважно и поддршка во исполнувањето на критериумите за условите на стадионите, еден од најважните критериуми за лиценцирање, вели Горанчо Костовски, лиценцен менаџер во ФФМ.
Во продолжение, може да се преземе целокупната потребна документација за постапката за лиценцирање, преку линкот ТУКА, и вториот ТУКА.
Сите потребни документи согласно правилниците на УЕФА, одделот за лиценцирање веќе ги има доставено до пријавените клубови, велат од Федерацијата во јавното соопштение истакнато на нивниот веб простор.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Хороскоп47 минути
Хороскоп за четврток (2 февруари)
-
Видео1 ден
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето
-
Македонија9 часа
Цената на дизелот од ноќеска се намалува, додека бензините остануваат со иста цена за литар
-
Автомобили2 дена
Електричниот Audi RS6 ќе пристигне следната година
-
Култура1 ден
Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие
-
Занимливости9 часа
„Зелена комета“ најблиску до Земјата за прв пат по 50,000 години, последен пат била видлива во камена доба
-
Магазин1 ден
Последната испорака на Boeing 747, првиот џамбо џет, заминува во историјата