(ФОТО) Циркус на аеродром: Сакала во авионот да го внесе нејзиниот паун!

13 прегледи

На една патничка неодамна и беше забрането во авион од Јунајтед Ерлајнс да го внесе својот голем паун, птицата за која вели дека и е емоционална поддршка.

Се понудила да купи и посебна авионска карта за паунот, но авионската компанија сепак одби да издаде билет за авионот во Њу Џерси.

Фотографии од птицата и сопственичката се појавија на едно шоу за патување. На фотографиите се гледа како паунот стои на куферот, а останатите патници шокирани го гледаат. Паунот наводно се вика Декстер.

Некои авионски компании им допуштаат на патниците со емоционални или психички проблеми со себе да ги носат животните кои им служат како терапија. Но бројот на такви животни во последно време значително се зголеми.